Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 177 Антички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул, ритам...
Маратонците и едриличарите денес во духот на „Илинден“
Post Views: 176 Како поубаво да се одбележи Денот на републиката од она што денес пливачите на Илинденскиот маратон и едриличарите на Илинденската регата го приредија и за себе, но и за сите љубители на овие два спортови. Охриѓани, но и сите туристи ја имаа можноста денес, да ги проследат овие два традиционални спортски настани, кои години наназад со својата елегантност привлекуваат внимание. „Убава традиција, убаво и за градот и за гостите да видат.“„Јас мислам дека е соодветно на денот, и ми се допаѓа. И во Скопје што успеав сабајле да видам на телевизија, се ми се допаѓа, организацијата...
„Његош и јас“ во Заливот на коските
Post Views: 173 Нетипична претстава на нетипична локација. Авторскиот проект на големиот режисер Паоло Маџели, „Његош и јас“ пред публиката на Охридско лето“ која ќе треба да отпатува до Заливот на коските за да ја погледне оваа театарска претстава. Според режисерот Маџели, „Његош и јас“ е приказна за времето кога ја запознавал Црна Гора и кога бил фасциниран од тогаш недопрениот простор. „Не е носталгична претстава, тоа не е некое сеќавање, има и некоја шизофренија. Маја ги игра во исто време час и Данило, час и Поповиќ и на крај една девојка. Нема никакви претензии тоа да биде...
За „Илинден“ традиционално едрилиците ќе забелеат во Охридското Езеро
Post Views: 192 Традиционално и годинава водите на Охридското Езеро ќе се белеат на 2ри и 3ти Август. Илинденската регата во организација на Едриличарската федерација на Македонија годинава ќе биде домаќин на помал број на натпреварувачи, а до овој момент сигурно е учеството само на македонските едриличарски клубови и тоа во класите Оптимист до 15 години , генерално до 12 години и девојчиња, ласер со подкласите ласер стандард, ласер радиал и ласер 47, потоа класите 470, микро и мини тонците, а годинава од Едриличарската федерација на Македонија велат дека ја враќаат и класата на даски...
Светски познатиот ди џеј Џејсон Фалцоне ексклузивно за ТВМ…
Post Views: 188 Еден од најпознатите хаус ди џеи во Америка и светот, Џејсон Фалцоне со специјален настап за охриѓани. Во ексклузивната можност која ТВМ телевизија ја доби да поразговара со ѕвездата на хаус музиката, Фалцоне откри дека подготвува посебен сет за кој очекува кај охриѓани да предизвика вистинско уживање. Стилот кој Фалцоне го негува и кој самиот го создавал во изминативе години наречен валкан хаус, вклучува миксање на 3 или четири песни истовремено што создава исклучителна мелодичност и енергија. „Вечер ќе имам еден уникатен сет, тоа е навистина посебна плажа ми велат,...
Приватните станоиздавачи немаат пристап до тоалети во рамките на автобуската станица
Post Views: 187 Поставувањето на туристичката берза кај градската автобуска можеби ја подобри грдата слика која приватните станоиздавачи ја создаваа обидувајќи се да дојдат до туристите, но отвори нов проблем. Оние приватни станоиздавачи кои во текот на денот ги нудат своите услуги во малата барака, имаат забранет пристап до јавните тоалети во рамките на автобуската станица. Дел од нив ни се пожалија дека кога немаат друга алтернатива, за тоалет се снаоѓаат како знаат и умеат, но тврдат дека со истиот проблем се соочуваат и туристите.„Кога во автобуската нема тоалетен, санитарен чвор,...
Заедничка понуда на Охрид и туристичките центри од соседството за поголема промоција на градот
Post Views: 171 Промовирање на природните и културно-историските убавини на Охрид и Македонија со цел светот да слушне за ова место. Генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Талеб Рифаи оваа порака ја пренесе на денешната средба со претставници од локалната самоуправа, како и при средбата со претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Генералниот секретар Рифаи изрази увереност дека Охрид може да стане едно од најпознатите туристички места во светот поради својата уникатна понуда.„Нема многу места низ светот кои имаат комбинација...
Свеста кај охриѓани за вирусниот хепатитис на високо ниво
Post Views: 186 Охриѓани во текот на целата година се информираат за вирусниот хепатитис, добиваат совети, но и институционална поддршка при лекувањето. Денес е светскиот ден за борба против хепатитис. Ова вирусно заболување е осмиот најголем убиец во светот, но за жал најголемиот дел од луѓето не се свесни за штетните последици од истиот. Целта на одбележувањето на 28ми Јули, меѓу другото е да се подигне свеста за вирусниот Хепатитис, да се повика на еднаков пристап до третман лекување, да се подобрат програмите за превенција и да се вклучат владите во борбата против хепатитисот....
Капетанија на пристаништата со обележана пловна зона ќе одредува каде да се движат скутерите
Post Views: 197 Капетанијата на пристаништата на Република Македонија бара можни алтернативи за тоа како скутерите и другите пловни објекти да коегзистираат со капачите во Охридското Езеро без да се загрозува нивната безбедност, но и без да се дискриминираат сопствениците на пловни објекти. Можната алтернатива треба да го замени начинот на кој досега Капетанија се справуваше со гарантирањето на безбедноста на сите капачи, но и пловните објекти, односно времено ограничување на пловидбата на скутерите. Капетанот на Капетанија на пристаништата, Горан Устијаноски вели дека годинава имаат...
Најголемиот кросовер пијанист на денешницата, Максим Мрвица ќе дава нова димензија на Охридско лето
Post Views: 223 Најпознатиот и најпродаваниот кросовер пијанист на светот, Максим Мрвица ќе ги спојува класичното и современото на сцената на Антички. Хрватскиот виртуоз на пијано, кој за прв пат гостува на Охридско лето и воопшто во Македонија, вели дека му е навистина мило што после подолг период конечно ќе има свој настап на нашиот реномиран фестивал. Мрвица ќе отсвири избор од неговите најдобри кросовер изведби, но ќе ја покаже и неговата класична страна и непресушната љубов кон класичните звуци на пијаното со изведбата на Листовата Х-мол балада. Мрвица ужива светска популарност,...
Здружена опозиција: „Поширока дебата за можно решение за Мостот на желбите“
Post Views: 197 Здружената опозиција, од „Мостот на желбите“ со апел и барање до локалните власти пред да се руши постоечкото да се изнајде адекватно ново решение. Денес рекоа дека за нив е несфатлива одлуката на средина од летната туристичка сезона да се прават зафати за рушење на мостот. „Овој мост го користат не само граѓаните кои живеат тука во населбата Канео, и кои навистина ги поврза на еден извонредно добар начин овие граѓани, меѓутоа го користат и многу од гостите. Реагираме како советници на оваа одлука, најпрво поради тоа што рековме дека сметаме дека на средина од оваа...
За прв пат услуга „all inclusive“ во туристичката понуда во Охрид
Post Views: 237 Годинава за прв пат услуга „Се е вклучено“ во туристичката понуда во нашиот град. Пионери во реализацијата на оваа идеја се луѓето од хотелот „Гранит“ кои велат дека за all inclusive услугата размислувале веќе неколку години, но дека оваа година конечно стигнале и до нејзина реализација. Од менаџментот на хотелот „Гранит“ велат дека нивната одлука да го применат овој модел на работа не е некоја голема иновација со оглед дека во другите туристички дестинации одамна се применува, но додаваат дека овој тип на услуги во туристичките објекти е она што на Охрид му недостасувало....