Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Нови новогодишни тезги, стари проблеми

Post Views: 335 Наместо наредени од двете страни на малиот плоштад кај Чинарот, годинава, новогодишните тезги на малку поразлична локација, поставени околу градската фонтана.  Неколкуте тезги со години наназад со својот неугледен изглед им бодат очи и на охриѓани и на туристите кои доаѓаат тука за новогодишните и божиќните празници. Откако минатата недела беа поставени овие тезги, не стивнуваа реакциите на граѓаните околу нивниот изглед. Еве што кажаа охриѓани:„Треба тоа да се продава, да си има убави куќарки, сите да се исти, а не вака.“„Нема тезги, кога имаше пари имаше и тезги,...

Продолжи со читање

Квалитетот, тајна за успехот на градежната компанија Дамбој инженеринг

Post Views: 250 Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните...

Продолжи со читање

Секој угостителски објект кој служи вино треба да има сомелиер

Post Views: 160 Угостителите од градов и малите винарии учат како подобро да го презентираат виното, да го разберат виното, од каде потекнува, кои сорти се соодветни за нашата земја, како подобро да го продадат но и да го спојат со храната која ја нудат на своите гости. Денес и утре Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации заедно со тренинг центарот на винаријата Камник организираат обука за лозарство и енологија во градов. Според Ана Амбаркова, консултант за развој на кластери при оваа организација, смета дека со ваквата обука ќе се влијае на развивање и подобрување...

Продолжи со читање

Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Post Views: 256 Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно...

Продолжи со читање

Делегација кинески новинари прво ќе се запознава, а потоа ќе пишува за убавините на Охрид

Post Views: 171 Промотивни репортажи за Охрид ќе подготвува групата новинари од НР Кина која утрово пристигна во градов. Тие велат дека се воодушевени од убавината на езерото и богатото културно-историско наследство на Охрид. Сметаат дека она што ќе го претстават во нивните медиуми кога ќе се вратат во Кина, ќе предизвика голем интерес кај граѓаните на оваа азиска земја. Според Рен Раи, уредник на најтиражниот весник од провинцијата Чунгчинг, оваа нивна посета ќе претставува еден мост во идната соработка помеѓу двете земји.„Целта на нашата посета е на кинеските читатели, преку медиумите...

Продолжи со читање

Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева

Post Views: 158 Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денес во рамките на свечената програма по повод големиот празник „Свети Климент Охридски“-Патрон на градот, официјално беше отворено најавуваното фудбалско игралиште. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реализацијата на овој проект ќе даде нов импулс во развојот на спортот во Охрид.„Се надевам дека овој терен на вештачка трева кој што е изграден по највисоките стандарди на УЕФА, коишто воедно се и донатори на вештачката трева, дека ќе биде одлична можност за сите оние фудбалски друштва...

Продолжи со читање

Изложба на Фото клуб-Охрид

Post Views: 185 Одржана изложба на Фото клубот -Охрид. Вчера во просториите на Робевци се одржа 16-та по ред изложба на фото клубот. Со прекрасни фотографии во црно-бела техника, беа претставени охридските улици. Љубителите на фотографијата имаа можност да погледнат од блиску што се случува на охридските улици и истите да ги доживеат. Претседателот на Фото клуб-Охрид д-р Лазар Коњановски вели дека изложбата е подготвена со многу љубов и амбиција од страна на авторите.“Сакавме охриѓани да го почувствуваат од аголот, од кој ние го гледаме и да ви кажам многу од посетителите, сега...

Продолжи со читање

Од интимна желба на неколкумина, до изложба-Охрид, слики од минатото

Post Views: 326 Охрид од времето кога Гимназијата беше на крајот од градот. Некои го знаат како изгледал, некои не. Постарите ќе се потсетат на местата каде пиеле кафе и муабетеле некогаш, помладите ќе видат како изгледал нашиот град порано. Ова не е веќе само желба. Фејсбук групата „Охрид-слики од минатото“ која од своето формирање привлече огромно внимание кај граѓаните ќе добие и своја физичка форма. Мала селекција од четириесетина слики постирани во оваа група, испечатени ќе бидат дел од изложбата наречена токму така…„Охрид-слики од минатото.“ Стари рибари, чунови, споменици,...

Продолжи со читање

Јавните личности од градов ги покажаа своите келнерски и шанкерски вештини за хумана цел

Post Views: 169 Политичари, новинари, шоумени, јавните личности од градов денес здружено за една повисока цел. Во кафе терасата Аквариус подготвуваа и служеа пијалоци за гостите кои денес го посетија овој угостителски објект.  А богами и оние што ја добија улогата на келнери, и оние што работеа од другата страна на шанкот имаа полни раце работа. Кафе терасата беше преполна со луѓе, сите пријатно изненадени кога некој советник, новинар или шоумен ќе застанеше до масата и ќе им речеше „Повелете“. Некои со табаката во двете раце, некои пак како професионалците ја држеа во една и со исклучителна...

Продолжи со читање

Уметникот Јордан Манасијески годинешен добитник на Свети Климентовата награда

Post Views: 257 Охридскиот уметник Јордан Манасијески е годинешниот добитник на Свети Климентовата награда.  Ова највисоко општинско признание, Манасијески го добива со одлука на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Според зборовите и на Комисијата за доделување награди и признанија, и на градоначалникот, изборот на Манасијески бил очигледен, но и дека годинешната листа со предлози била една од најдобрите во последниве години. Манасијески наградата ја добива за неговата неоспорна улога во афирмација на македонската уметност насекаде низ светот. „Преку своите уметнички дела...

Продолжи со читање

Жестока дебата во Советот за развојните програми за 2015та година

Post Views: 162 Жестока и опширна дебата околу предлог развојните програми и нацрт фискалната стратегија на локалната за 2015та година. Советниците од редовите на опозицијата одбија да ја гласаат оваа точка на дневниот ред бидејќи според нив локалната администрација и градоначалникот направиле грешки во проектното планирање. Според Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ, тие добиле само список со активности кои се планира да бидат извршени, но не и дефинитивна временска рамка за нејзина реализација и предвидени средства за истата.„Ние и во текот на дискусијата...

Продолжи со читање

36 милиони денари општинска субвенција за директни летови од Лутон до Охрид

Post Views: 160 Сезонски летови од летото 2015та, редовни линии до охридскиот аеродром почнувајќи од 2016тата. Дали конечно ќе дојде до реализација на идејата за субвенционирање на авио летови кон и од охридскиот аеродром. Денес на седницата на Советот на општина Охрид, советниците едногласно ја поддржаа оваа идеја и изразија надеж за нејзина конечна реализација. Според градоначалникот Бакрачески, првата дестинација која ќе биде субвенционирана најверојатно ќе биде аеродромот Лутон во Англија. Од опозицијата со став дека како даватели на субвенцијата, општина Охрид во тендерот кој...

Продолжи со читање