Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ФЗОМ со софтвер ќе ги решава проблемите на хонорарците кои уплатиле за здравствено осигурување

Post Views: 6 Фондот за здравство со нов софтвер ќе го решава проблемот на хонорарците во однос на неможноста иако уредно уплатиле придонеси, да го користат правото од здравствено осигурување. Овој административен проблем кој настана поради новодонесениот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците резултираше со тоа што постоечкиот систем на Фондот не препознаваше дека хонорарците платиле придонеси, па со тоа тие беа приморани при користењето на здравствени услуги, за истите да плаќаат приватно. Иако најпрво се тврдеше дека законот е во корист на хонорарците, потоа...

Продолжи со читање

Убава хорска музика и рецитали во чест на охридскиот револуционер Христо Узунов

Post Views: 9 Со мелодичните звуци на хорот при основното училиште „Христо Узунов“, изведба на рецитали посветени на големиот охридски и македонски револуционер, под развеаното македонско знаме и чувани од младите војводи, основците од ова училиште му оддадоа почит на својот патрон, Христо Узунов. Родители, наставници, граѓани на малиот плоштад кај стара библиотека, ја проследија подготвената свечена програма која е дел од дводневното чествување на споменот на големиот војвода Узунов. „Узунов во колективната меморија на охриѓани но и на македонскиот народ ќе остане врежан како...

Продолжи со читање

Совети за идната кариера за средношколците од ЕМУЦ во отворениот кариерен центар

Post Views: 7 Средношколиците од електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ од денес ќе добиваат совети за нивната професионална наобразба, и помош при изборот на нивните идни професии во рамките на нивното училиште. Во присуство на градоначалникот, Никола Бакрачески, директорот на канцеларијата за развој при УСАИД Македонија, Мајкл Стиватер како и директорот на училиштето Јане Цаноски, професори и ученици, беше свечено пуштен во употреба кариерниот центар. Според директорот на училиштето, со отворањето на овој кариерен центар ја добиваат можноста правилно да ги насочат...

Продолжи со читање

Апликација што комуницира со автомобили и веб страна за комуникација доктор-пациент

Post Views: 8 Сакате да имате понепосредна комуникација со вашиот доктор, сакате да го знаете неговиот професионален рејтинг? Ако тоа досега не било можно, од сега можеби и ќе биде. Токму ваквата непосредна комуникација помеѓу доктор и пациент е целта на креираната веб страна од петчлената екипа програмери CodingMates. Филип Илиески, дел од екипата, вели дека темата ја сфатиле многу сериозно бидејќи има навистина голема применливост. Додава дека човек или е доктор или е пациент, па оттука нејзината полезност е очигледна. „Наша задача ни беше да завршиме со систем кој би имал...

Продолжи со читање

Охридските стрелачи со солидни резултати од Купот во стрелање во Штип

Post Views: 12 Пионерите и пионерките од охридскиот стрелачки клуб се вратија со одлични пласмани од стрелиштето во Штип. Третиот по ред Куп во стрелање со воздушно оружје кој е дел од националната програма е настанот од кој охриѓани се вратија со три места на подиумот. Таму, во поединечна конкуренција со второ место се закити пионерката Симеона Милеска и резултат од 160 кругови, трето место кај пионерките освои Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови, додека кај пионерите, единствениот учесник, Петрит Аголи мораше да се задоволи со трето освоено место и резултат од...

Продолжи со читање

23 години постоење на Теквон До ИТФ Македонија

Post Views: 5 Многу пехари, медали во минатото како мотив и инспирација да се истрае и дочека денешниот за нив голем јубилеј. Теквондо ИТФ Македонија, денес прослави 23 години од своето постоење. Во друштво на своите борци, поддржувачи како и главните луѓе на федерацијата Саша Поповски и Марјанчо Лазарески со торта и свеќички одбележан нивниот јубилеј.„Во секој спорт, или било која работа, секој почеток е многу тежок. Ние кога бевме пионери на овој спорт во Македонија, бевме и тренери и организатори и натпреварувачи. Полека со тек на време почнавме да прераснуваме во поголема...

Продолжи со читање

Непрекинати 32 часа програмирање-започна Codefest 2015

Post Views: 5 32 часовно програмирање на апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција. Започна маратонот во програмирање Codefest 2015та под мотото Истрага на местото на кодирањето . 25Те тимови кои ќе работат непрекинато на развивање на нивните првични идеи ќе имаат полни раце работа. Годинава, унивезитетот за информатични науки и технологии „Св.Апостол Павле“ кои се организатори на настанот им ја обезбедија и поддршката од две познати компании кои се занимаваат со ИТ, а тоа се Mindmaker и Facebook-Лондон. „Идејата е важна, не дали идејата е голема или...

Продолжи со читање

Реконструкцијата на „Питу Гули“ започна пред две недели, досега ни трага ни глас од механизација

Post Views: 6 Жителите кои гравитираат околу улицата Питу Гули се прашуваат на што се должи застојот во активностите за нејзина реконструкција. Градежните зафати свечено беа отпочнати на 3ти април ,со присуство на министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот Никола Бакрачески. Но откако се изгаснаа камерите и заминаа новинарите, си замина и градежната механизација.  Според градоначалникот, се средуваале последните финеси пред започнување на посериозните градежни зафати на оваа улица. Од наредната недела локалната самоуправа ќе  започне со поинтензивни активности за...

Продолжи со читање