Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 179 Континуитет во работата, подобрување на резултатите постигнати во 2014та година, модернизирање на објектите, но и надеж за поголема промоција на туристичките понуди на охридските хотелски капацитети. Ова се дел од желбите и очекувањата на охридските хотелиери, кои велат дека 2014та година е веќе минато и дека во оваа новата треба да се надградуваат постигнатите резултати во неа.„Ако се посветиме, ако субвенциите продолжат да им се доделуваат на странски партнери кои што се сериозно заинтересирани за Охрид и таа пропагандна машинерија малку да се излезе надвор, да не...
Првото утро во новата 2015та угостителските објекти во Охрид осамнаа со бројни туристи од соседството
Post Views: 237 Првото утро во новата 2015та година Охридската чаршија, кејот, угостителските објекти осамнаа со бројни туристи, претежно од нашето соседство. По најлудата ноќ во годината, бројните групи со туристи, ги искористија сончевите зраци за да прошетаат низ градот. Иако на само ден-два пред дочекот на Новата Година хотелиерите и угостителите стравуваа од откажување на аранжманите и помала посетеност, сепак зимските услови, тешката проодност на патиштата, не ги поколебаа нашите соседи од Србија, Бугарија, Албанија, Грција, последните моменти од старата и првите моменти од...
„Полицијата и јавноста“, првенчето на Стефан Димоски, го здогледа светлото на денот
Post Views: 179 Подобро разбирање помеѓу новинарите и полицијата во нивното заедничко делување во интерес на граѓаните. Ова, меѓу другото е една од целите за кои е создадено првото дело на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, насловено како „Полицијата и јавноста“. Влечејќи корени од неговиот магистарски труд кој ја обработува токму оваа тема, според Димоски оваа книга е обид да се приближат полициската и новинарската работа во насока на остварување на заедничките цели, расветлување на казнените дела во интерес на јавноста. Димоски додава дека неговото искуство како новинар надополнето...
Роботи што се движат сами, шарени и средени нокти во ЕМУЦ
Post Views: 159 Интересен робот што сам се движи низ просторот, електрични светилки кои се палат и гасат последователно, 3Д анимации на изработка на машински делови, и декорирање и средување на нокти.Ова шаренило денес можеа да го видат учениците од основните училишта од градов, на отворениот ден во Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид. „Денес е убав ден, празник за нашето училиште, ден кога го чествуваме големото дело на нашиот учител, токму затоа го посветивме на младите основци“ рече директорот на ова средно општинско училиште, Јане Цаноски. Тој се заблагодари...
Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори
Post Views: 158 Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети кои...
Дечињата од градинката „Развигорче“ учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје
Post Views: 243 Најмалите, дечињата од градинката „Развигорче“ денес учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје и како правилно да ги четкаат запчињата. Тие добија вистинско стоматолошко искуство. Си седеа на столче и беа мирни додека двата тима стоматолози од ординациите „Денториа“ и „Д-р Сашо Стоев“ им ги прегледуваа запчињата. Оваа акција е во организација на Лајонс клубот „Охрид“ и овие две ординации кои исто така се членови на лајонсите.„Потпомогнати сме од Лакалут, Денториа и д-р Сашо Стоев, двете ординации, сите доктори ни се тука, еве видовте вие и практично...
ФТУ: Државен испит за студентите дури по завршувањето на студиите
Post Views: 171 Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование. Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој предлог.„Наставно-научниот...
Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска
Post Views: 192 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување...
Дали ќе дојде крајот на комуналните проблеми на улицата „Абас Емин“?
Post Views: 242 Дали конечно ќе се најде решение за комуналниот проблем наречен улица „Абас Емин“ ? Оваа високофреквентна улица години наназад била дел од програмите на општина Охрид, но досега истата добиваше само крпење на ударните дупки и чести поправки на проблематичните канализациони мрежи. Вистинска и целосна реконструкција на истата, барем до овој момент на „Абас Емин“ се нема случено. Запрашавме дел од жителите на оваа улица што мислат за нејзината состојба и кои според нив се клучните и најважни проблеми со кои секојдневно се соочуваат.„Треба да се направи улицава. Потребна...
Дури и да се избере изработувач, во 2015та најверојатно Охрид нема да добие сообраќајна студија
Post Views: 171 Ќе добијат ли охриѓани конечно сообраќајна студија за режимот на одвивање на сообраќајот? Нацрт развојната програма за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015та година ја содржи ставката за изработка на сообраќајна студија, но прашањето е дали истата конечно ќе се реализира. А изработка на студијата беше најавено и за минатата година, кога во рамките на општинскиот буџет беа предвидени и средства во висина од 1.5 милиони денари, но откако пропаднаа и двата јавни повици за фирми изработувачи на студијата, со ребалансот...
Футсал екипата од ОУ „Христо Узунов“ прва на регионалниот натпревар во Кичево
Post Views: 218 Футсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. {loadposition...
Каква ќе е судбината на дрвените унифицирани куќарки, кои минатата година беа поставени околу лизгалиштето?
Post Views: 206 Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив...