Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Охридските пензионери им пркосат на годините и постигнуваат одлични спортски резултати

Post Views: 4  Фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, скокови во далечина, стрелање, пикадо и шах. Ова се само дел од спортските дисциплини во кои од година во година охридските пензионери покажуваат одлични резултати. Некои од нив и во поодминати години до ден денес спортуваат и се активни и им пркосат на своите години. Дел од пензионерите велат дека учеството на едни вакви натревари е една дружба која прави да се чувствуваат исполнето. „Овие спортски игри, за нас пензионерите многу значат. Еден вид на дружење, разговор, се наоѓаме самите себе со своите пријатели, и се наоѓаме...

Продолжи со читање

О.К на ВМРО-ДПМНЕ ги повика охриѓани да се приклучат на големиот народен собир во Скопје

Post Views: 4 Јавен повик и покана до охриѓани да се приклучат на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во понеделник денес упатија од општинскиот комитет на партијата. Од комитетот порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ во понеделник, заедно со македонскиот народ, со сите свои браќа, албанци, турци, власи, роми, срби, бошњаци и сите други граѓани на Република Македонија, ќе упати повик за стабилна и силна Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите сограѓани, во понеделник ќе покаже дека како и секогаш досега се бори и ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија. Граѓаните на...

Продолжи со читање

Дел од охридските училишта сеуште немаат планови за заштита и спасување

Post Views: 5 Дел од основните и средни училишта од градов сеуште немаат планови за заштита и спасување. Како образовни институции, изработката на ваквите планови вклучително и плановите за евакуација во случај на неповолен настан, според Законот за заштита и спасување се задолжителни за сите образовни и јавни институции. Црвениот крст од Охрид досега има изработено вакви планови за осум училишта во Охрид и Дебрца како и за сите објекти на градинката „Јасна Ристеска“. „Остануваат уште неколку училишта кои што сеуште немаат планови и како што секоја година апелираме, апелираме и...

Продолжи со читање

Швајцарски туристи уживаат во масажа со босилок, вкусна риба и возење велосипеди на Галичица

Post Views: 5 Туристи од Швајцарија во тридневни аранжмани ќе уживаат во убавините на стариот дел од градот, ќе се запознаваат со охридските занаети, ќе ручаат рибни деликатеси пловејќи на сплав до изворите кај Св.Наум, ќе јаваат магариња во Елшани. По денот исполнет активности, ќе се релаксираат со прекрасна етно масажа со нане, мајчина душица и босилек во Елшани, а со поглед на езерото.  Ова се само дел од бројните благодети во кои туристите ќе уживаат во одморот полн со активности. Нивната посета на Охрид е во рамките на интегрираната инфо тура на туристичкиот кластер...

Продолжи со читање

Струшки АД „Илинден“ ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица

Post Views: 4 Градежната компанија АД „Илинден“ од Струга ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица. Оваа струшка компанија беше единствен понудувач на денешната електронска аукција на која се продаде градежната парцела за изградата на домот за стари лица. Почетната цена на парцелата изнесуваше 1393 денари за метар квадратен, а последната достигната цена изнесуваше 1532 денари за метар квадратен. АД „Илинден“ за оттуѓување на градежната парцела во вкупна површина од 8425 метри квадратни ќе плати вкупно 12 милиони 907 илјади и 100 денари.  Домот за стари лица кој ќе биде...

Продолжи со читање

ОУ „Григор Прличев“ ја доби толку потребната фото копир машина

Post Views: 8 Претставничките на лајонс клубот Деница денес им го разубавија денот на основците од „Григор Прличев“, но и целото училиште. Тие како донација денес ја добија толку потребната фото копир машина која според менаџментот на училиштето била еден од најважните приоритети за правилно и непречено одвивање на образовниот процес. „Цела учебна година ја поминавме без овој копирен апарат, и навистина имавме многу големи проблеми, баравме помош скоро од цел град за копирање. Во училиштето учат 1100 ученици, со новиов начин на работа има повеќе ангажмани за децата, активна...

Продолжи со читање

Концесионерите на охридските плажи да побрзаат со ангажирање на спасители

Post Views: 8 Час поскоро склучување на договори на концесионерите на плажите за ангажман на спасувачи  на вода, апелираат од Црвениот крст од Охрид. Изминатите години, на охридските и струшките плажи во просек се ангажирале помеѓу 90 и 100 спасители на вода. Покрај тоа, се преземаат и превентивни мерки како обуки и препораки до капачите со цел избегнување на посериозни инциденти во водите на Охридското Езеро. „Да се обратат во Центарот за безбедност на вода во Охрид, односно во Црвениот крст во Струга и Охрид, каде што ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да се...

Продолжи со читање

Дипломатски скокови во Балканскиот Ерусалим

Post Views: 5 Гимнастичарски дипломатски скокови во Балканскиот Ерусалим. Не, ова не е наслов од некоја книга, ниту пак филмски блокбастер. Ова е интересното хоби на амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан. Деновиве тој е во посета на нашиот град кој го избрал како едно од посебните места на кои одлучува да го сподели своето хоби и да го овековечи со интересни фотографии. Во Охрид, амбасадорот Ориан ја избрал прекрасната сценографија кај црквата „Св.Јован Канео“.„Тоа што сум дипломат ми овозможува да одам на многу места. Сум бил во Русија, во Москва, бев...

Продолжи со читање