Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

sos

Еко пораки за зачувување на Охридското Езеро преку детски фотографии

Post Views: 55 Силни еко пораки овековечени на фотографии што вредат илјада зборови. Малите основци од „Григор Прличев“ денес со силата на фотографијата и нивната несопирлива креативност испратија порака против бучавата во Охрид, симболично затворајќи ги ушите. Во рамки на интересниот проект „Спасете го Охрид, спасете ја планетата“, дечињата сериозно го сфатиле проблемот за еколошката состојба на езерото и културно-историските споменици. Детските очи уште еднаш покажаа дека гледаат нешта што возрасните не успеваат да ги забележат. Тие сигнализирале за пластичните шишиња во...

Продолжи со читање

horski

Охриѓани ќе уживаат во звуците на хорската музика на 8то издание на Охридскиот хорски фестивал

Post Views: 15 Изведби на духовна музика, музика од старите мајстори од ренесансата, поп и фолк аранжмани. Ова се само дел од пријатните звуци кои охриѓани и туристите ќе имаат можност да ги чујат наредниве денови на осмото по ред издание на Охридскиот хорски фестивал. Подготовките се при крај, а веќе во четврток ќе следи и традиционалното дефиле на учесниците низ охридските улици. Концертната програмата ќе се случува за време на викендот. „Главната програма на фестивалот е во петок, сабота и недела, и во најголем дел се одвива во „Дијамантската сала“ во Инекс Горица, имаме...

Продолжи со читање

den idei

Охриѓани со 99 идеи за подобар Охрид, скоро половина од нив прифатени од локалната

Post Views: 15 Чешма за вода и клупи во градскиот пазар, уредување на постоечкиот или изградба на нов јавен тоалет во неговите рамки, изведба на јавни тоалети во Стар град и на кејот „Македонија“, организирање на саем за занаетчиство, уредување нова градска плажа. Ова се само дел од оригиналните предлози кои охриѓани ги споделија со локалната самоуправа во рамки на „Денот на идеи“ кој се одржа на 12ти јуни. На иницијатива на градоначалникот, била формирана специјална стручна комисија која имала за задача да ги разгледа и оцени доставените предлози. „По одржани неколку...

Продолжи со читање

Зголемен број на туристи во градов во јуни, резултатите од остатокот од сезоната допрва ќе се сумираат

Post Views: 12 Охрид годинава со зголемен број на туристи и остварени ноќевања во првиот месец од летната туристичка сезона. Ова го говорат официјалните податоци за бројот на регистрирани туристи и остварени ноќевања објавени од Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, Охрид го посетиле 21.772 туристи, а биле остварени вкупно 62.040 ноќевања. Во истиот период лани, биле регистрирани 19.519 туристи, и остварени биле 56.363 ноќевања. Овие бројки се причина за оптимизам кај Секторот за туризам и локален економски развој, бидејќи според нив, токму за месец јуни го очекувале...

Продолжи со читање

kamp dijaspora

Дечињата македонци од дијаспората го усовршуваа познавањето на македонскиот јазик

Post Views: 10 Дечињата од заедниците на македонците во соседните земји и земјите на дијаспората изминативе денови ги усовршуваа своите познавања на мајчиниот, македонски јазик. Денес беше завршниот дел од традиционалниот летен камп „Ја сакам Македонија“ на кој тие имаа можност не само да научат за својата историја, својот јазик туку и да презентираат дел од тоа што го научиле. „Јас се чувствувам на кампот „Ја сакам Македонија“ одлично, научив се по македонски јазик и историја, научивме се и одлично го поминавме летниот распуст“. „Тука е многу убаво учиме многу за...

Продолжи со читање

hola ohrid

Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса

Post Views: 12 Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса. Нашиот град, доживува автентично кубанско доживува благодарение на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, „Хола Охрид“. Тринаесет артисти ќе ги пренесуваат техниките и тајните на салсата, румбата, регетон, руеда де касино на околу двестоте учесници на овој несекојдневен фестивал. „Чувството е прекрасно, луѓето се прекрасни, се надевам дека во иднина ќе продолжи истиот да се одржува и да прерасне во поголем фестивал во кој луѓето ќе можат да уживаат во различните култури. Ние танцуваме со срцето и тоа се...

Продолжи со читање

migranti

Попоски: Помошта која Македонија ја доби од ЕУ за справување со мигрантите е симболична

Post Views: 10 Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е...

Продолжи со читање

stanoizdavaci

Решението за станоиздавачите во станбени згради ќе се бара во Собрание

Post Views: 15 Локалната и Секторот за туризам и локален економски развој, решение за проблемот со приватните станоиздавачи во колективни станбени згради ќе бараат во Собранието на Република Македонија. Од ТЛЕР велат дека почетокот на летните одмори ја ограничил нивната можност за институционално дејствување со цел да им се излезе во пресрет на станоиздавачите кои издаваат легла во станбени згради. „Во соработка со пратениците од Охрид, ние подготвуваме амандмански измени за тие точки од Законот за угостителска дејност кои ќе пробаме на исти начин да ги издејствуваме како што...

Продолжи со читање