Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

protest

Охриѓани со мирен протест кажаа НЕ на полициската бруталност

Post Views: 60 Мирно и без инциденти помина денешниот протест на охриѓани против полициската бруталност. „Нема правда, нема мир“, „Твоето премолчување, значи одобрување“, „Долу влада“. Овие пароли денес попладне одекнуваа низ охридските улици. Охриѓани, млади, средовечни, постари, со мирен протест денес и кажаа НЕ на полициската бруталност. Со тоа им се придружија на Скопје, Битола, Струмица, Прилеп, Штип, Св.НИколе, Куманово, Кавадарци во протестите кои започнаа пред три дена во главниот град. Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, каде беше истакнато дека целта е со мирен...

Продолжи со читање

gotvac amerika

Американски рецепти од популарниот готвач Кевин Сбрага за најдобрите охридски готвачи

Post Views: 80 Јужњачките вкусови на Америка, пржено пилешко и вкусна салата од компири подготвени од најдобриот американски готвач Кевин Сбрага во кујната на ФТУ во Охрид. Најдобрите охридски готвачи, токму во кујната разменуваа искуства и кулинарски вештини подготвувајќи традиционално американско јадење од југот, но на сопствен, карактеристичен начин. Популарниот готвач Сбрага, вели дека првото нешто што го пробал во Охрид е мезето и прекрасната охридска пастрмка за која смета дека е една од највкусните риби што некогаш ги пробал.„Има многу трендови моментално во интернационалната...

Продолжи со читање

Охридските штандови заземаат централно место на „Скопје травел маркет“

Post Views: 56 Промовирање на пакет аранжмани за рурална и староградска традиција од проектот „Истражи ја скриената традиција на Лихнид и белото езеро“, ова е само дел од туристичката понуда со која Охрид и Македонија се претставуваат на годинешното издание на меѓународниот саем за туризам „Скопје Травел Маркет“. Градоначалникот Никола Бакрачески, како домаќин на саемот вели дека локалната самоуправа континуирано вложува во збогатување на содржините на туристичката понуда на Охрид како нивна долгорочна определба.  На отворањето на саемот, пред присутните домашни и странски туроператори,...

Продолжи со читање

nurkaci

Пренуркана албанската страна од Охридското Езеро

Post Views: 44Големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро полека се ближи кон својот крај. Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, заедно со неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора и Енрик Мато од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец и официјално го пренурка албанскиот дел од Охридското Езеро или околу педесетина километри, со што останува уште една третина од неколку месечната мисија за пренуркување на вкупна должина од околу 80 километри водена површина.  „Денес и официјално влегуваме на територија на Република Македонија, албанскиот дел со нуркање го поминавме...

Продолжи со читање

roditelski gimnazija

Родителски средби во гимназија поради бојкотот на наставата

Post Views: 57Поради сериозноста на актуелната состојбата поврзана со бојкотот на наставата од страна на учениците во ОСУ „Св.Климент Охридски“,  менаџментот на  ова охридско средно училиште закажа родителски средби  за трета и четврта година. Целта, според нив, е  дискусија  со родителите околу  надминување на проблемот и враќање на учениците  во редовна настава. Родителските средби се закажани за  06.05.2015 год. во 18 часот и 30 минути.  

Продолжи со читање

vinarii Debrca

Ќе се градат винарски визби во општина Дебрца

Post Views: 49Ќе се градат винарии на три парцели неизградено градежно земјиште во непосредна близина на Мешеишта. Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, смета дека овие парцели ја добиваат вистинската намена особено поради фактот што токму во овој дел на општина Дебрца и тоа како успева виновата лоза.„Се работи за винарски визби кои што ќе значат многу, не само за општина Дебрца, туку и за целиот регион, за развој на туризмот пред се, меѓутоа и развој на земјоделието. Според проектната документација треба да се изградат винарски визби кои што ќе можат да нудат и угостителски...

Продолжи со читање

evakuacija

Навремена и безбедна евакуација на денешната симулација на пожар

Post Views: 61Навремено и безбедно евакуирани учениците и персоналот од средното економско училиште во денешната показна вежба на спасувачките служби од градов. Во оваа успешно изведена симулација на пожар во средното училиште „Кирил и Методиј“, имаше и три заробени лица од кои едно со скршеници на потколеница, едно во бесознание и едно дезориентирано лице.„Го практикуваме тоа секоја година, со институциите, со Центарот за управување со кризи, со Дирекцијата за заштита и спасување, СВР, Итната медицинска помош, и секако екипите на Црвениот крст, и нормално ТППЕ од Охрид. Можам да кажам...

Продолжи со читање

gurevski dpmne

ВМРО ДПМНЕ од Охрид: Затворен базен, фабрики, нови вработувања во градов во идниов период

Post Views: 51Намалувањето на 50 милиони долг на општината, изградбата на игралиште на вештачка трева, асфалтирани улици и патишта, воведување на две нови авио линии кон Охрид-се само дел од реализираните проекти во двегодишниот мандат, со кои денес градоначалникот Никола Бакрачески се обрати на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ. Бакрачески истакна дека сите проекти кои ги реализирале се одговор до луѓето кои биле скептични што се може да се постигне за Охрид. Постигнатото, според Бакрачески било тешко остварливо поради ситуацијата во која општината била затекната.„50те милиони евра долг на...

Продолжи со читање