Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Општина Охрид ниту учествувала во изработката ниту го нарачала спотот за кампањата „Кажи НЕ на насилството“

Post Views: 170 Општина Охрид ни крива ни должна го извлече најдебелиот крај во приказната околку спотот изработен во рамките на кампањата „Кажи не на насилството.“ Ова контроверзно видео предизвика навистина жестоки реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи поради начинот на кој во видеото беше пренесена пораката за ненасилство. Коментарите на социјалните мрежи се движеа од тоа дека спотот е полн со стереотипи поврзани со имиџот на насилниците до тоа дека општината со пари на граѓаните финансирала таков спот кој стигматизира. Лавината реакции на сметка на општина Охрид по...

Продолжи со читање

Опасна отворена шахта на пресекот од „Бистрица“ и „Туристичка“

Post Views: 171 Отворена шахта на пресекот на улица „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“ потенцијална опасност за охриѓани. Загрижени граѓани ни го посочија овој проблем кој според нив станува уште поопасен во вечерните часови бидејќи токму на оваа локација не функционира и јавното осветлување. Тие велат дека за проблемот се обратиле до локалната самоуправа од каде добиле објаснување дека осветлувањето не се санира бидејќи на тоа место за скоро треба да се гради кружна крстосница. Стапивме во контакт со надлежните служби при МЈП „Проаква“. Директорот на јавното претпријатие не информираше...

Продолжи со читање

Нема доцнење со почетокот на дневниот престој во охридските основни училишта-тврдат директорите

Post Views: 230 Нема доцнење со почетокот на дневниот престој во охридските основни училишта-тврдат директорите на повеќето основни образовни установи. Родителите пак на дечињата реагираат дека почетокот на дневниот престој не се поклопува со почетокот на учебната година поради што како што велат тие се приморани да се снаоаѓаат како знаат и умеат за згрижување на нивните деца. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски појасни дека причината за непоклопувањето се состои во процедурите за пријавување на заинтересираните родители за продолжен престој и назначувањето на наставен...

Продолжи со читање

Убавините на Охрид презентирани во црквата Св.Ѓорѓи во градот Визмар, Германија

Post Views: 169   Охрид промовиран на начин кој градот не го чини ниту денар и за кој Горан Мицкоски од секторот за туризам и локален економски развој вели дека треба да стане пракса која локалната се повеќе ќе ја користи во иднина. Станува збор за промотивни материјали од Охрид, кои делегацијата од градот Визмар, ги доби од секторот за ТЛЕР при нивната посета на Охрид. Со нивното враќање во Германија,материјалите биле изложени на посебен штанд во црквата Св.Ѓорѓи во градот Визмар, Германија. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Уметниците од земјава добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи

Post Views: 169 Уметниците кои работат или сакаат да работат со ранливи категории од денес добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи. Прирачникот денес беше промовиран како завршна активност од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува“. Според проект координаторот, Јасмина Билаловиќ, целта на прирачникот е да се прикажат постоечките практики на употреба на уметноста во работа со ранливи групи, но и да се даде една поширока теоретска рамка за сите уметници кои работат или сакаат да работат со ранливите категории. „Прирачникот е еден...

Продолжи со читање

Албанската страна од Охридското Езеро конечно под капата на УНЕСКО

Post Views: 160 Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на најмасовниот Балкански бадминтон шампионат досега

Post Views: 165 Нашиот град од денес па се до недела е домаќин на најмасовниот балкански турнир во бадминтон. Преку 120 учесници во конкуренција на сениори и ветерани ќе ги одмерат силите во овој интересен спорт, прилично невообичаен за нашите простори. Претседателот на Македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски смета дека значењето на овој шампионат е од огромно значење не само поради својата масовност туку и поради квалитетот на натпреварувачи кои на него учествуваат. Меѓу другите, дел од него се и три поранешни европски шампиони како и еден учесник на олимписки игри. Додава...

Продолжи со читање

Ивановски: Македонија една од малкуте земји со отворени бази на податоци

Post Views: 192 Во хиперповрзаниот свет на глобални случувања, големите бази на податоци го менуваат светот. Вистински предизвик е начинот на кој се разбираат податоците, истите може да бидат сфатени како јавен ресурс, како приватна сопственост или како израз на индивидуален идентитет. Ова се дел од поентите искажани на затворањето на 18та конференција за достигнувањата во доменот на базите на податоци и информациони системи АДБИС и почетокот на 6та ИЦТ конференција за иновации кои се одржуваат во Охрид. Според претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обидот да се достигне...

Продолжи со читање

Различни ставови околу тоа дали Советот треба да дава согласност на одлуката за промена на паркинг зоните

Post Views: 236 Советот на општина Охрид има надлежност само во давање на согласност на одлуките на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ по однос на регулирање на цените вели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Зонирањето на сообраќајниците, која во која зона ќе припаѓа е предмет на регулирање со правилник кој е интерен акт на ЈП „Билјанини извори“ и кој го носи Управниот одбор на јавното претпријатие без притоа да има потреба тој правен акт да поминува филтер на добивање на согласност на седница на Советот на општина Охрид.“-вели претседателката...

Продолжи со читање

Охридските пензионери севкупни победници на пензионерската олимпијада четврти пат едноподруго

Post Views: 175 Пензионерите од Охрид и Дебрца севкупни победници на пензионерската олимпијада. По четврти пат нашите пензионери се освојувачи на преодниот пехар за севкупен победник на игрите, а веќе се сопственици и на еден траен пехар кој го добија за нивното трето последователно прво место на претходните настапи. Тие велат дека со постигнатите резултати на најубав можен начин на своите сограѓани и сите граѓани на републикава го честитаат Денот на независноста, 8ми Септември. На 19тите републички спортски натпревари, нашите пензионери учествуваа со 23ца претставници, а се натпреваруваа...

Продолжи со читање

Лајош Берец и Ана Суботиќ победници на 28от Охридски атлетски маратон

Post Views: 162 28от Охридски атлетски маратон доби старо нови победници. Втора година со ред, исклучително тешката патека од Свети Наум до градскиот парк во Охрид прв ја истрча унгарецот Лајош Берец кој доминираше и на претходното издание на маратонот. Во женска конкуренција пак, на тронот се искачи рекордерката на патеката, србинката Ана Суботиќ.„Беше навистина добра трка за мене. Времето беше малку топло при крајот на тката, но се чувствував добро, тренирав многу преку летото, па имав надеж дека ќе истрчам добро време, двајцата маратонци од Србија беа навистина добри, но ги победив...

Продолжи со читање

Салонот за мебел Гир Риг веќе 20 години носи топлина и удобност во домовите на охриѓани

Post Views: 340 20 години убави, топли, привлечни и удобни домови, 20 години успешна бизнис приказна и задоволни потрошувачи. Салонот за мебел „Гир Риг“ од Лескоец денес прославуваше 20 години од своето постоење на пазарот во Охрид, а последниве години и на пазарите во Битола и Кичево. После толку долго опстојување на пазарот за мебел во нашиот регион, нивната цел останува кристално јасна.„Наша цел е секогаш да бидат купувачите задоволни. Тоа го правиме со тоа што се стремиме кон еден целосен квалитет. Не само квалитет на производот, туку секогаш тука ни е и квалитетот на услугата....

Продолжи со читање