Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во охридските агенции

Post Views: 6 Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во контекст на актуелните случувања кај нашиот сосед. Додека очите на Европската Унија се вперени кон оваа земја, во екот на летната туристичка сезона, во некои од медиумите се пренесува слика на граѓани кои брзаат да ги повлечат своите парични средства од банките, а проструи и информацијата дека во Грција има недостаток на гориво, како и тоа дека се лимитирани износите на средства кои може да се повлечат од банкоматите. Според дел од туристичките агенции од Охрид кои на клиентите им нудат аранжмани во Грција,...

Продолжи со читање

Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Post Views: 5 Капацитетите на охридското гинеколошко одделение се доволни за да ги опслужат пациентите најмалку во наредните дваесет години. Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Љубен Арнаудов, вели дека уште при реконструкцијата на болницата, капацитетот на одделенијата бил зголемен за четириесет проценти, вклучително и на одделението за гинекологија. Од тука, според него, апсолутно се подготвени да ги примат и оние родилки кои ќе допатуваат од Ресен по информацијата за затворањето на породилиштето во овој град. Д-р Арнаудов потенцира дека тие и досега работеле со...

Продолжи со читање

Децата кои питачат во Охрид привремено ќе се сместуваат во транзитен центар

Post Views: 7 Отворен транзитниот центар во Охрид, за децата кои питачат. Истиот е дел од заедничкиот проект „Општинско корисна работа“ на Министерството за труд и социјална политика односно Центарот за социјална работа од Охрид и Локалната самоуправа . 11 лица, ангажирани преку овој проект, ќе работат на спроведување на проектот по градинките, додека втората активност се однесува токму на третирање на проблемот со децата на улица односно децата кои питачат. „Министерството ни даде можност, ни обезбеди просторија за која се плаќа кирија и тие се наоѓаат во просториите на...

Продолжи со читање

Нов вандалски чин-сега настрадаа и жардињерите на новата пешачка патека

Post Views: 6 За само неколку дена уште еден вандалски чин на несовесни граѓани на новата пешачка патека. По дрвцата овој пат настрадаа поставените жардињери кои треба да ја разубават оваа патека и да и дадат модерен изглед. Несовесни граѓани го искршиле украсниот мермер со кој се поплочени жардињерите, а кој штотуку почна да се поставува. Овој чин утринава бил забележан и од вработени лица во ЈП „Охридски комуналец“ како и од оперативците кои ги изведуваат градежните работи на пешачката патека. Од локалната самоуправа изразуваат жалење за ваквиот чин. Велат дека е...

Продолжи со читање

30 дечиња од Македонија и Турција подготвија тројазична претстава за охридската публика

Post Views: 4 Земјата Фантазија е загрозена и само ако на Бастијан, детинестата Кралица и другите нивни пријатели им успее наново да ја создадат и со нивните сништа и желби повторно да ја оживеат, таа може да биде спасена. Ова е само мал вовед од големата претстава која 30 дечиња од Македонија и Турција заеднички ја подготвуваат во рамки на првиот меѓународен театарско јазичен камп на кој домаќин е основното училиште „Григор Прличев“. „Идејата потекна од ланскиот камп во Истанбул, кога исто беше во организација на Гете институт. Се одлучивме да направиме еден камп, нешто...

Продолжи со читање

Global Challengers: „Нема големи натпреварувања без спонзори“

Post Views: 6 Милчо „Nacho“ Кироски, Слободан „Danko“ Боев, Мартин „Hex“ Ангелоски, Димитрије „Dreadon“ Јовановиќ и Зоран „Busilica“ Стојановски е огнената кантер страјк петорка на Global Challengers од новиот бран млади охридски играчи. Моментално рангирани на самиот врв во Македонија велат, со судни маки и многу откажувања, успеваат да го извлечат максимумот од себеси и од секоја ситуација. Сепак, немаат некој позначителен настап на некој поголем турнир. Проблемот лежи во финансиите. Капитенот на екипата, Милчо Кироски вели дека одвојуваат од сопствениот буџет за да направат...

Продолжи со читање

Хортикултурното уредување на новата пешачка патека-мета на несовесни граѓани

Post Views: 4 Младите новопосадени дрвца кои треба да ја красат новата модерна пешачка патека која се гради од Центарот за обука на вода накај Горица прва, не успеаа да преживеат ниту неколку дена.Најверојатно синоќа истите биле мета на несовесни граѓани кои ги искршиле гранките на овие дрва. Случајни минувачи зад камерите коментираат дека дури и кога се случува нешто добро за градот не може да помине без некој ваков несовесен чин. Оваа пешачка патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка и велосипедска патека, а доколку успее да одолее...

Продолжи со читање

Демант на концесионерот на плажата „Потпеш“

Post Views: 5 Во врска со прилогот за плажите на потегот Потпеш и Канео, емитуван во Дневникот на ТВМ на 24.06.2015г., до нашата редакција стигна демант од концесионерот на плажата Потпеш. Во него, меѓу другото, се бара објавување на записникот од извршениот инспекциски надзор во кој е констатирано дека нема никакви неправилности во работењето, односно дека дека плажата целосно го почитува соодносот на 40 % слободна површина за сите граѓани и 60 % површина на која се поставени реквизити (лежалки). Дополнително, концесионерот на плажата Потпеш во нивниот демант не информира...

Продолжи со читање