Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Трагикомичната фарса „Ждрело“-претстава за алчноста на современото општество

Post Views: 219 Урбаната бајка за консумеризмот и потрошувачкото општество „Ждрело“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, утревечер на програмата на Охридско лето.  Оваа трагикомична фарса како што ја опиша режисерката Зоја Бузалковска говори за алчноста на материјалистичко-лакомиот свет кој е присутен глобално. Директорот на Драмскиот театар, Роберт Велјановски, вели дека Драмски втора година со ред игра премиери на Охридско лето.„Не постои национален театар без национална драма. Оттука Драмски, секоја година изведува драмски текстови на домашни автори, Драмскиот театар промовира...

Продолжи со читање

ИмаТ и во Охрид супер музика за без пари

Post Views: 188 Нивниот фанк, џез, соул, македонските и странските песни, ги воодушеви сите присутни на плажата „Куба Либре“. Сопствениците на објектот велат дека синоќешната забава била нивниот подарок за посетителите. Синоќа охриѓани и бројните туристи имаа уникатна можност да уживаат во звуците и мелодиите на култниот Биг Бенд на Македонската радио телевизија.  Овој фантастичен состав на музички таленти, од кои голем број членови на Македонската филхармонија, на сите посетители на плажата Куба Либре на Охридското крајбрежје им понудија неверојатни џез и фанк звуци, македонски и...

Продолжи со читање

Охриѓани ќе почекаат на улично осветлување со лед светилки

Post Views: 254 Булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, како и улицата „7ми Ноември, според економскиот оператор кој е задолжен за одржување на уличното осветлување, биле во најкритична состојба кога започнале да го спроведуваат договорот за јавно-приватно партнерство со општината. Компанијата ДУ-ЕЛ-МА која веќе 20 години работи во областа на електрониката, почнувајќи од средината на минатиот месец, откако на јавниот повик беше избрана за најповолен понудувач,  започна со активности за замена на уличното осветлување токму на овие најкритични точки. Договорот кој го склучиле...

Продолжи со читање

Две локации во игра за изградбата на градската марина

Post Views: 203 Утврдувањето на конечната локација за изградба на градската марина е при крај, најавуваат од локалната самоуправа. Реализацијата на овој проект кој долги години наназад се најавува, според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе добие финансиска поддршка од Владата, односно средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината, во моментов се одлучува помеѓу две локации.„Во оптек се две локации, едната е локацијата во централното градско подрачје до старото градско пристаниште и втората локација е некаде околу каналот „Студенчишта“ за кои што...

Продолжи со читање

Нелегален приклучок на канализациона шахта-причина за загадувањето на реката Сушица

Post Views: 205 Канализациона шахта која се прелева е причината за загадувањето на реката Сушица. Жителите на Радојца Новичиќ години наназад реагираат на постојаното преплавување на шахтата, но и одвратната миризба која се шири, а која за нив, за жал е секојдневние. Одговори побаравме од локалната самоуправа. Од таму ни одговорија со допис, велејќи дека проблемот настанува поради тоа што постои нелегален приклучок на канализациона шахта поради што се надминува капацитетот на мрежата и доаѓа до прелевање. Велат дека дел се влева во реката, а дел продолжува низ одводниот систем. Нелегалниот...

Продолжи со читање

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација

Post Views: 186 Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација. Иако процесот на бележење на истата сеуште не е завршен, после само 10тина дена откако се започна со бележење, дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска улица, булеварот „Туристичка“ одвај да се препознаваат. Граѓаните со свој став.„Не е добро тоа. Јас не живеам тука. Ама не е добро, ова треба да се поправи.“„Не изгледаат дека се нови обележани, многу чисти.“„Не се обележани, но сепак спрема други места добри се.“„Добро се обележани, ама...

Продолжи со читање

Оперските ѕвезди Фритоли и Нучи на средба со претседателот Иванов

Post Views: 190 Покровителот на фестивалот Охридско лето, претседателот Ѓорѓе Иванов организираше прием за оперските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи во вилата Билјана во Охрид.           Атрактивната сопранистка и еден од најдобрите баритони на денешницата, вчера по слетувањето на аеродромот Свети Апостол Павле заминаа во претседателската вила.           Претседателот Иванов на средбата им раскажал за историјата на Република Македонија, ги запознал со историјата на Охрид, како и со легендите за нашиот град. Високите гости се воодушевиле од убавините што ги виделе од терасата на...

Продолжи со читање

Прекршочни и глоби за продавачите на фалсификувана роба на охридскиот пазар

Post Views: 221 Акција за сузбивање на пиратеријата во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги контролираше продавачите на градскиот пазар, кабелските оператори и приватните здравствени установи. Се проверувале евентуалните повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Повеќе случаи на пиратерија биле затекнати на тезгите на градскиот пазар.„Во делот на повреди на индустриска сопственост е исконтролиран пазарот во Охрид кај што има присутност на трговски марки...

Продолжи со читање

Со помош на волонтеризам до кршење на предрасудите за лицата со аутизам

Post Views: 161 Волонтеризмот одлична алатка за подлабоко спознавање со аутизмот и кршење на предрасудите кај луѓето во однос на оваа и на неа сличните состојби. Денес, 36 волонтери од шест различни земји кои работат на проектот кој носи сличен наслов „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ ја посетија нашата општина и ги споделуваа своите искуства, односно искуствата на нивните држави во справувањето со проблемот со аутизмот, но и слабата информираност кај луѓето за каква состојба всушност станува збор. Според Ѓоко Вукановски од Волонтерскиот центар од Скопје кои се дел од проектот,...

Продолжи со читање

Швеѓани ќе ни ги расчистуваат некомерцијалните плажи

Post Views: 166 Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската.„Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто...

Продолжи со читање

53-от Балкански фестивал на реновираната сцена на Долни Сарај

Post Views: 181 Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна. „На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до...

Продолжи со читање

Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош

Post Views: 179 Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...

Продолжи со читање