Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Нов изглед на струшкиот плоштад и реконструкција на Споменикот на револуцијата-дел од плановите на градоначалникот Села

Post Views: 21 Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга. Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат.„Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е...

Продолжи со читање

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Post Views: 9 Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија.„Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за...

Продолжи со читање

Тешко се дијагностицираат ретките болести, но уште потешко се стигнува до информации за нив

Post Views: 11 Сеуште се подготвува регистарот на ретки болести во Република Македонија. Во него треба да се вклучат сите пациенти со ретки болести, и оние што веќе се лекувале на товар на Фондот за здравство, и оние кои досега не биле институционално згрижени, но и пациенти за кои нема лекови. Регистарот никогаш не може да биде конечен, бидејќи секогаш ќе има нови пациенти кои се дијагностицираат, вели Весна Алексовска, претседател на здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Во светот постојат 8000 откриени ретки болести, од кои за само 250 има терапија....

Продолжи со читање

„Поезијата ја има моќта да ја направи туѓата земја како родно место“-порача годинешниот лауреат на СВП, Ко Ун

Post Views: 6 „Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот.„Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети...

Продолжи со читање

Фолклорниот фестивал „Пображење“ во Вевчани годинава во знакот на регионалната етнологија

Post Views: 7 Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД ...

Продолжи со читање

Бауцентарот „Набизи“-Струга со голем саем на најпознатите светски брендови на апарати, алати и машини

Post Views: 38 Голем саем на најпознатите производители на алати, машини и електрични апарати. Најголемиот бауцентар „Набизи-Струга“ денес со вистинско изненадување за стружани. На едно место, по дисконтирани цени, на сите заинтересирани им понуди запознавање со најновите производи од програмите на Горење, Сименс, Метабо, Електромашинен, Униор, Вурт и Макита. Посетителите навистина задоволни од она што имаа можност да го видат.„Во секој случај, ова е нешто ново за Струга, ова што се случува. Имаме овде поволни цени, гледам овде познати светски брендови од различни производители...

Продолжи со читање

Њу Јорк Тајмс ја смести Македонија во 52те земји кои треба да се посетат во 2015та година

Post Views: 7 Македонија дел од 52те земји кои туристите мора да ги посетат во 2015та година според Њујорк Тајмс. Овој престижен американски весник, составил цела листа од земји, региони, градови во светот кои оваа година треба да бидат вистински хит меѓу туристите. Македонија, според Њу Јорк Тајмс е следната Балканска дестинација. Во текстот објавен во секцијата за патувања, Македонија е претставена како земја на амбиентални манастири, земјата на прекрасното Охридско Езеро, но и земја за љубителите на авантура. Шар Планина со нејзините услови за планинарење, па и нашата винска...

Продолжи со читање

Струшките пензионери се пожалија на ФЗОМ дека незаконски им се наплаќа партиципација во здравството

Post Views: 7 Пензионерите од Струга денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива и изразија надеж дека по денешната работилница ќе бидат разрешени најголемиот дел од проблемите кои тие ги имаат од областа на здравственото осигурување. А еве со кои проблеми најчесто се соочуваат.„Најискрено да ви...

Продолжи со читање