Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 213 Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј со бројни свечености и манифестации. Пригодна реч за делото на словенските браќа пред споменикот на светителите одржа писателот Тоде Илиевски, а букети свежо цвеќе положија повеќе делегации од локалната самоуправа, советот на општина Охрид, како и делегации од основните и средните училишта од градов. Воедно како дел од манифестацијата, градоначалникот Никола Бакрачески им додели награди на ученици од средните и основни училишта од градов кои добиле признанија на меѓународни и државни натпревари. Професор д-р Красимира...
Еуроњуз со сторија за историските богатства на Охрид
Post Views: 178 Познатиот информативен сервис Euronews во својата културна рубрика со сторија за нашиот Охрид. Репортажата, освен фантастичните снимки од нашиот град, вклучува и стручни коментари на неколку експерти од областа на историја на уметност, реставратори и туристички водичи како Милчо Ѓеоргиевски, Владо Муковски и Андријана Башоска. Во репортажата се зборува за историјата на градот почнувајќи од времето кога го носел името Лихнидос или Град на светлината. Во неа место пронајдоа и бројните археолошки пронајдоци со кои изобилува Охрид. Со особен интерес репортерката на Euronews...
Елшани добива нов резевоар за квалитетно водоснабдување
Post Views: 188 Елшани добива реконструкција на водоводниот систем. Месното население децении наназад мака мачи со водоснабдувањето особено во текот на летните месеци кога недоволниот притисок без вода за пиење оставаше повеќе од 700 жители. Како дел од реконструкцијата на водоводот, елшанци ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет, нови полиетиленски цевки кои ќе ги заменат старите азбестни во должина од 2200 метри, како и водоводна пумпа.„Претходно е констатирано дека е потребно да се изгради еден резервоар, поголем резервоар за вода, со вкупен капацитет од 100 метри кубни,...
Спојката помеѓу улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ повторно тесно грло
Post Views: 197 Дел од улицата „Коста Абраш“ повторно преполна со паркирани автомобили. Оваа тесна уличка која ги поврзува улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, години наназад, особено во текот на летната туристичка сезона е практично непроодна од сите паркирани автомобили и од едната и од другата страна. Таква слика нашата камера регистираше и денес.Жителите од стар град кои токму тука треба да поминат со своите автомобили, постојано се соочуваат со проблемот на тесно грло. Тие бараат присуство на сообраќајната полиција која ќе воведе ред и ќе ги санкционира непрописно паркираните....
Со хуманитарен настап за настраданите и охридскиот музички виртуоз, Дамјан Пејчиноски
Post Views: 199 „Имаме еден мал солистички настап. Ќе отсвирам неколку композиции. Така да идејата беше да се помогне, бидејќи сите знаеме дека не се случува ова многу често. Така да е добро да излезиме во пресрет на сите оние на кои им треба нашата помош. Нашите можности се скромни но сметам дека на еден начин ќе ги мобилизираме горе-долу граѓаните да донираат некој денар, што би им бил од голема корист на тие на коишто во моментот им е потребно.“-вели музичарот, Дамјан Пејчиноски.Клубот Џез Ин пак ќе ги донира средствата прибрани од разликата на куповната и продажната цена на...
Заминува првата пратка од Охрид за настраданите во Србија и БиХ
Post Views: 171 Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Охриѓани се одзваа на повикот за хуманост кој до нив го упати Црвениот крст од Охрид заедно со локалната самоуправа. Неколкуте нивни пунктови низ градот постојано прибираат помош од хуманите граѓани кои во голем број, секој колку може донираат за настраданите семејства во Србија и Босна и Херцеговина. „Голема количина на помош е овде собрана во Охрид, тоа е од 3 до 5 тона имаме најразновидна помош којашто во текот на утрешниот ден и во среда ќе биде испратена во Црвениот крст на Македонија од каде...
Започна сечата на дрворедот на „Партизанска“, липите ќе се менуваат со лигуструм
Post Views: 184 Липите на Партизанска заминуваат во заборав. Од денес започна сечата на овие повеќедецениски дрва како дел од реконструкцијата на дрворедот на улиците низ градов. Од ЈП „Охридски комуналец“ кои се задолжени за реконструкција на дрворедите, велат дека постоечките дрвја на „Партизанска“ ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Од „Комуналец сметаат дека искуството со реконструкцијата на дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ покажала дека лигуструмот има декоративен изглед и е отпорен на временски промени, аерозагадувања и заболувања и нема длабок корен,...
Охрид-главен центар на спортските збиднувања во земјава
Post Views: 191 Организирањето на завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија, Гимназијадата 2014та како и престојните финални средби во ракометниот куп на Македонија, само предвесник на многуте значајни спортски манифестации кои ќе се случуваат во Охрид во наредниов период. Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев вели дека сите овие спортски настани ставаат до знаење дека Охрид полека станува центар на најзначајните спортски манифестации во земјава. Тој со особена гордост го истакна одигрувањето на полуфиналните средби но и големото финале во ракометниот куп на Македонија...
Охридските пензионери највпечатливи на регионалната фолклорна ревија
Post Views: 199 Пензионерите од Охрид и Дебрца со впечатлив настап на 12та регионална фоклорна ревија на песни, музика и игри. На оваа традиционална фолклорна манифестација се претставија 10 културно уметнички друштва од исто толку градови. Фолклорните групи во три-часовната програма пееја староградски песни и ора и изворни рефрени. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца настапи со шест староградски песни и ора со постановката ,,На сараишче“. Охридското здружение на пензионерите имаше највпечатлив настап и во изборот на староградската носија карактеристична за нашето поднебје....
Во ЕМУЦ учеа за важноста од заштитата на флората и фауната во Охридско Езеро
Post Views: 203 Околу 120 средношколци од електро-машинскиот училишен центар-„Свети Наум Охридски“ денес имаа можност да се запознаат со тајните на Охридското Езеро односно неговиот жив свет. Денешното предавање беше дел од проектот на Здружението „Јадрански слив“, „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро.“„Денеска имаме гости од Секретаријатот за животна средина, подготвена е една трибина, предавање за флората и фауната во Охридското Езеро. Охридското Езеро е национално богатство, особено ние охриѓани сме горди на тоа што го имаме и мора да покажеме грижа од најмала до...
Охрид наметна нови стандарди за тоа како треба да се организира Гимназијадата
Post Views: 203 Грандиозна, воодушевувачка, со неверојатно свечено отворање. Ова се само дел од комплиментите кои ги доби најмасовната спортска манифестација годинава во државава, Гимназијада 2014та. Според претседателот на федерацијата на училишни спортови на Република Македонија, Александар Туфекчиевски, Охрид со организирањето на овој масовен спортски настан, докажал дека може да биде добар домаќин.„Се чувствува овде еден навистина олимписки дух. Едно спортско движење, овие три дена јас сум присутен во Охрид каде многу настани се случија спортски, а покрај тоа овде имавме и меѓународно...
Реформата на јавната администрација, главна тема на 70та средба на правниците од земјава
Post Views: 183 Измените во сетот на закони кои ја регулираат јавната администрација носечка тема на 70та по ред средба на правниците од Република Македонија. Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска смета дека измените во законите кои ја опфаќаат јавната администрација се во насока на обезбедување на поефикасна и поефективна јавна администрација. „Постојат повеќе новитети во законот, во сетот на закони, се работи за сет од закони кои беа усвоени. Генерално постапката на вработување, на селекција, на стручниот развој, стручното усовршување...