Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 11 Општина Дебрца која е интересна за туристите, општина Дебрца која се почесто е застапена во медиумите. Ова, според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски е резултатот од досегашниот тек од неговиот мандат. Денес во неговиот отчет за сработеното во изминатите две години, Трајкоски рече дека општина Дебрца веќе е прерасната во општина која се движи по теркот на најразвиените општини во Македонија. Трајкоски се пофали со реализираните проекти, меѓу кои и изградба на монтажно училиште во Волино, изградба и реконструкција на игралишта за мали и големи спортови во...
Отворен првиот центар за палијативна нега во Охрид
Post Views: 26 Охриѓани го добија првиот центар за палијативна нега. Овој оддел кој се наоѓа во склопот на геријатриското одделение при Општа болница Охрид ќе биде наменет за сместување и третирање на терминално болните лица, односно оние пациенти кои се борат со тешки и неизлечливи болисти. Министерот за здравство, Никола Тодоров рече дека овој проект го започнуваат поради евидентниот тренд на стареење на населението во земјава со што се повеќе ќе доаѓа до израз потребата од вакви центри.„Почнуваме во помали простории, со шест кревети, со тенденција во иднина да размислуваме за...
Труењето на бездомните кучиња, опасно и за човекот и целата околина
Post Views: 27 Труењето на бездомните кучиња опасно за човекот и околината исто колку што е опасно и за самите кучиња. Од здружението за заштита, помош и вдомување на животни, „Анималиа“ алармираат дека пестицидите кои најчесто се користат за ова нехумано постапување со кучињата, а кои многу лесно и сосема легално можат да се набават во земјоделските аптеки се исклучително опасни и за човекот, и за околината. Труењето на бездомните животни и на миленичињата и опасноста од расфрлање отрови на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се среќаваат. „Огромна...
Тим студенти од факултетот „Јустинијан Први“ со огромен успех на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право
Post Views: 8 Тимот од студенти по право од правниот факултет „Јустинијан Први“, предводени од нивните професори и асистенти-тренери, со огромен успех на натпреварот по меѓународно арбитражно право Вилијам Це Вис во Виена. Дел од нив и охриѓанката Зорица Наумоска, која заедно со колегите Љубен Коцев, Марија Ангеловска, Константин Битраков, Маријана Станинова, Христијан Давидовиќ и Игор Тасевски го составуваше правниот тим кој успеа на овој натпревар, со постигнатото да се вброи помеѓу 32та најдобри светски универзитети по меѓународно арбитражно право. „Целиот натпревар, целите...
Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари
Post Views: 5 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години.„Последна реконструкција на овој пат е некаде во...
Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години
Post Views: 5 Редовно исплаќање на личните доходи на вработените, подмирени 70 проценти од наследениот долг, формирање на градежна група во рамките на претпријатието, голем број завршени проекти и проекти кои треба да се започнат. Ова се само дел од резултатите со кои денес се пофали директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Според него, кога тие го презеле претпријатието, истото било во незавидна положба, со долг од 10 милиони денари, и негативен финансиски извештај од околу 2 милиони денари. Симоноски додава дека за да се справат со оваа ситуација...
Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот
Post Views: 7 Со забавни игри, аеробик, музика и смеа, првоодделенците од основното училиште „Христо Узунов“ денес го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Тие во спортската сала во рамките на училиштето, уживаа во еден забавен час водени од професорите од активот по физичко воспитување од училиштето „Христо Узунов“.„Правевме вежби со главата, со рамената и со струкот.“ „Ние вежбавме за нозете, за колената и за грбот, и за главата, и супер си поминав и најзабавно ми беше денес.“„Вежбавме вежби за грбот, за нозете и се забавувавме.“-рекоа дел од дечињата.Денешниот хепенинг на...
Анималиа го одбележа светскиот ден на бездомните животни
Post Views: 9 Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни. Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото. „Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат со бездомните животинки за кои се грижиме и на кои им бараме дом. Благодариме за нивните донации...