Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Пензионерите од Охрид и Дебрца ден порано го одбележаа 7ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 185 Здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, како и здружението на пензионери од Струга, ден порано ја одбележаа 70 годишнината од ослободувањето на Охрид. „По тој повод организиравме манифестација на која го одбележуваме овој ден, пред 70 години, ден кога е ослободен овој убав град. На оваа манифестација учествуваат и млади ученици кои со своите рецитаторски творби ја прикажуваат вистината за за времето кога се одвивале настаните и ја прикажуваат вистината за ослободувањето на градот.“-рече претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. {loadposition...

Продолжи со читање

Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Post Views: 237 Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица. „Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што...

Продолжи со читање

Медитација и вежби за дишење наспроти огромната употреба на антидепресиви во нашата земја

Post Views: 226 Охриѓани ќе учат техники за справување со стресот. Денес, лиценцираниот учител за Art of living и психолог, Теодора Костовска со едно несекојдневно излагање на тема стресот и луѓето, пред заинтересираните ќе говори за начините на препознавање на симптомите карактеристични за стресот, но и ќе сподели со охриѓани на кој начин да се справуваат со него. Имајќи ги предвид застрашувачките податоци со кои излезе Фондот за здравство кои говорат дека 1.600.000 рецепти кои биле издадени минатата година гласеле на антидепресиви, Костовска смета дека од пресудно значење за луѓето...

Продолжи со читање

Локалната привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева

Post Views: 158 Локалната самоуправа привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева. Станува збор за инвестиција од околу 300.000 евра или околу 20ина милиони денари. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на ова современо игралиште нуди можности за развој на спортскиот туризам.„Се прави со финансиско вложување на општина Охрид и на Фудбалската федерација на Македонија, односно УЕФА кое што ќе биде едно од најдобрите игралишта на вештачка трева во Република Македонија и ќе се создадат услови за она што ние подолго време наназад го...

Продолжи со читање

Охриѓани се жалат на неосновано блокирани сметки поради неплатена радиодифузна такса

Post Views: 246 На охриѓани им се блокираат сметките во банките поради неплатени сметки за радиодифузна такса. Граѓаните реагираат дека неплатениот долг не е по нивна вина. Објаснуваат дека сметките за радиодифузна такса не доаѓаат навреме, а додаваат и дека многу често опомените за неплатена сметка стигнуваат многу доцна кога веќе сметката ќе биде блокирана, а многу често опомени воопшто не стигнуваат. Охриѓани прашуваат како ќе им се пребие сумата за наредните месеци на оние граѓани кои веќе ги платиле сметките за радиодифузна такса, а банкарските сметки им се блокирани за истите...

Продолжи со читање

Новинарите треба подлабоко да истражуваат при известување за сексуалните работници

Post Views: 199 Избегнување на клишеата во известувањето за сексуалните работници, избегнување на стереотипите и подлабоко истражување на темата сексуален работник. Ова се само дел од препораките и заклучоците кои произлегоа од денешната работилница наменета за охридските новинари, насловена како „Сексуалната работа и медиумите.“ Целта на работилницата, меѓу другото беше поголемо и посеопфатно информирање на новинарите за начините на известување кога станува збор за темата на сексуални работници, но и принципите кои би требало да се следат со цел што пообјективно и посеопфатно да...

Продолжи со читање

И Охридската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на свечената седница по повод 11ти Октомври

Post Views: 175 Од ДПМНЕ  со обвинувања дека СДСМ го злоуптребува големиот државен празник за добивање ситни политички поени, а притоа ги навредува сите учесници на свеченоста посветена на празникот. Од охридската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата прашуваат дали обраќањето на претседателот на Сојузот на борци е синхронизиран настап помеѓу СДСМ и него. Според ДПМНЕ, овој говор  бил потврда за контролата на СДСМ над институциите каде има сопствени кадри. Дополнително, во реакцијата стои дека според ВМРО-ДПМНЕ, нивните политички опоненти од СДСМ треба јавно да се извинат бидејќи според нив, социјалдемократите...

Продолжи со читање

Инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа во понеделник

Post Views: 181 Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на состанокот одржан во Јонкепинг во Шведска, во јуни годинава, кога истиот беше прогласен за 14ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот. Поздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО. Притоа преставниците на Националните Комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот...

Продолжи со читање

Слаб интересот кај охридските такси превозници за курсевите по англиски

Post Views: 185 Слаб интересот за изучување на англиски јазик кај охридските такси превозници. Обуката за англиски јазик се спроведува како соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски и локалните самоуправи. До истекот на рокот за пријавување, такси превозниците имаат уште две недели, но барем засега, според нивните кажувања, или не се запознаени со процедурите и роковите за пријавување или пак воопшто не постои интерес за посета на таквите обуки.„Не сум се пријавил досега, не сум заинтересиран. Ова го работам привремено така да оставам на младите, тие нека учат.“„Не не сум...

Продолжи со читање

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Post Views: 429.438 Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри.„Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел, научен...

Продолжи со читање

ВМРО НП го поздравува отпочнувањето на градскиот линиски превоз за кој велат бил нивна идеја

Post Views: 167 Од Народна велат дека уште во 2012 година тие поднеле иницијатива во Советот на Општина Охрид по што била донесена одлука за почеток на истиот во интерес на граѓаните на Охрид. Додаваат дека истиот краток период во 2013 година функционирал но набрзо потоа бил прекинат. Од ВМРО Народна велат дека го поздравуваат тоа што Локалната конечно реализира една иницијатива од минатото. Тие додаваат дека позитивните работи секогаш треба да се поздрават, без разлика од кого се, како и тоа дека благодарение на нивната иницијатива, граѓаните ќе можат да се превезуваат низ населбите...

Продолжи со читање

Центарот за социјални работи од Охрид задоволен од интересот за бесплатните курсеви за децата без родители

Post Views: 175 Задоволителен интересот за посетување на бесплатните курсеви по компјутери и англиски јазик кои ги организира Министерството за труд и социјална политика-оценуваат од охридскиот Центар за социјални работи. Со овие почетни курсеви ќе бидат опфатени децата без родители и родителска грижа сместени во згрижувачко семејство, во мал групен дом, во установи за социјална заштита, деца под старателство на близок сродник и лица кои до својата осумнаесетта година имале статус на деца без родители, но не се постари од 26 години.„Постапувајќи по насоките од Министерството, стапивме...

Продолжи со читање