Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 8 Плоштадот „Крушевска Република“ денес и утре ќе биде гурманска мамка за сите охриѓани и туристи. Втора година со ред токму на овој простор фестивалот на вино и сирење ќе понуди вистинско уживање за сите посетители кои ќе можат да дегустираат некои од највкусните сирења од југозападна Македонија, како и најубавите вина од земјава. На 20 штандови, 27 излагачи ќе понудат не само вино и сирење, туку и бројни охридски традиционални специјалитети со цел промоција на градот и неговата туристичка понуда. „Приоритет ќе биде даден на промоцијата на сирењето како...
Изградбата на новиот пазар најавена за почетокот на септември, а сеуште не се знае каде ќе се дислоцира стариот
Post Views: 9 Сеуште не е дефинирана локацијата на која ќе се дислоцира постоечкиот пазар иако изградбата на новиот според најавите треба да започне на почетокот на Септември. Од јавното претпријатие „Градски пазар“ велат дека во најкраток можен рок ќе биде избрано најадекватното решение. Како можни локации ги споменуваат паркингот на „Градски пазар“ веднаш до постоечкиот пазар, потоа дел од старите градски гробишта во близина на новата автобуска станица, градскиот полигон за мали спортови како и трговскиот центар во комплексот на поранешен Отекс. Од „Градски пазар“ велат дека...
Невработените охриѓани со слаба заинтересираност за бесплатните курсеви за шивачи, заварувачи, готвачи и машинисти на локалната
Post Views: 4 Бесплатните обуки за шивачи, заварувачи, машинисти и готвачи кој го објави локалната за 20 невработени лица од нашата општина, наидоа на половичен интерес кај невработените лица од градов. Поради тоа, од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека поради административните процедури дошло до одолговлекување на почетокот на истите. Во екот на летните одмори инволвираните страни, односно локалната, факултетот за туризам и угостителство како и работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ се договориле со курсевите да се започне по завршувањето на летната...
Донација од маси и столчиња за градинката „Јасна Ристеска“
Post Views: 7 19 маси и 34 столчиња ги збогатија просториите на градинката „Јасна Ристеска“. Охриѓанката, Мирка Милеска која долги години живее и твори во Холандија, по втор пат за само неколку дена со своја донација ги потпомага охридските воспитно-образовни институции. Според Розе Костеска, директорка на градинката „Јасна Ристеска“, донацијата е повеќе од добредојдена.„Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа денешна донација не е за прв пат, таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува и се надеваме дека оваа наша соработка ќе...
Иванов: Школата за млади лидери е влог во европеизацијата на Македонија
Post Views: 4 „Целта на школата за млади лидери е од успешните луѓе да направи уште поуспешни, да создаде позитивни примери за другите.“-рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на отворањето на шестата по ред школа за млади лидери во Охрид. Според Иванов, човек што не носи одлуки е склон да робува и да се покорува, а оној што носи вистински одлуки е учител и оној што го следат. Денес младите живеат во свет во кој имаат пристап до огромен број податоци, сознанија и информации, при што улогата на Школата за млади лидери е да им покаже вештини за тоа како да се...
Охридскиот театар со „Стари времиња“ на Пинтер ќе отвора нови прашања за фестивалската публика
Post Views: 4 Исклучително комплексниот и психолошки текст „Стари времиња“ на Харолд Пинтер ќе отвори нови прашања пред публиката на Охридско лето. Во изведба на Охридскиот народен театар, оваа премиера преку евоцирање на спомени прикажани преку мислите на актерите ќе се обиде да ги одговори на предизвиците на брачните кризи во четириесеттите години, но и постојаното влијание на минатото врз случувањата во сегашноста. „Во таа смисла ние направивме еден колаж од сеќавања значи тоа е една сложувалка, растурена сложувалка на сеќавања, во која што и оставаме на публиката сама да...
Охридските автопревозници ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз
Post Views: 6 Автопревозниците од Охрид ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз од населените места до Охрид, и обратно од Охрид кон приградските и селските населби. На јавното наддавање кое за прв пат беше спроведено по електронски пат во општина Охрид, се наддавало за вкупно 11 автобуски линии на територијата на целата општина. Во наредните пет години, општинскиот линиски превоз ќе го спроведуваат четири компании за превоз на патници. „Конечно денеска заврши јавното наддавање за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, односно дозволи за компании...
Градежните активности во градов, ќе бидат интензивирани по завршувањето на летната сезона
Post Views: 6 Интензивирање на градежните активности околу инфраструктурата по завршувањето на летната туристичка сезона. Градоначалникот Бакрачески вели дека претежно ќе биде работено на разубавување на градот во делот на инфрастуктурата која му е потребна на Охрид. Реализацијата на најавените проекти кои ќе бидат финансирани дел од кредитот од Светска банка, дел од буџетот на локалната ќе биде интензивирана од септември. „Ќе се градат вкупно 5 кружни токови, ќе се продолжи патеката кон х.Парк, претпоставувам ќе завршат и проектните задачи за реконструкицја на кејот, на...