Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 181 Охриѓани во неизвесност дали дел од паркинзите во Зона Б кои со летниот режим на сообраќај беа префрлени во поскапата Зона А ќе бидат вратени во првобитната или ќе останат во моменталната зона. Летниот режим на сообраќај заврши на 1ви Септември, но на овие паркинзи и натаму се наплаќа по ценовникот за паркинзи од Зона А, односно по 30 денари за час. Граѓаните се прашуваат кога паркинзите ќе се вратат повторно во Зона Б, каде за час паркирање се наплаќа по 20 денари.Од претпријатието велат дека постои можност зоните на паркирање да се вратат по старите цени, но исто...
Највкусното ѓомлезе, полнети пиперки, јагула на охридски начин на Охридска софра 2014
Post Views: 209 Полнети пиперки со најразлични филови, полнети црни домати, јагула на охридски начин, лепчиња пржени во мед и јаболка и највкусното ѓомлезе. Денес охриѓани, домашните и странски туристи кои допатуваа во охридското село Скребатно имаа можност да уживаат во овие вкусни и традиционални јадења приготвени во рамките на втората по ред „Охридска софра“. Главната ѕвезда на настанот беше секако традиционалното охридско ѓомлезе. Нема кој не чул за него, а ние денес имавме можност да се увериме во тоа. „Ова ми е прв пат овде. Многу е интересно да се гледа како го подготвуваат...
Пожар над селото Опеница
Post Views: 186 Над охридското село Опеница рано изутринава се запали тревна и нискостеблеста вегетација. Поради ветрот огнот брзо се ширел и за кратко време зафатил поголема површина. На лице место излегоа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид и стручните служби при ЈП „Македонски шуми“ кои поради непристапноста на теренот пристапија кон гаснење на пожарот со рачни распрскувачи на вода. Пријавено е дека има пожар некаде околу 9 часот и 30 минути при што брзо интервенирале шумочуварските служби заедно со територијалната противпожарна единица од Охрид. Пожарот е ставен...
Локалната поставува „легнати полицајци“ низ охридските улици, „Карпош Војвода“ заобиколена
Post Views: 196 Жителите на улицата „Карпош Војвода“ се чини ќе треба да почекаат за и на нивната улица да се постават сообраќајни грпки или популарните „легнати полицајци“. Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при локалната самоуправа од вчера започна со поставување на вакви сообраќајни грпки со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот низ охридските улици. Но во списокот со улици на кои истите ќе бидат поставени, ја нема „Карпош Војвода“. Од локалната информираат дека поставувањето на сообраќајните грпки ќе се спроведува во повеќе фази. Во првата, вакви сообраќајни...
Медичи Кантантес од Полска добитник на Гран при наградата на Охридскиот хорски фестивал
Post Views: 190 Хорскиот состав Медичи Кантантес од Медицинскиот универзитет во Вроцлав Полска е добитник на наградата „Гран при“ на Шестото издание на Охридскиот хорски фестивал. Полскиот хорски состав со изведбите на „Глорија“, „Македонско оро“ на Тодор Скаловски и неколку други нумери беа избрани како севкупни победници во групата од седумте финалисти кои денес го имаа последниот настап на годинешниот Охридски хорски фестивал. На годинешното шесто издание на Охридскиот хорски фестивал, вкупно настапија 34 хорови и тоа од Литванија, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Германија,...
Нема проширување на НАТО и ЕУ, но Македонија продолжува со реформите вети-министерот Попоски
Post Views: 174 Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, нашето членство во НАТО алијансата, но и проширување на соработката и билатералните односи на Македонија и Латвија. Ова беа главните точки на дискусијата на денешната работна средба помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот колега од Латвија, Едгарс Ринкевичс. Министерот Попоски вели дека државата е во очекување на извештајот за напредокот на земјата во спроведување на реформите за членство во Европската унија, со која од наредната година ќе претседателствува токму Латвија....
Белгиецот Брајан Рикеман е победник на 28от Охридски пливачки маратон
Post Views: 183 Белгиецот Брајан Рикеман е победник на годинешното 28мо издание на Охридскиот пливачки маратон. Рикеман беше поиздржлив и побрз од останатите дваесетина маратонци и прв ја исплива познатата патека „Климе Савин“. Жестока битка како и во најголемиот дел од трката се водеше и при самиот крај, односно пристигнувањето на првата група на целта на градското пристаниште. „Многу сум уморен, многу тешка трка. Не бев во најдобра форма. Затоа што станав татко за прв пат па зедов една година одмор, тренирав последните пет недели, периодот беше краток, но многу сум среќен што...
Холивудска продуцентска компанија, ќе снима кратки промотивни филмови за Охрид
Post Views: 208 Охрид, Галичица, св Наум, охридскиот бисер, филигранството и пештерните цркви во Струга ќе се промовираат во светот преку кратки филмови кои ќе ги изработи холивудска продуцентска куќа. Од утре па се до 10ти септември во Македонија ќе престојува тим на компанијата Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). Познатиот CNN Travel Guru, репортер, продуцент и поранешен дипломат Перси Вон Липински, во Македонија на инфо тура која ќе трае 18 дена носи екипа составена од познати професионалци во филмската индустрија. Тимот на Липински го сочинуваат: Филип Голдфајн...
Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите
Post Views: 197 Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно...
Донација детски прекривки за три јавни охридски установи
Post Views: 185 Нови прекривки за дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“, и дечињата при детските одделенија во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид. Општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп донираше 400 нови детски јорганчиња кои се и повеќе од добредојдени за овие три јавни установи.„Токму го пополнува недостатокот на она што имавме потреба, односно да ги смениме старите ќебенца кои што досега ги користевме, а ја продолжуваме соработката со Црвениот крст која континуирано сиве овие години ја имавме,...
Охрид главна тема на разговор секоја прва недела во месецот во градот-музеј Дузбург во Холандија
Post Views: 178 Обично туризмот, Холандија и прекрасните пејсажи од Охрид се поврзуваат со холандските туристи кои го посетуваат нашиот бисер. Врската и сега постои, но од другата страна. Славица Секулоски Ван ден Берг е уметникот кој последниве 35 години од својот живот ги поминува во земјата на лалињата, но уште повеќе земјата на Ван Гог, на Рембрант. Водата, планините, езерото, ова се впечатоците и сеќавањата кои никако не ја напуштаат Секулоски, токму затоа, овие мотиви, мотивите од вечниот Охрид се она што најчесто се наоѓа како мотив во нејзините слики. Уметник по потекло од...
Геријатриското одделение во Охрид се поднови со медицински душеци и машина за перење
Post Views: 198 Геријатриското одделение при Општата болница од Охрид се поднови со 22 медицински душеци, машина за перење, неколку простории обложени со ламинатни подови и уреден двор. Сето ова како донација од социјалното друштво „Свети Наум-Охридски“ од Мелбурн-Австралија кое досега во неколку наврати има донирано во охридската општа болница. Од друштвото велат дека сето ова што го донираат е со цел да се направи поудобен престојот на старите и изнемоштени лица во геријатриското одделение. „Нема на кого немаме помогнато досега во градот Охрид, во Општа болница Охрид, и на поединци...