Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Весели лазарки го најавија Велигден пеејќи лазарски песни низ охридската чаршија

Post Views: 28 Денес е христијанскиот празник Лазарева сабота, лазарици или Лазаровден. На овој ден лазарките го најавувале доаѓањето на пролетта и Велигден. Има повеќе лазарски песни кои обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат подзаборавената традиција на лазарките.  Тие од рано утринава облечени во традиционална невестинска облека, пеејќи ги лазарските песни шетаа низ стариот дел на градот.„Денеска е лазарева сабота и денеска одиме по...

Продолжи со читање

Странски туроператори и медиуми ќе се запознаваат со туристичките потенцијали на Охрид, а потоа ќе ги нудат во своите земји

Post Views: 4 Новинари, туроператори и туристички агенции од Србија, Словенија, Русија, Турција, Израел, Австрија ќе го промовираат Охрид во своите држави. Претставувањето на туристичките потенцијали на Охрид ќе се прави преку подготовка на новинарски репортажи во најмалку десет туристички списанија како и телевизиски репортажи на национални сателитски телевизии од Срција, Словенија, Русија и Турција. Ова треба да биде епилогот на промотивната тура за медиуми, туристички агенции и туроператори која по втор пат локалната самоуправа ја организира со цел привлекување на поголем број...

Продолжи со читање

Родителите на проблематичните охридски средношколци, зачестено во школските клупи на советување

Post Views: 8 Поради поведението, успехот и изостаноците на проблематичните охридските средношколци, родителите зачестено ги посетувале советувалиштата за родители кои од февруари 2011та година станаа задолжителни со измените во Законот за средно образование. Според психологот во општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Весна Спасеска, фактот дека овие советувања се задолжителни, позитивно влијаел на одзивот на родителите, но и нивната заинтересираност да бидат што е можно поангажирани во училишниот живот на нивните деца.„ Во досегашниот период, значи за...

Продолжи со читање

Објавен јавниот повик за пријавување на кандидати за добивање сертификат за такси возачи

Post Views: 7 Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки. Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се...

Продолжи со читање

Со свечена академија, Црвениот крст-Охрид го заокружи одбележувањето на својот јубилеј

Post Views: 9 70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст.„Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои...

Продолжи со читање

70 години хуманост и посветена работа на Црвен крст-Охрид

Post Views: 10   Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид,...

Продолжи со читање

Не издржаа бекатон плочките со кои локалната ги крпеше ударните дупки низ градов

Post Views: 8 Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт. Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време...

Продолжи со читање

Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам-Скопје Травел Маркет

Post Views: 3 Охридските туроператори како домаќини ќе ја претстават туристичката понуда на градов на петтиот по ред меѓународен саем за туризам-Скопје Травел Маркет. Денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од туристичкиот саем како и стопанската комора на Македонија за туризам, договорија, Охрид да биде домаќин на овој меѓународен саем кој се одржува во рамките на познатиот Скопски саем. Според Бакрачески, овој саем, во голема мера ќе придонесе во поефикасното промовирање на туристичката понуда на градов.„Да ги презентираат своите туристички продукти, да ги...

Продолжи со читање