Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Јубилејна петнаесетта манифестација за Денот на Охридското Езеро

Post Views: 177 15 годишнина од одбележувањето на 21 Јуни, Денот на Охридското Езеро. Уште од  2000та година, овој ден се одбележува со посебна манифестација во еден од трите града кои лежат на Охридското Езеро, Охрид, Струга и албанскиот Поградец. Годинава, токму Поградец е домаќин на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро. За посетителите од крајезерските градови, домаќините организираа саем на традиционални производи, културни и спортски манифестации. Во агендата е поместено и свечено отворање на два хотелски капацитети. Од Охрид, на настанот во Поградец ќе учествува заменик-градоначалникот...

Продолжи со читање

Младиот охриѓанец Зекир Ајруш бронзен на олимпијадата за екологија во Њу Јорк

Post Views: 293 Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД. Зекир, бронзениот медал го освои  претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно прикривање....

Продолжи со читање

Студентска апликација за сексуална едукација

Post Views: 227 Талентираните студенти од универзитетот за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ денес ги презентираа апликациите кои ги изработија за кампањата на компанијата „Дурекс“ за сексуална едукација на младите. Мерсиха Исмаиловска, координатор на натпреварот од универзитетот „Свети Апостол Павле“ за изработка на овие апликации вели дека како задача на тимовите им поставиле да изработат апликација која ќе се состои од квиз со 30 прашања, сексуален и менструален календар со бројни информации од областа на сексуалното здравје.„Тимовите како што видовте денес...

Продолжи со читање

Охрид, Галичица и манастирот „Свети Наум“ дел од холандско патеписно шоу

Post Views: 188 Охрид уште еднаш главна ѕвезда за Холанѓаните. Холандското патувачко шоу Channel 3 travels кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија снима документарна емисија за убавините на Македонија, во која секако се застапени Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс во Свети Наум. Тв екипата од Холандија веќе започна со снимање на знаменитостите и тоа на повеќе локации. Покрај убавините на нашиот град, Channel 3 travels ќе дел од емисијата ќе посвети на старите занаети во скопската чаршија, тврдината Кале, Даут пашиниот амам, спомен куќата на Мајка...

Продолжи со читање

Уличната уметност пристигна и во Охрид

Post Views: 172 Охрид обземен од уличната уметност. Благодарение на двајцата уметници од Бугарија Николај Божинов и Викторија Георгиева, нашиот град стана дел од нивниот балкански караван за сликање на мурали. Своето дело тие го насликаа на еден од ѕидовите од Центарот за култура „Григор Прличев“. Велат дека се среќни што имаат можност да насликаат една ваква творба токму во нашиот град и благодарни на Центарот за културен проток Артерија од Охрид на чија покана гостуваат во градов.„На почеток најтешко ни беше да ја направиме композицијата по скица и да ја префрлиме на ѕидот во поинаква...

Продолжи со читање

Роденденска торта, прекрасен јубилеј и хуманост

Post Views: 250 Конфети, роденденска торта, музика и хуманост. Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид, денес го прослави својот десетти роденден. Во свечена атмосфера, во салата „Тодор Александров“ во Велгошти, тие организираа кошаркарски турнир наменет за активните членови на клубот. „Денес го славиме нашиот јубилеј, десет години од нашето постоење. К.К Колибри како школа почна пред десет години на отворените терени на Ј.П „Билјанини извори“. Имавме богата историја позади нас, многу дечиња поминаа низ нашата школа и стигнавме еве до денешниов ден. Симболично со турнир само за нашите...

Продолжи со читање

Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?

Post Views: 173 Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на...

Продолжи со читање

Осветена портата на влезот од манастирот „Свети Наум“

Post Views: 212 Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј ја освети новоизградената порта на влезот од манастирот „Свети Наум“. Бројни верници, црковни претставници, претставници од локалната самоуправа од Охрид како и туристи денес имаа можност да ја чујат светата литургија со која манастирската порта го доби светиот благослов. „Свети Наум го заслужувал одамна овој лик да го има и се надевам дека уште повеќе со време ќе се разубавува ликот и убавината на Свети Наум Охридски. Се разбира дека имаше разни коментари и добронамерни и злонамерни, повеќе отколку добронамерни, но...

Продолжи со читање

Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината

Post Views: 201 Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината. Развојот на компјутерските технологии досега понудил огромни можности за развојот на општествата, но она што ќе го понуди за иднината е толку големо што тешко е дури и да се замисли. Професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот во Пернамбуко-Бразил, кој работи на применета вештачката интелегенција смета дека таа како концепт и како наука може да најде примена во многу аспекти од животот.  „Можете да создадете компјутери кои личат помалку на роботи, па да можат да учат од вашето однесување, да...

Продолжи со читање

Наградата „Горна порта“ во рацете на доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески

Post Views: 206 Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Претседателот на комисијата која ја доделува наградата, Игор Кичеец, смета дека критериумите за да се добие една ваква награда се доста високи. Кичеец вели дека самото име на наградата „Горна порта“ покажува на еден симбол на градот, но пред се една асоцијација на некои повисоки критериуми. Тој појаснува зошто се одлучиле токму Манасијески да биде добитник на наградата за 2013та година.  „Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано мноштво...

Продолжи со читање

Трета акција за собирање отпадно масло-наредните ќе се одвиваат со измени

Post Views: 286 Трета акција за собирање на отпадното масло од охридските домаќинства. На старото зборно место, на полигонот за мали спортови, граѓаните го предадоа маслото кое во текот на годината го собирале во специјално за тоа добиените кантички во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Освен граѓаните кои трета година со ред го предаваат употребеното масло, на денешната акција, за која дознал преку медиумите се приклучи и жител на нашиот град кој е по потекло од Германија. „Јас мислам дека ова е убава акција овде, зашто знам дека ако...

Продолжи со читање

Жителите на Сирула конечно ќе газат асфалт до селото

Post Views: 207 Свечено пуштен во употреба реконсруираниот и новоизградениот пат кој води до Сирула. Градоначалникот Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, Тони Димовски денес го посетија ова рурално место на христијанскиот празник „Свети Никола“ чие име го носи и селската црква. Мештаните велат дека го добиле  најубавиот подарок за денешниот празник.„Да се заблагодариме на локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески кој се заложи и Агенцијата за поддршка на руралниот развој кои ни дадоа средства,...

Продолжи со читање