Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Со градежниот шут од „Питу Гули“ ќе се тампонираат улици во Горно Лакочереј реагираат од месната заедница

Post Views: 7 „Меснава заедница од Горно Лакочереј од локалната самоуправа побаравме тампон, во моментот кога се ископуваше улицава „Питу Гули“, од таму ни се донесоа 7-8 камиони тампон, тампонот го побаравме за пополнување, крпење на дупките што се ископани на стариот пат.Можеби овој тампон ќе биде малку за утрешниот. Ние за утре имаме закажано една акција во која ќе учествуваат најмалку 30ина трактори, наша ровокопач машина за товарање ќе дојде. Се направило едно недоразбирање помеѓу луѓето што го носеле тампонот со камиони, нив им беше кажано да се истовари Лакочереј кај...

Продолжи со читање

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот правеше алко тестови и делеше едукативни материјали за безбедност во сообраќајот

Post Views: 7 Со отрезнувачката порака „Вози трезен, стигни жив“, денес општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ја спроведуваше републичката кампања со ист наслов, а насочена кон подигнување на јавната свест за последиците од управувањето со моторни возила под дејство на алкохол.  Според претседателот на општинскиот совет за безбедност на патиштата, Стефан Димоски, ваквите кампањи се еден начин како едукативно да се  влијае кај сите учесници во сообраќајот со цел елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди.„Целта на оваа кампања е да се подигне нивото...

Продолжи со читање

СДСМ: Градежниот шут од реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ заврши врз изворот со вода за пиење во Долно Лакочереј

Post Views: 7 Општинската  организација на СДСМ Охрид со обвинувања до локалната дека градежниот шут од реконструираната улица „Питу Гули“ завршил врз главниот извор од кој Долно Лакочереј се снабдува со вода за пиење. Од таму додаваат дека добар дел од шутот бил депониран и долж речното корито на Коселска река која поминува низ ова населено место. Од СДСМ велат дека на повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи.„Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта шут се од реконструкцијата на улицата Питу Гули? Дали жителите на Лакочереј се должни...

Продолжи со читање

Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со НП „Галичица“-екологистите предупредуваат за еколошките последици

Post Views: 5  Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со националниот парк „Галичица“ и стратегиската оценка за влијанието врз животната средина со направените измени. Денес во просториите на дирекцијата на националниот парк, екологисти, експерти од областа на биологијата, екологијата и животната средина, граѓани ги слушнаа предлозите, забелешките и препораките во однос на промената на зоните на заштита во националниот парк „Галичица“. Овие промени кои се прават поради предвидените владини проекти за изградба на ски центар на Галичица, експресен пат од Охрид...

Продолжи со читање

Доделени дипломите на втората генерација дипломци од Универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 6 45 студенти од втората генерација на универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ денес ги добија своите дипломи. Доделувањето на дипломите беше навистина посебно доживување и за првиот воопшто магистрант на овој универзитет, м-р Љупчо Балески кој магистрирал на студиите за информатички науки и технологии. Денешната свечена церемонија на доделување на дипломите воедно претставуваше и топло добредојде за новозапишаните студенти кои ги поздрави и заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. Според ректорот на универзитетот, Нинослав...

Продолжи со читање

1 милион и 700 илјади евра од Фондот за иновации за сите иновативни поединци кои имаат идеја

Post Views: 4 Фондот за иновации и технолошки развој со нов јавен повик за сите што имаат добри, иновативни идеи, а немале финансиска можност да ги реализираат. 1 милион и седумстотини илјади евра во вкупно три програми на фондот ќе треба да ја дадат иницијалната каписла, на сите оние иновативни идеи кои досега не успеале да излезат како реален производ на пазарот. Денес во просториите на општината Фондот одржа еден вид работилница со цел да се подготват сите заинтересирани за процесот на аплицирање на следниот јавен повк за иновации кој ќе биде објавен. Креативните луѓе ќе...

Продолжи со читање

24 години независност, каде е Македонија после сите економски, политички и воени кризи?

Post Views: 2 Со овие сега веќе антологиски зборови, на денешен ден пред 24 години, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров и официјално ги удри темелите на новата република на Балканот која тогаш по мирен пат ја напушти Југословенската федерација и стана самостојна и суверена држава. Република Македонија од тогаш доживеа и трговско ембарго, се соочи со сериозна бегалска криза , доживеа вооружен конфликт во 2001та и промена на дотогашниот устав. На листата на државни аспирации сеуште прво место зафаќаат оние за влез во Европската Унија и во НАТО алијансата, но...

Продолжи со читање

Шест години од трагичната несреќа на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро

Post Views: 4 Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани шест години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари и Ротаракт клубовите, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан. „Благодарност за достојното внимание кои им се укажува, страдаме до ден-денес, благодарност што се продолжува почитта. Тагата е голема и не може да помине, се...

Продолжи со читање