Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 6 Уште недоизградена, новата пешачка рекреативна патека несовесни возачи ја користат како сообраќајница. Изминативе денови поголем број на граѓани реагираат на оваа негативна појава споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Оваа практика на охриѓани ја забележале и од локалната самоуправа од каде велат дека во најскоро време ќе бидат преземени мерки. „Седум-осум дена и до нас стигнуваат поплаки од совесни и загрижени граѓани дека пешачко рекреативната патека кај Студенчишта ја користат и автомобили. Она што ние следува да го преземеме во најкус можен рок е...
Се е подготвено за јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето
Post Views: 4 Се дотеруваат последните финеси пред почетокот на јубилејното 55то издание на нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот Охридско лето. Директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска вели дека сите сцени на кои ќе се играат прекрасните театарски претстави, на кои ќе се изведуваат некои од најзначајните светски музички дела се подготвени да ги примат изведувачите, но и верната публика која од година во година го следи фестивалот. „Ние сме кон крајот, односно завршени. Уште вчера сцената на Долни Сарај потврди дека е готова бидејќи е освежена....
Охриѓани први во фрапантниот тренд на иселувања од државава
Post Views: 6 375 охриѓани само изминатава година решиле да го напуштат родното огниште и спасот од тешката финансиска ситуација да го побараат во странство. Ова се дел од фрапантните податоци со кои минатата недела излезе Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на миграциите на населението. Само во 2014та државата ја напуштиле 740 граѓани во потрага по подобар живот. Охриѓани се наоѓаат во самиот врв на уште еден негативен тренд, а тоа е миграцијата во некој од другите градови во државата, каде единствено пред нас според статистичките податоци котира главниот град...
Архитектонскиот развој на Охрид треба да биде предмет на разгледување на повеќе струки
Post Views: 13 Охридската архитектура и развојот на градот треба да бидат природна архитектонска револуција која ги доближи различните временски стилови, а нема да ги конфронтира. Според професор д-р Мишко Ралев од Факултетот за архитектура при „Американ колеџ“ смета дека секое архитектонско дело мора да биде промислено и да е децении понапред од сегашноста во која треба да функционира. Тој смета дека охридската архитектура не смее да се става во временска капсула затоа што тоа не е музеј, но додава дека секоја промена и архитектонска еволуција мора да се прави без да се...
Слаб интересот кај полуматурантите за угостителската струка, гимназијата скоро со исполнети капацитети
Post Views: 3 Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место. „Како училиште,...
Првите патници од Базел слетаа на Охридскиот аеродром
Post Views: 6 Слетаа првите патници од нововоспоставената авиолинија Базел-Охрид-Базел на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“. Оваа директна линија е втора што во период од две недели се отвора летово од нашиот аеродром, после онаа до Лондон односно Лутон. Дел од 179те патници кои допатуваа од Базел се наши гастербајтери кои после повеќе децении за прв пат доаѓаат во родниот крај. Еве што значи воведувањето на оваа директна авиолинија за нив. „Многу, инаку тешко, Скопје се малтретиравме. Добро е, задоволни сме, прифатлива е цената, многу сме задоволни.“ „Еднаш на два три...
Одење по жица, огнено шоу, кловнови, магионичари на вториот „Баскер фест“ во Охрид
Post Views: 6 Охрид втора година со ред домаќин на фестивалот на улични перформанси „Баскер фест“. На десетгодишнината од овој исклучително популарен уличен фестивал, охриѓани ќе можат да уживаат и да се воодушевуваат во голем број несекојдневни улични перформанси. „И оваа година како лани ќе претставува еден комплементарен дел на манифестацијата „Бело лето“, и се надеваме дека само со тоа ќе го дополниме целокупниот впечаток што се однесува до симболичниот почеток на летната туристичка сезона. Претпоставувам и сум убеден дека со овие активности кои што испланиравме да се...
Локалната со летниот режим на сообраќај ќе го регулира и поставувањето на урбана опрема на ул.„Коста Абраш“
Post Views: 9 Од денес па до крајот на месец Август, посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје. Медитеранското катче како што своевремено локалната го нарече пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ од денес станува пешачка зона која што е поврзана со чаршијата и Кеј „Македонија“. Според посебниот режим на сообраќај, на овие улици од 5 часот наутро до 20 часот навечер ќе важи забрана за сообраќај, освен за жителите на Стар град, додека од 20 часот до 5 часот следниот ден ќе има целосна забрана за сообраќај за сите граѓани, освен за специјалните возила...