Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Lugansky

Николај Лугански за ново и неповторливо музичко доживување на Охридско лето

Post Views: 14 Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, рускиот виртуоз, Николај Лугански, вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето. Прекрасната акустика на црквата „Св.Софија“ ќе даде свој печат на концерот на Лугански, кому ова му е четврт настап на Охридско лето. Лугански е воодушевен од природните убавини на Охрид, за кои посака вечно да останат непроменети. Вечерва за музичките сладокусци тој избрал дела од двајца музички великани. „Денес ќе свирам музика од двајца автори Шуберт и Чајковски, Шуберт соната во ц-мол, две големи сонати, една од трите негови...

Продолжи со читање

privatno smestuvanje

Зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи

Post Views: 14 Во екот на летната туристичка сезона, локалната со засилени и зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи. Според евиденцијата на секторот за туризам и локален економски развој, во Охрид има пријавено околу 2100 приватни станоиздавачи. Од секторот велат дека имаат реални проблеми успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи поради нивниот голем број. Од секторот за ТЛЕР велат дека таканаречените туристички редари во летниот период имаат полни раце работа, но и скоро невозможна мисија, обезбедување на почитување на законските прописи...

Продолжи со читање

ocila tumor

Охриѓанец изумител на очила со кои докторите ги гледаат канцерогените клетки за време на операција

Post Views: 18 Охриѓанец изумител на револуционерна технологија која ги детектира канцерогените клетки во реално време во текот на самата операција. Професор д-р Виктор Груев, наш сограѓанин кој веќе дваесеттина години живее и работи во Сент Луис, во САД, во медицината влегува случајно, но таму открива едно огромно поле на применливост на неговиот револуционерен изум, камера која им овозможува на докторите за време на операција да ги видат канцерогените клетки и целосно да ги отстранат. Вградувајќи ја камерата на очила, слични како популарните Гугл глас, проф.д-р Груев се наоѓа...

Продолжи со читање

ohridsko leto

„Кармина Бурана“ најава за 40 исполнети вечери на фестивалот Охридско Лето

Post Views: 15 Со шпанскиот спектакл, прекрасната сценска кантата „Кармина бурана“ на продукцијата Ла фура делс Баус, македонската филхармонија и македонската опера и балет утревечер свечено се отвора 55то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Сцената на Антички е подготвена да ги угости посетителите, и уметниците кои според директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска ќе приредат концерт за уживање. Јанкуловска потенцира дека овогодинешниот концепт на фестивалот ќе подразбира дека сите вечери ќе бидат настани сами за себе, со свое значење и вредност. „Покрај...

Продолжи со читање

stetni uv zracenja

Педијатрите предупредуваат да се заштитат бебињата од канцерогените УВ зрачења

Post Views: 61 Внимателно со изложеноста на директна сончева светлина. Иако најчесто луѓето се загрижени поради високите температури, сепак најголемата опасност според докторите не доаѓа од високата температура на воздухот, туку од високиот индекс на УВ зрачењето. Педијатрите предупредуваат дека особено подложни на штетните влијанија на штетното ултравиолетово зрачење се бебињата и малите дечиња. Предупредуваат дека мајките во никој случај не би требало да ги изложуваат своите дечиња на директна сончева светлина од 11 до 17 часот како би се заштитила нежната бебешка кожа. ...

Продолжи со читање

velo pateki

Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Post Views: 55 Дали охриѓани конечно ќе добијат репрезентативни велосипедски патеки во очи се поинтензивниот развој на урбаниот велосипедизам? Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со локалната работат на создавање услови за што помасовна употреба на велосипедот како превозно средство, но и како средство за рекреација. Претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски вели дека идејата е велосипедска патека на секоја улица. „Ние како идеја го имаме тоа замислено, ставена е идејата на хартија, вметната е во годишната програма и...

Продолжи со читање

urbana oprema kej

И по десет дена од почетокот на летниот режим на сообраќај, урбаната опрема на „Коста Абраш“ непоместена

Post Views: 17 Угостителите кои гравитираат на улицата „Коста Абраш“ во непосредна близина на кејот, не смеат да поставуваат урбана опрема на тротоарот, во периодот од 5 часот наутро до 20 часот навечер. Но и после 10 дена по стапувањето на сила на летниот режим на сообраќај, а со кој е регулирано поставувањето на урбана опрема на овој потег, масите и столиците не се поместени. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски потенцира дека согласно одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, урбана опрема може да се поставува, но во периодот од 20 часот навечер...

Продолжи со читање

strategija turizam

Изработката на стратегија за развој на туризмот прескапа за буџетот на локалната

Post Views: 12 Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на...

Продолжи со читање