Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Интензивно се работи на изградба на регионалниот колекторскиот систем кој треба да поврзе неколку села во Дебрца

Post Views: 7 Интензивно се работи на поставувањето на колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино и Климештани. Денес, локацијата ја посети и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како на лице место би се информирал за тоа како напредуваат работите околу овој инфраструктурен зафат вреден 250 илјади евра. Според градоначалникот Трајкоски, овој проект е од исклучително значење за жителите на овие села во Дебрца. „Изградбата на регионалниот колекторски систем, согласно договорот кој што го има од страна на Министерството за...

Продолжи со читање

Нема веќе деветтолетка во Велмеј-револтирани родители се жалат дека децата им биле префрлени во несоодветни услови во училиштето во Лешани

Post Views: 11 Единствените четири дечиња од Велмеј кои од годинава се шестоодделенци, наместо во основното училиште во родното место, понатамошната настава до деветто одделение, ќе ја држат во соседно Лешани. Нивните револтирани родители се незадоволни бидејќи сметаат дека училиштето во Велмеј има подобри услови за одвивање на наставата, но револтот кај нив најмногу се создал бидејќи тие тврдат дека управата на основното училиште не ги известило навремено дека нивните ученици ќе бидат префрлени во Лешани. Дополнително, родителите реагираат и дека нивните деца по префрлањето во...

Продолжи со читање

Туристка од Холандија поради здравата исхрана го посетила и се заљубила во Охрид

Post Views: 4 Љубовта кон здравата исхрана и органската храна судбински ја довела во Охрид. Тијана Хорн е туристка од Холандија која се вљубила во Охрид, но не од причините кои најчесто би ги помислиле. Таа во Охрид гледа можности за развој на производството на органска храна, нешто што според неа, би ги навело холанѓаните уште повеќе и во поголем број да доаѓаат во нашиот град. За Охрид дознала преку пријател од Македонија кој го запознала токму во Холандија волонтирајќи во нејзината семејна компанија за трговија со макробиотска и органска храна. Пред две години, за прв пат...

Продолжи со читање

Голем интерес кај дипломираните средношколци за упис на универзитетот „Св.Апостол Павле“

Post Views: 7 Рекорден број на запишани студенти во првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Таму бележат пораст од 30 проценти запишани студенти, а според интересот кој бил покажан кај дипломираните средношколци, од универзитетот велат дека очекуваат ваквите бројки да се повторат и во останатите уписни рокови. „Најголем интерес имаше на програмата за компјутерски науки и инженерство, тоа е таа општа програма што ја имаме, а воедно на неа имаме уште отприлика девет слободни места и тоа во квотата со кофинансирање. Значи...

Продолжи со читање

Малиот плоштад кај мини маркет го чека своето свечено пуштање во употреба

Post Views: 10 Стилски канделабри, вградени светилки, фонтана, мини амфи театар, клупи за одмор. Малиот плоштад кај мини маркет го доби својот конечен изглед. Се е подготвено за неговото свечено пуштање во употреба. Овој оплеменет простор, не ги остави рамнодушни граѓаните кои секојдневно поминуваат тука, а кои имаа можност и да следат како истиот постепено се градеше. Ги запрашавме охриѓани што тие мислат за изгледот на ова архитектонско решение.„Добро е, релативно добро е, не е лошо. Само едно му фали, и што фали во целиот град, нема никаде тоалет јавен, а тоа треба да се...

Продолжи со читање

Градинката „Јасна Ристеска“ доби зелено светло за формирање на групи со поголем број на деца од законски предвидениот

Post Views: 4 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе може да се формираат групи со помал односно поголем број на деца од законски предвидениот. Ваква одлука беше донесена на последна седница на Советот на општина Охрид, а на предлог на раководството на градинката.  Опозицијата беше воздржана во гласањето на предлог одлуката бидејќи велат дека ги разбирале и родителите, но според нив во објектите на „Јасна Ристеска“ во моментов веќе се згрижуваат 347 дечиња повеќе од предвиденото. Советничката од редовите на опозицијата, Оливија Јанева-Пирузева смета дека станува збор за големо...

Продолжи со читање

Локалната ќе формира посебна комисија која ќе се грижи за заштита на правата на пациентите

Post Views: 7 Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита. Ова партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови  на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.„Ќе биде...

Продолжи со читање

Највкусното ѓомлезе и прекрасните охридски кулинарски специјалитети на традиционалната Охридска софра

Post Views: 7 Прекрасните охридски традиционални јадења, предводени од неповторливото ѓомлезе ќе ги предизвикуваат сетилата на посетителите на третата по ред Охридска софра. Традиционално, во прекрасното Скребатно, во недела, ќе се соберат и најдобрите подготвувачи на ѓомлезе кои ќе се обидат да го воодушеват жирито, секој со својот рецепт за овој деликатес. „Оваа година имаме пријавени околу 15ина учесници, ќе видиме до недела можеби бројот ќе се зголеми, интересно е да напоменам дека оваа година имавме интерес и од други градови да се пријавуваат за учество што посебно ме...

Продолжи со читање