Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

„Охридско лето“ трета година со ред најуспешна манифестација според Министерство за економија

Post Views: 4 Трета година со ред нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот „Охридско лето“ ја добива наградата „најуспешна манифестација“ од страна на Министерството за економија за нивниот придонес во развојот на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска вели дека фактот дека некој ја следи работата на фестивалот и за тоа ги наградува навистина го ценат. „Претставува за нас огромна чест и задоволство, претставува голем поттик и признание за тоа што го правиме и градиме . Ја започнавме приказната со „Охридско лето ви препорачува“, сакавме...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ: Мешањето на приватните бизнис интереси и интересот за развој на градот беше својствено за времето на СДСМ

Post Views: 4 Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до советниците од СДСМ Охрид дека проектот за малото пристаниште го користат за политички маркетинг. Координаторот на владеачката партија, Илија Арнаудоски вели дека СДСМ прави обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализацијата на проектот за изградба на малото пристаниште. „Веројатно од СДСМ- Охрид и од советничката група се збунети од големиот број на проекти кои истовремено се одвиваат во Охрид и притоа измешале дека реализацијата на овој проект ќе биде финализирање на...

Продолжи со читање

СДСМ: Малото пристаниште ќе биде приватен ресторан на лица блиски до власта

Post Views: 7 Малото пристаниште ќе биде приватен ресторан на лица блиски до власта-обвинија денес советниците од Сдсм од Охрид. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ државниот имот го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа, според СДСМ, стануваат финансиери на партијата. Додаваат дека од проектот за малото пристаниште корист ќе имаат само поединци блиски на власта. „Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското Езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти, а како што и сами можете да видите,...

Продолжи со читање

Продолжува традицијата на охридските тајфи-27ми Охридски староградски средби

Post Views: 12 Од колено на колено, од визита на визита, а сега од едни до други охридски староградски средби. Продолжува традицијата на Садиловци, на охридските тајфи и прекрасната и безвремена староградска песна. 27то издание на фестивалот Охридски староградски средби на едно место собра 14 ансамбли и негуватели на староградската песна, но и бројна публика која тактираше во ритамот на „Бор садила мома Евгенија“, „Битола бабан Битола“ и уште многу други стари македонски песни. „Овие ансамбли, овие групи, најголем број од нив се ентузијасти кои од голема љубов спрема убавата...

Продолжи со читање

Се помалубројните генерации на основци, ги преполовија паралелките во средното економско училиште

Post Views: 5 Намалениот наталитет, се помалите генерации кои запишуваат и завршуваат основно образование ги преполовија паралелките во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Сегашната генерација која запиша прва година, а особено наредната, според статистичките податоци се најмали по бројот на дечиња. За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години кога економските паралелки...

Продолжи со читање

Учениците од здравствената струка во „Св.Кирил и Методиј“ по дел од предметите сеуште не добиле учебници

Post Views: 7 Учениците од медицинската струка во средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ наместо од учебници по дел од предметите во струката учат од своите тетратки. Директорката на училиштето, Славица Костоска вели дека за стручните предмети и во двете струки се издадени учебници по скоро сите предмети, но потврдува дека за дел од предметите сеуште немаат добиено учебници. Костоска проблемот го лоцира во Одделот за издавање на учебници при Министерството за образование кој според неа сеуште нема издадено нови учебници. Таа вели дека наместо да се усовршуваат...

Продолжи со читање

Фрлени темелите на фабриката на ОДВ Електрик

Post Views: 5 Удрени темелите на гринфилд објектот на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ Електрик. Денес свечено беше означен почетокот на изградбата на оваа прва инвестиција во технолошко-индустриската развоја зона Струга-Охрид. Според извршниот директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон, тенденција на компанијата е фабриката во Македонија да прерасне во уште една успешна приказна. „ОДВ Електрик има амбициозни планови за Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи, да пренесеме нови технологии. За да го...

Продолжи со читање

Утре ден без автомобили во Охрид

Post Views: 5 Одбележувањето на Денот без автомобили ќе започне  во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, ќе  настапи  хорот од ОУ „ Христо Узунов“ , а потоа ќе се обратат градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер. За таа цел, во соработка со СВР Охрид, за сообраќај ќе бидат  затворени  неколку фреквентни сообраќајници и тие се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во перидот од 11 до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени  улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар...

Продолжи со читање