Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 218 Современа опрема и механизација, изградба на нови фарми. Ова се само дел од можностите кои ги нуди ИПАРД програмата за развој на руралните подрачја и земјоделие. За капацитетите кои ги нуди оваа програма, струшките земјоделци се информираа на средбата која тие ја имаа со Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој и земјоделие. Целта на оваа средба, според претставниците од Агенцијата е поблиску да ги запознаат граѓаните и да овозможат поголема искористеност на фондовите кои се нудат за развој на руралните подрачја. Токму искористеноста на средствата од ИПАРД...
Д-р Кочоски: Ја сакам хирургијата и своите пациенти, но ја сакам и Струга
Post Views: 290 Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата „Заедно за Струга“, денес пред новинарите се покажа во своето природно светло и природно окружување. Вработен како хирург во Општата болница во Струга, д-р Кочоски досега направил безброј интервенции. Денес имавме можност да присуствуваме на еден од овие негови зафати.„Мојата професија е благородна. Им помагам на сите луѓе кои што имаат потреба. Не правам разлика по етничка припадност, дали се македонци, албанци, роми или турци. Не правам разлика по верска припадност. Секој кој што дошол кај...
Разбирањето на ознаките на храната-прв чекор за безбедна исхрана
Post Views: 304 Здравјето велат доаѓа преку устата. Оттука консумирањето на безбедна храна со соодветни прехрамбени својства е еден од начините за заштита на здравјето на потрошувачот. Токму ова е причината поради која Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија, денес организираа еден едукативен караван во Струга. Тие на потрошувачите им делеа летоци и брошури за најлесните методи за читање и разбирање на ознаките на производите и препознавање на потенцијално небезбедните состојки во тие производи.„Би сакала да нагласам дека потрошувачот...
Мировниот Корпус Македонија носи нова група волонтери во земјава
Post Views: 236 Нови волонтери на Мировниот Корпус доаѓаат во земјава. Оваа независна американска владина агенција веќе 17 години испраќа свои волонтери во земјите ширум светот како би работеле на унапредување на заедниците. Во Македонија тие работат на спроведувањето на две програми. Едната се однесува на унапредување и развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта, додека другата програма е за развој на заедниците, локалните самоуправи, општините и невладините организации. Волонтерите на Мировниот Корпус во нашата држава престојуваат по две години, а доаѓаат...
Врвна организација, стил, елеганција-Импакт Груп ја освојува и Струга
Post Views: 256 Фантазијата, идејата, инспирацијата во својата најелегантна форма, пристигнаа и во Струга. Виновници за тоа се луѓето од познатата компанија за организирање на свечености „Импакт Груп“ од Охрид. Компанијата која веќе 5 години успешно работи во нашиот град и веќе 5 години создава свечености на кои луѓето со радост се сеќаваат, ја прошири својата дејност и во соседна Струга. Од најмалиот детал, до организирање на целокупното свечено искуство, големата ангажираност во Охрид, сега ќе ја пренесат и во Струга.„Тоа не наведе да отвориме уште една подружница во Струга. Клиентелата...
Порака Нова ги крши бариерите меѓу општеството и лицата со Даунов Синдром
Post Views: 220 Да се отстранат заблудите, граѓаните да се информираат и да знаат што е тоа Даунов синдром и кои се потребите на лицата со оваа состојба. Ова беше целта на денешните активности кои ги спроведе струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Анита Гаговска, проект менаџер во оваа невладина организација, вели дека се работи интензивно на информирање на јавноста дека Дауновиот синдром не е болест, туку состојба која не е пренослива, а дека лицата со оваа состојба се лица кои сакаат да се дружат, да учат, да...
Струшките невладини организации повикаа на фер избори
Post Views: 248 Невладините организации од Струга, Езерка, еколошкото друштво Енхалон и Мегалополис побараа фер избори и почитување на демократските права на сите граѓани. Изразија надеж дека локалните избори закажани за во недела нема да бидат недемократски, и потенцираа дека белегот кој ќе биде оставен по нивното завршување во секој случај ќе биде позитивна или негативна препорака за Европската унија.„Како невладина организација, јас ги повикувам на масовна излезеност сите граѓани бидејќи нашето мото е „Гласам, значи постојам“, но и гласањето да биде поединечно, секој да си гласа...
Јазикот на поезијата е универзален и светски јазик
Post Views: 219 Нема звук како звукот на прочитаниот поетски стих. Дали е пишуван на руски, англиски, шпански, српски или македонски, секогаш ги буди истите чувства. Нема поголем доказ за тоа од двете книги на големиот српски поет Ранко Радовиќ. „Милув“ и „Страор“ се двата двојни сонетни венци кои од денес ќе можат благо да прозвучат и на македонски јазик. Радовиќ вели дека ја сака Македонија, ги сака Охрид и Струга каде во младоста често доаѓал. Токму затоа се решил овие негови книги да добијат свој македонски препев. Но неговите мотиви се бројни и уште поуниверзални, па поетот вели...
Асфалтиран патниот правец Лескоец-Скребатно
Post Views: 225 Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно. Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец.„Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали...
Мал јубилеј на Охридскиот хорски фестивал
Post Views: 226 Јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал. Оваа веќе реномирана музичка манифестација слави пет години од своето постоење. Од 23-ти па до 27-ми овој месец повеќе од 40 учесници од 16 различни земји ќе настапат во натпреварувачкиот дел. Хоровите ќе ги оценува меѓународно жири, еден хор ќе биде прогласен за најдобар и ќе ја добие гран при наградата. Покрај натпреварувачкиот дел, и во ова издание ќе има ревијални настапи со фолк, поп и вечер на духовна музика. И годинава неизбежни финансиските проблеми, но директорот на фестивалот, Александар Димовски вели дека...
Се е подготвено за почетокот на Охридскиот пливачки маратон
Post Views: 200 Охридскиот пливачки маратон посилен од сите проблеми. Утре, по 26 ти пат ќе се одржи најреномираната спортска манифестација во земјава. Интересот годинава навистина голем. Вкупно ќе настапат 30 пливачи, 19 во машка, 11 во женска конкуренција, а ќе ги бранат боите на 12 земји од Европа и светот. Сите пливачи се подготвени и физички здрави според зборовите на медицинскиот делегат на ФИНА, Еиде Лубс. Главниот делегат на меѓународната пливачка федерација, Жан-Пол Нарсе, вели претходните два пати кога го посетил Охрид, пристигнал како тренер, на својот пливач, но годинава...
Студентите на ЕСРА со мултимедијален настап пред охриѓани
Post Views: 228 Културната понуда во Охрид, летово доби нова квалитативна инјекција. Студентите на универзитетот за аудио-визуелни уметности, заедно со своите ментори, подготвија посебна мултимедијална програма за деликатната аудио-визуелна перцепција на охриѓани. Деканот на факултетот за применета музика, м-р Дарко Мариновски вели дека не е лесно да се организира еден ваков настан, но дека мора да се размислува спонтано.„Тој настан е сеопфатен еден вид на мултимедијален настан кој што е поделен во четири категории, почнувајќи со промоции на книги и презентации на слики, продолжувајќи...