Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

mir

Бели гулаби, песнички и искрени пораки за мир од најмалите охриѓанчиња на Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 33 Пуштајќи ги белите гулаби, симболот на мирот и пренесувајќи ги искрените детски пораки и желби за крај на сите насилства и војни во светот, денес, најмалите охриѓанчиња од градскиот плоштад покажаа колку малку е потребно за да се оствари најголемата желба на човештвото и да стане реалност. Пеејќи песнички, играјќи и носејќи пораки за мир во рацете, тие го одбележаа меѓународниот ден на мирот. Денес точно на пладне, преку актерот Ивица Цонев, сите имаа можност да ја чујат и годинешната порака за мир упатена од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки...

Продолжи со читање

gradinka

Недостатокот на комуникација меѓу родителите и децата води кон оттуѓување на семејствата

Post Views: 18 Оттуѓување на семејствата, недостаток на комуникација, непочитување на авторитетот на родителот или воспитувачот во градинките. Ова се само дел од условно кажано „симптомите“ на современиот начин на живот и комуникација. Во центарот на вниманието или за жал се почесто и недостигот на внимание се оние најмалите и најважните, децата. Според Слободанка Радосављевиќ, која е дел од Балканскиот сојуз на воспитувачи, комуникацијата помеѓу родителите и детето, особено во претшколската возраст е навистина важен сегмент бидејќи секој недостиг на комуникација, според неа...

Продолжи со читање

ou debrca

Да се изгради сопствен образовен систем без негово целосно преземање од други земји

Post Views: 13 Да се гради сопствен образовен систем, да се прифаќаат делови од други образовни системи или целосно да се копираат други системи кои се покажале успешни во поразвиени земји. Ова е дилемата со која се соочуваат најголемиот дел од балканските држави. Во време на глобализација, кога решенијата се достапни на дланка се чини најлесно е да се копираат туѓите решенија. Според деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, проф.д-р Владо Тимовски, глобализацијата треба да се обработува само преку прифаќање на некои теми или содржини кои се општоприфатени во повеќе земји. ...

Продолжи со читање

harold pinter

Охридскиот народен театар се враќа со награда за оригинална актерска изведба од фестивалот „Ристо Шишков“

Post Views: 14 Наградата „НЕТА“ на 23то издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ доделена на актерите од Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и Ирена Ристиќ. Оваа награда, актерите од нашиот театар ја добија за претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, а во режија на Нела Витошевиќ.Театарската мрежа „НЕТА“ го доделува ова високо признание за оригинална актерска интерпретација на претставата. Со оваа претстава, актерското трио на Охридскиот народен театар премиерно се претстави во рамки на годинешното 55то издание на фестивалот...

Продолжи со читање

uist

Трет уписен рок на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид

Post Views: 16 Заинтересираните студенти можат да конкурираат за слободни места на петте факултети на следниве студиски програми: компјутерски науки и инженерство на три годишни студии 12 редовни во државна квота, 8 редовни со кофинансирање и 8 вонредни студенти, додека на четиригодишни студии седум слободни места кај редовните студенти со кофинансирање и 11 слободни места за вонредни студенти. На насоката комуникациски мрежи и безбедност на тригодишни студии 15 места во државна, 8 со кофинансирање и 8 места за вонредни студенти, додека на четиригодишните студии по 12 слободни...

Продолжи со читање

centar za kultura

Дали Охридскиот народен театар ќе добие нов уметнички директор?

Post Views: 19 ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција. Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата...

Продолжи со читање

poseta Voden

Бакрачески: Обезбедување на средства за подобрување на крајезерската инфраструктура е примарна цел за локалната

Post Views: 14 Прва официјална средба на градоначалникот Никола Бакрачески со неговиот колега од грчкиот град Воден, Јану Димитриос. Во рамките на посетата, градоначалникот Бакрачески присуствувал и на официјалната презентација на проектот „Вотернет“ кој го спроведуваат Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Универзитетот „Аристотел“ од Солун, чиј бенефит, општина Охрид го почувствува добивајќи ги средствата со кои се изградија 200 метри од пешачката патека кај „Студенчишта“. На средбата, градоначалникот Бакрачески истакнал дека примарна цел за локалната е добивање на...

Продолжи со читање

calgija

Охриѓани ќе имаат можност да уживаат во звуците на традиционалната чалгиска музика

Post Views: 18 Вистински времеплов за охриѓани подготвува познатиот вокално-инструментален состав Езгија трио. Тие, заедно со познатиот кларинетист Ацо Тасески ќе одржат „Вечер на чалгиска музика“ во која охриѓани ќе добијат ретка прилика да уживаат во звуците на оваа традиционална македонска, но уште повеќе и охридска музика. Според организаторот на настанот, Ѓоко Алоски, ова е одлична можност постарите охриѓани да се потсетат, а младите да ги чујат можеби за прв пат звуците кои некогаш се слушале од секоја охридска куќа. „Ова трио е специфичен состав не само поради...

Продолжи со читање