Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 189 Општинската организација на Црвениот крст од Охрид денес беше посетена од висока делегација од Женева-Швајцарија. Асоцијацијата „Анри Динан“ веќе долги години соработува со организациите на Црвениот крст од земјава како и Друштвото „Анри Динан“ од Струга. „Предвидено е да се оствари една работна средба на која ќе се дискутира за нашите активности во насока на подигање на нивото на знаењата за идејата и за движењето на Црвениот крст, а се со цел тие знаења да се прошират и до најмалите и до сите оние места каде ние имаме целни групи. Црвениот крст многу вложува во ширењето...
Полициски службеници делеа зелени картони за послушните, црвени за непослушните пешаци
Post Views: 176 СВР Охрид по повод Неделата на пешаците денес на раскрсницата кај Мини-маркет симболично ги наградуваше и казнуваше пешаците. Полициски службеници ги следеа пешаците дали правилно или неправилно поминуваат на семафори и пешачките премини и доколку ги почитуваа сообраќајните правила добиваа зелен картон како награда бидејќи со нивното однесување придонеле за намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди. Оние непослушните пак кои прекршија некое сообраќајно правило добиваа црвен картон, а полициските службеници им го посочуваа прекршокот кој го направиле и...
Државниот архив-ризница која го чува сето културно пишано наследство
Post Views: 184 Се зголемува културната и општествената свест кај луѓето за Државниот архив, смета Никола Митровиќ, историчар и инспектор архивист при Државниот архив на Република Македонија. Вели дека 1ви Април луѓето веќе не го препознаваат само како Денот на шегата, туку и како Денот на државниот архив. Овој значаен датум за сите архивисти од земјава, Митровиќ вели дека се одбележува на еден поинаков начин, најчесто со издавање на зборници, прикажување на историски изложби. Според него, Државниот архив на Македонија е една институција која има огромно значење не само за граѓаните...
Кои се најчестите проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани?
Post Views: 189 Согласно возраста, карактеристични проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани. Современиот начин на живот си носи специфични проблеми. За помладите охриѓани најсериозни последици предизвикуваат бројните обврски и долгите часови поминати во своите училишта и пред компјутер, додека пак кај постарите охриѓани главен фактор за појава на проблемите во мускулно-скелетниот систем покрај работењето во седечка положба е и слабата физичка активност која ја намалува способноста на мускулите да го држат телото во текот на денот.„Тие се соочуваат со проблеми и деформитети...
Дали Охридскиот театар ќе добие нова зграда во 2015та?
Post Views: 171 Нови простории само за Охридскиот народен театар во рамки на Центарот за култура или пак целосно нова театарска зграда. Ова е дилемата по која ќе се одлучува во наредниот период во Министерството за култура, а во соработка со Центарот за култура, театарот и локалната самоуправа. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека во овогодинешната програма се издвоени само средства за адаптација на просториите над галеријата во Центарот за култура. Со предвидените 1 милион денари кои ги добиле од Министерството за култура, Боцеска вели дека...
Од месец Април резултати од микробиолошки тестови може да добивате и на мејл
Post Views: 162 Центарот за јавно здравје од Охрид со новина во своето работење. Од почетокот на идниов месец ќе започнат со испраќање на резултати од микробиолошки испитувања преку е мејл до пациентите. Оваа новина велат дека е во насока на подобрување на здравствените лабораториски услуги кои ги нуди Центарот. Новата можност може да ја искористат сите пациенти кои ќе дадат согласност своите резултати да ги добиваат во електронска форма. Според д-р Сашо Точков од Центарот за јавно здравје, со воведувањето на оваа услуга, ќе се штеди и на време и на пари, а ќе се добие и поголема...
Езерската вода со одличен квалитет, водата во охридските реки не ги задоволува законските стандарди
Post Views: 169 Трите реки во охридско, Коселска, Велгошка и Сатеска со идентичен квалитет, односно трета класа. Ова се резултатите од примероците кои Центарот за јавно здравје ги зел во текот на првата недела од месецов. Бромологот од Центарот за јавно здравје, д-р Сашо Точков вели дека според добиените резултати може да се заклучи дека водите од овие три реки не ги задоволуваат стандардите според законската регулатива во класификацијата на водите. Лоша е состојбата и во реката Црн Дрим која пак се загадува со водата која поминува низ пречистителната станица во Враништа која е од...
Општинските административци на работилница за поголема ефективност во работењето
Post Views: 192 Раководителите на секторите во Локалната самоуправа и други вработени од сите сектори во општината на дводневна работилница во Маврово ги одредуваа приоритетите за зголемување на нивната ефикасност. Станува збор за активност во рамките на шестмесечната обука на општинската администрација за поголема професионализација во работењето со граѓаните, односно проектот за самооценување на општинската администрација. Во рамките на целокупната обука како пример се земале практиките во работењето на Британската државна администрација.„На оваа дводневна работилница се работеше...
ВМРО НП: „Наставникот се претвори во административец и ја загуби можноста за креативност“
Post Views: 180 ВМРО Народна партија со обвинувања дека наставниците прераснуваат во административци. На денешната прес конференција тие рекоа дека со сите новини кои се воведени во образованието во изминативе години, наставниците ја изгубиле својата вистинска улога и можноста да бидат креативни. Според Јоне Станкоски, просветните работници се повеќе се соочуваат со притисоци од страна на Државниот просветен инспекторат, што според него предизвикува демотивација кај наставниците и губење на благородниот лик на наставникот. Според ВМРО Народна, во образовниот процес се пристапува шаблонски...
Алијансата за позитивна Македонија отвора канцеларии во Охрид и Струга
Post Views: 171 Официјална промоција на подрачните канцеларии на Алијансата за позитивна Македонија во Охрид и Струга. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ѓорѓи Стрезоски вели дека сите граѓани се добредојдени да ги посетат нивните простории, да ја слушнат и прочитаат програмата, но и да предложат свои идеи. Стрезоски додава дека Охрид, како град зазема посебно место во целокупната програма на партијата.„И во самата агенда и во самата програма на Алијансата за позитивна Македонија е прво на луѓето да им се понудат нови работни места, тоа е најглавната цел, со помош на...
ОБНОВЕНО: СДСМ: „Наместо уредени зелени површини, жителите од УЗ Воска 4 добија депонија“
Post Views: 177 Охридските социјал-демократи со обвинувања до локалната дека наместо ветувањата за градежно и хортикултурно уредување, жителите на урбаната заедница Воска 4 добиле депонија. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески информира дека граѓаните од оваа урбана заедница уште во Ноември минатата година како дел од приоритетите за нивната урбана заедница го посочиле градежното и хортикултурно уредување на просторот помеѓу зградите на улиците „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“. Кузески вели дека откако не било ништо преземено, жителите реагирале до Одделението...
Локалната со микро проекти ќе ги развива руралните подрачја во охридско
Post Views: 184 Поддршка за микро проекти за развој на руралните подрачја во охридско. Денес во туристичкото место Елшани промовирана подстратегијата за рурален развој на општина Охрид. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, станува збор за документ од исклучително значење за сите граѓани на Охрид и охридско. Тој потенцираше дека со самата промоција на стратегијата воедно започнува и нејзината реализација, а најави и скоро објавување на јавниот повик за доставување на проектите за развој на руралните средини. „Проектите кои што ќе ги одобруваме за оваа година, е предвидено...