Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Прва свечена академија на економското училиште „Св.Кирил и Методиј“

Post Views: 7 Прва свечена академија за средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Со настап на новооформениот хор, рецитал, фоклор и музика, во присуство на професорите, менаџментот на училиштето, како и директори и професори од други основни и средни училишта, родители, пријатели, претставници од локалната самоуправа, беше одбележан патронот и денот на сесловенските просветители св.Кирил и Методиј. Директорката Славица Костоска вели дека задоволството и возбудата се големи. Потенцира дека иако се нов правен субјект, тие не се нови во образовниот процес, туку само ја...

Продолжи со читање

Генерацијата првооделенци 1959та година од ОУ „Климент Охридски“ се присети на дружењата во училишните клупи

Post Views: 3 Со продорниот звук на тешкото ѕвоно, генерацијата првооделенци од 1959та/60та година од ОУ „Св.Климент Охридски“ денес повторно се сретна во ученичките клупи.Искрени прегратки, радост, неверување и по некоја скриена солза. Срцата не успеаа да ги скријат силните емоции на една генерација што се обединува после цели пет децении. Се расприкажаа меѓу себе, некои се дружеле сите овие години, некои сега повторно се запознаваа, некои ги оставиле своите сегашни животи патувајќи илјадници километри за да се видат со луѓето со кои пред многу години ги делеа ученичките...

Продолжи со читање

Охрид во борба за зачувување на биолошкиот диверзитет со кој расоплага

Post Views: 4  Ендемичната охридска пастрмка, охридската белвица, јагулата, преспанскиот крап се само мал дел од огромното природно богатство кое го имаме на дланка. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е еден од најбогатите региони со животински и растителен свет во земјава, но и многу пошироко. Денес, на меѓународниот ден на биолошката разновидност, Охрид се соочува со борба за зачувување на она што не смее да се изгуби, природните реткости кои го прават да биде уникатен сам по себе. „Фондот на животински свет кој што постои во НП Галичица кој може да се напомене и од...

Продолжи со читање

Охридските матуранти го одиграа традиционалниот квадрил

Post Views: 4  Синхронизирано, точно во 12 часот на знакот даден од Љубљана, колевката оваа традиција, матурантите од охридските средни училишта го заиграа штраусовиот квадрил заедно со своите врсници од 75 други градови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Море од црвени чадори и матуранти облечени во црвени и жолти маички ја продолжија традицијата и по десетти пат ја изведоа матурската парада. Учеството во неа, незаборавно за матурантите. „Чувството е многу убаво и незаборавно. Многу добро си поминавме додека вежбавме и сега исто...

Продолжи со читање

Звуци на национални инструменти, традиционални танци, јадења на „Ден на култури 2015“

Post Views: 6 Звуци на национални инструменти од Камерун, впечатлива и колоритна традиционална облека, малку историја, малку национална кујна. Студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ на третиот „Ден на култури“ се запознаваа меѓу себе, учеа за културата, традицијата и историјата на своите колеги од универзитетот, пееја и се забавуваа. Покажаа дека светот во кој живееме е мултикултурен. Еве со што се претставија дел од нив.„Имаме едно јадење во Египет што се вика Фул, тоа е грав, но е доста популарен има и домати во него и некои други елементи, но кога ќе се подготви е...

Продолжи со читање

600 примероци од луксузна фотоброшура ќе ги промовираат убавините на градот пред високите делегации

Post Views: 8 600 примероци од ексклузивна книга ќе ги потсетуваат високите претставници и делегации на убавините на Охрид. Оваа луксузна фотоброшура за Охрид веќе е испечатена и станува збор за комплетно авторска творба, односно сите фотографии и целокупниот текст се авторски дела на печатарската куќа Идеа плус од Скопје која е условно „виновна“ за оваа промотивна фотоброшура.„Целта на оваа фотоброшура или бела книга е да биде делена на високи гости би рекол. На лица пред кои треба да се претставиме на повисок начин. Нема да биде за масовна употреба бидејќи за таа намена имаме...

Продолжи со читање

Доминација на охридскиот аероклуб на државното првенство во воздухопловно моделарство

Post Views: 9 Тројца охриѓани на пиедесталот на државното првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп. Аероклубот Охрид на ова 63то издание на првенството традиционално се закитува со медали, а годинава од таму донесе дури четири и тоа златен, сребрен и бронзен медал во моделите со гума ф 1 б и бронзен медал во едрилиците за јуниори ф 1 х. На еден од најдобрите балкански спортски аеродроми во Коњари, нашите моделари Александар и Митко Цветаноски и Климент Масин, во тешки услови, со силни ветрови ги постигнаа овие одлични резултати. Од таму се вратија уморни, но со медали...

Продолжи со читање

Најмногу буџетски средства за проекти од јавен интерес локалната издвоила за областите на културата и спортот

Post Views: 3 1.475.000 денари издвоени годинава од буџетот на локалната самоуправа за поддршка на проекти од интерес за општина Охрид. Се финансираат проекти од облста на културата, спортот, животната средина односно екологијата, социјалата и проекти кои се однесуваат на најмладата популација. Годинава локалната, меѓу другото ќе ја поддржи изградбата на подна површина на прифатилиштето за бездомни животни на здружението Анималиа, проектот за пренуркување на Охридското Езеро на нуркачкиот центар Амфора, Поетската ноќ во Велестово, Охрид низ виртуелни панорами, проектот на...

Продолжи со читање