Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 209 Со песни, игри, прекрасна ликовна изложба, литературни творби и драмски изведби, учениците на ОУ „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон, најголемиот охридски поет, Григор Прличев. Полната сала во Центарот за култура беше претесна за да ги собере родителите и роднините на младите ученици кои со своето залагање достојно го износија името на својот патрон. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека иако е товар да се носи името на најголемиот охридски поет, залагањето на учениците, професорите заедно со родителите, прават тој товар да...
Постојана комуникација помеѓу бизнис заедницата за унапредување на бизнис климата во градов
Post Views: 188 Претставници од банкарскиот сектор, градежништвото, индустријата за преработка на храна, туризмот, како и локалната самоуправа, на денешниот седми по ред состанок на градските татковци дискутираа за подобрување на соработката и комуникацијата помеѓу бизнис субјектите од градов. Целта според градоналникот, Никола Бакрачески е креирање на адекватни решенија за унапредување на бизнис климата во Охрид. На изминатите седум состаноци, според градоначалникот Бакрачески се креирале предлози од кои локалната црпела идеи за развој на охридската економија.„Претставува една структура...
Славе Банар-прв охриѓанец добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“
Post Views: 241 Охриѓанецот Славе Банар годинашен лауреат, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Поемата „Амбар“ едногласно избрана за најдобра поема за 2014та година помеѓу петнаесет други пристигнати поеми. Лауреатот, Славе Банар вели дели дека тој само чекорел по стапките на Прличев кои ги следел целиот свој живот. „Се чувствувам малку повластено, се чувствувам по малку на некој начин благословено што успеав да продолжам во еден од најтешките жанрови, поемата која досега е ненадмината после Прличев и навистина не само што ми беше среќен моментот на добивањето...
Студенчишкото Блато како природна заштита од поплави и други природни непогоди
Post Views: 183 Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни. Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем.„Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски...
Полека се нормализира состојбата во домовите на граѓаните кои беа поплавени во текот на вчерашниот ден
Post Views: 175 Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“.„Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на...
Новиот директор на гимназијата денес со известување до учениците дека во понеделник ќе има редовна настава
Post Views: 409 Новиот директор на охридската гимназија, Звонко Трпески, со известување до учениците дека во понеделник треба да дојдат на редовна настава. Директорот Трпески, кој на функцијата беше назначен вчера попладне, за најавите за штрајк во гимназијата вели дека сеуште не добил никаква потврда од професорите кои велат дека ќе штрајкуваат во понеделник.„До мене како директор на охридската гимназија, не е пристигната никаква лична изјава од никој колега или професор што е законска обврска во врска со најавениот штрајк, односно прекин на наставниот процес. Од тие причини ги известувам...
Штрајкувачки одбор гимназија: „Во понеделник ќе има штрајк“
Post Views: 170 Од понеделник во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од досегашниот...
Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка
Post Views: 174 Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен. Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да...
Пет лица загинаа во напад во Саудиска Арабија
Post Views: 167 Кусо пред полноќ шиитите од селото Ал Далуа го празнувале празникот Ашура, во спомен на маченикот Хусеин, внук на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век во Кербала.Од Саудиската полиција изјавиле дека за време на церемонијата три засега непознати лица отвориле оган со митрoлез и пиштоли, при што убиле пет лица и раниле деветмина.Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот ислам.{loadposition content9}
33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава
Post Views: 214 33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош. Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила.„Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е...
Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го примија кумството за Водици 2015та
Post Views: 202 Во духот на православието, со пладневна света литургија и предавање на светиот крст, денес, новите кумови на Водици 2015та, големата балканска ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го примија кумството за оваа година. Јоксимовиќ вели дека понесен од импресиите од минатата година кога на овој празник одржа концерт во Охрид, се родила желбата и самиот да биде дел од целото празнување. Според него, охриѓани со начинот на кој го одбележуваат овој голем христијански празник, ги вреднуваат вистинските вредности и христовото име. Вели дека во Охрид се чувствува навистина...
Училишните одбори од гимназија и економски наредната недела со предлог за директор на двете институции
Post Views: 250 „Се работи за строго утврдена законска постапка во која што ние како чинители во тој процес едноставно немаме право на мешање во автономијата на училиштата во тој дел. Тоа е исклучиво надлежност на училишниот одбор кој што треба да ја донесе одлуката. Мислам дека заврши огласот согласно динамиката предвидена со закон, во текот на наредната недела, мислам дека треба да излезат со конкретен предлог.“-вели секретарот на општината, Димитар Спасески. {loadposition content9}