Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

knigi pastrmka

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Post Views: 15 Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов. „Мислам дека и понатаму е во...

Продолжи со читање

migranti

На патот кон подобро утре, мигрантите минуваат низ нова голгота-дознајте како да им помогнете

Post Views: 12 Охриѓани самоиницијативно се мобилизираат за помош на мигрантите кои секојдневно пешачат долж железничките пруги во Македонија. Немилите настани во кои бројни мигранти ги загубија своите животи во потрага по подобро утре, наголемо го отворија прашањето за третманот на нелегалните мигранти во земјава и законската регулатива која нив ги третира. Поведени од овие причини, најпрво поединци, самоиницијативно започнаа со непосредно помагање на мигрантите кои секојдневно ја поминуваат грчко-македонската граница транзитирајќи кон некои од западноевропските држави. Во...

Продолжи со читање

pazar

Избрано идејното решение за затворениот градски пазар се чека усвојување од Министерство за транспорт

Post Views: 15 Идејното решение за изградба на затворениот градски пазар веќе избрано, се чека официјално усвојување од страна на Министерството за транспорт и врски. Во фазата на изработка на идејни решенија за пазарот стигнале четири проекти, но најприфатливо и за министерството за транспорт и врски и за локалната самоуправа било она на архитектот Вангел Рафтоски од Струга. Како што не информираа од АД „Илинден“ од Струга, фирмата приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, ова идејно решение е веќе дадено на усвојување во Министерството за транспорт и врски....

Продолжи со читање

velosipedi

Велосипедско дефиле низ охридските улици за подигнување на јавната свест за безбедноста на велосипедистите

Post Views: 14 Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на...

Продолжи со читање

hrana tehnologii

Биоразградлива амбалажа и нанотехнологија за производство на побезбедна и поздрава храна

Post Views: 17  Употребата на новите технологии и пронајдоци нудат светла иднина за производство на поздрава и побезбедна храна. Хемичари, технолози и нутриционисти од Македонија, Србија, Хрватска, САД, Грција денеска во Охрид дискутираат околу здравствените бенефити на различни видови храна, начини на пакување на храната, технолошка подготовка и обработка на истата. Посебно место заземаше дискусијата за употребата на нанотехнологијата во производството на зрава и безбедна храна. Според деканката на Техничко-технолошкиот факултет од Велес при Универзитетот „Св.Климент Охридски“...

Продолжи со читање

petkoski poet

Соодветна локација за бистата на Радослав Петкоски бараат граѓани

Post Views: 15   Неизмерната почит кон својата учителка поттик за благородна граѓанска иницијатива. Група граѓани после пет децении од завршувањето на основното образование поведоа иницијатива за поставување на спомен бистата на истакнатиот охридски поет Радослав Петкоски на видна локација во градов. Јован Митрески, дел од иницијаторите вели дека имаат малку податоци за локацијата на оваа биста. Вели дека истата во 1969та била најпрво поставена во дворот на црквата „Св.Јован Канео“ за потоа да биде дислоциран во градскиот парк веднаш до спомен обележјата на илинденците и...

Продолжи со читање

ugostiteli

Ќе го избегнеме ли сезонава етикетирањето како најскап туристички центар во земјава?

Post Views: 12 Ќе биде ли Охрид и оваа туристичка сезона етикетиран како најскап град во нашава земја? Веќе неколку години наназад на социјалните мрежи угостителите трпеа остри критики од незадоволни туристи претежно од земјава околу цените на услугите во дел од угостителските објекти. Често на социјалните мрежи се објавуваа фотографии од фискални сметки од одредени објекти каде туристи платиле дури и двојно поскапа услуга или производ од она што биле навикнати да го плаќаат во местата од каде што доаѓаат. Во исто време пак, најголемиот број од угостителите коментираа дека...

Продолжи со читање

palmi

Охриѓани загрижени дека садењето на палмите ќе значи сеча на постоечките многулетни дрва

Post Views: 18 Дали садењето на палмите покрај кејот ќе значи и отстранување на автохтоните дрва во нивна непосредна близина? Охриѓани загрижени дека лошо им се пишува на многулетните дрва во чија непосредна близина се засадени егзотичните палми, особено на потегот од Центарот за обука на вода накај плажите. Оваа дилема во вид на пратеничко прашање беше актуелизирана и од страна на пратеничката Лилјана Попоска од партијата ДОМ. Таа го запраша заменик министерот за животна средина дали повеќегодишните стебла ќе се сечат за да се заменат со палми и за да се претвори Македонија во...

Продолжи со читање