Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 183 Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта.„На ниво на град имаме многу добра комуникација...
Црвен крст: Скокачите по крстот да бидат внимателни, температурната разлика на воздухот и водата во езерото голема
Post Views: 178 8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни. „Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се здравствено...
Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“
Post Views: 203 Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...
Во ТВМ паричката ја пронајде Валентина Неловска
Post Views: 169 Во Телевизија ТВМ не размислувавме многу околу познатата дилема, дали да вртиме лепче со паричка на Бадник или на Стара Нова година. Денес ги смогнавме сите расположливи кадровски сили, па свртевме убав колбурек со скриена паричка и ја испочитувавме оваа интересна традиција. Најсреќна, помеѓу вработените беше колешката Валентина Неловска, која го пронајде паричето, а кое веруваме дека ќе и донесе среќа и бериќет, неа и на нејзиното семејство во оваа, 2015та година. Останатите, уживавме во вкусниот бурек. {loadposition content9}
Нормални услови, а не луксуз бараат штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“
Post Views: 201 Ова се просториите во кои веќе девет години се згрижени штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“. Мебелот, покуќнината, ѕидовите, санитаријата, времето ги излитило и нагризило, и по девет години постојана употреба, најголемиот број од елементите ја изгубиле својата функционалност или се во лоша состојба. И покрај тоа, 12те штитеници секојдневно седат на истите неудобни столчиња, ручаат на истите маси, и се занимаваат гледајќи телевизија на нешто што одвај личи на колор телевизор. Од здружението велат дека не бараат никаков луксуз, туку...
Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар
Post Views: 259 Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна. „Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова...
Снегот и ниските температури позитивно ќе влијаат на земјоделските култури во нашиот регион
Post Views: 172 Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле. „Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени болести...
Пукнати водомери кај многу охриѓани поради ниските температури
Post Views: 195 Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти. Од јавното претријатие, редовно пред...
Охриѓани, веста за христовото раѓање ќе ја дочекаат со скромна трпеза
Post Views: 206 Градскиот пазар полн со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, обидувајќи се да дојдат поевтино до намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Како и секогаш, цените на производите пред секој голем празник одат нагоре, па така килограм костени кои се традиционален декор за овие празници ќе ве чини стотина денари, а за да ги наполните чиниите за овошје со килограм мандарини ќе ви требаат 50тина денари, портокалите се поефтини и ќе ги добиете 3 килограми за 100 денари. Еве што охриѓани ќе имаат на своите...
Неколку семејства од струшките села ја искористиле понудата на х.Амбасадор за привремен спас од немањето струја
Post Views: 208 Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на...
Булевар „Туристичка“ или автобуски паркинг „Туристичка“?
Post Views: 164 Булеварот „Туристичка“ денеска изгледаше како автобуска станица. Колона од неколку туристички автобуси, паркирани на коловозната лента од булеварот го отежнаа одвивањето на сообраќајот на нашата најголема улица. Еден извесен временски период, сообраќајот се одвиваше само по една сообраќајна лента, а со оглед на зимските околности, и мразот и снегот натрупани на работ од коловозите, ова значеше бавно одвивање на сообраќајот и револт кај возачите. Сликата не се промени до доцна попладне. Туристи по сред коловоз го влечкаа својот багаж и го сместуваа во автобусите додека...
Блокади на патот Охрид-Битола ако жителите на планинските охридски села не добијат струја за 24 часа
Post Views: 217 Сакаме струја, сакаме струја, сакаме струја…Вака денес го искажаа својот револт жителите од планинските охридски села Куратица, Свиништа, Расино, како и оние од Ливоишта и Вапила бидејќи веќе шести ден на екстремно ниски температури преживуваат без струја. Со транспаренти во рацете денес тие протестираа пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија барајќи повторно воспоставување на електрично напојување на овие критични места. Претставници од овие села, се сретнаа со раководителот на подружницата на ЕВН Македонија во Охрид.„Дадено ни е ветување дека во наредните...