Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 179 Осветен „Фаќачот на крст“. Спомен обележјето во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици денес доби благослов од Македонската православна црква, а поздравено од поранешните кумови на манифестацијата, членови на Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и бројни граѓани на градското пристаниште. Според градоначалникот на Охрид, и кум на „Водици 2014“, Никола Бакрачески, со спомен-обележјето само се продолжува традицијата што е вкоренета во меморијата на охриѓани низ вековите. „Нешто што се пренесувало од...
Студентите од летната школа за архитектура се запознаваат со архитектонските црти на Охрид
Post Views: 170 33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина. Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата светска...
13ти Канео фест
Post Views: 174 13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи. Посетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи. „Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат...
Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи
Post Views: 186 Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест.„Апсолутно поведени од нивната иницијатива,...
Од утре нов режим на сообраќај во градов
Post Views: 169 Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид. Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат...
Министрите за култура од земјите од ЈИЕ ја јакнат културата во функција на развојот
Post Views: 183 Министрите за култура земјите од Југоисточна Европа ќе градат заеднички платформи за јакнење на културата во функција на развојот. На првиот состанок на Советот на министри за култура од овие земји на кој домаќин е токму нашиот град, тие ја добија и поддршката на УНЕСКО. Генералниот директор на оваа институција, Ирина Бокова, истакна дека учеството и значењето на Република Македонија во зајакнување и одржување на меѓународната соработка во областа на културата е навистина значајна.„Имаме солидна основа на соработка, само да споменам дека Македонија е членка на извршниот...
Три дена „Бело лето“ во Охрид, главна атракција, групата Нокаут
Post Views: 162 Второ, „Бело лето“ во Охрид. Оваа манифестација која е во организација на локалната самоуправа од Охрид и секторот за туризам и локален економски развој ќе трае три дена во кои угостителските објекти во градов ќе имаат продолжено работно време и попуст на услугите кои ги нудат. Минатата година, од секторот за тлер се пофалија на голем одзив за учество во манифестацијата од околу 90ина угостителски објекти, но годинава не кажаа конкретна бројка ниту пак колку се задоволни од одзибжвот на угостителскиот еснаф . Манифестацијата „Бело лето“ годинава се одржува по втор...
Eзерската и граничната полиција подготвени за спасување на вода
Post Views: 202 Припадниците на граничната и езерската полиција од Охрид одлично се покажаа во спасување на вода. Денес тие демонстрираа дел од стекнатите вештини во тридневната обука која инструкторите од операцијата „Флоријан“ и Црвениот крст од Охрид ја спроведуваа токму за нашите полициски службеници. Тие успешно извлекоа давеник од водите на Охридското езеро, третираа отворени рани, даваа вештачко дишење на бебе. Сето ова беше дел од нивната денешна демонстрација која се случуваше на малото пристаниште спроти хотелот Палас.„Оваа обука значително ќе придонесе во професионалното,...
Лајонс клубовите донираа на ранливите категории
Post Views: 208 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција.„Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во вид...
Охридските доктори прво сами ќе се откажуваат од пушење, а потоа ќе помагаат на пациентите
Post Views: 242 Докторите и медицинскиот персонал од Охрид први ќе се откажуваат од пушењето во новоотвореното советувалиште за откажување од пушење. Високиот процент на пушачи во категоријата здравствени работници ќе се намалува во она што се нарекува прва фаза од функционирањето на советувалиштето за откажување од пушење. Во втората фаза, откако ќе се справат со сопствената зависност, здравствените работници ќе се обидат да им помогнат на нивните пациенти да го сторат истото. Ова советувалиште ќе функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид, а е дел од поголемата...
Прво издание на „Црешнобер“
Post Views: 183 Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата...
Бесплатен летен одмор за децата од охридските семејства во социјален ризик
Post Views: 183 И годинава бесплатно летување за дечињата од охридските семејства со социјален ризик. Проектот на Министерството за труд и социјална политика предвидува ова право да го искористат децата чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток како и деца без родители и родителска грижа. Годинава опфатени се децата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои во моментот посетуваат настава од петто до осмо одделение. „Аплицирањето за користење на ова право се врши во Центарот за социјална работа,...