Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Лондонската „Крвава свадба“ премиерно на Охридско лето

Post Views: 290 Премиерна изведба на претставата „Крвава свадба“ на Охридско лето. Ова драмско дело произлегува од уметничката работилница на Џулија Паскал театарот од Лондон. Режисерката Паскал вели добила лична покана од драмскиот селектор на фестивалот,  Ѓорѓи Јолевски да ја напише оваа претстава. Политичкото насилство и моралот кој стои или треба да стои зад него е од особен интерес за неа. Инспирирана од едно предавање на Џорџ Стајнер за моралот на национализмот, Паскал ни откри како дошла до идејата за оваа претстава.„Замислив жена полицаец која стои пред терорист и тој терорист...

Продолжи со читање

На што ќе се греете вие зимава?

Post Views: 213 Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно...

Продолжи со читање

Летен камп за деца-македонци од Балканот

Post Views: 248 Македонскиот јазик станува обединувачка алатка на сите македонци надвор од границите на нашата земја.  Ова е придобивката од првиот летен камп за децата македонци кои живеат во соседните земји.  Тие во земјите каде што живеат веќе добивале часови по македонски јазик, но  велат дека малку се запознале и со македонската историја и култура.„Па да кажам дека солидно ја познавам македонската историја. Сега ќе почнам и тука да учам во Република Македонија бидејќи почнувам средно училиште.“„Го знам целиот јазик, целиот македонски јазик. Моите родители исто говорат македонски.“-рекоа...

Продолжи со читање

„Госпоѓица Јулија“ ќе го руши митот за „студените“ швеѓани

Post Views: 257 Утревечер Охридско лето ќе му оддаде почит на големиот шведски драматург, Август Стриндберг. Најпрво во 19 часот и 30 минути, во изложбениот салон при Домот на култура, под името „Мисли сам“ ќе бидат изложени осум уметнички слики-репродукции на Стриндберг и фотографии кои тој ги изработил самиот или во соработка со други фотографи. Чествувањето на Стриндберг продолжува со изведбата на неговата претстава „Госпоѓица Јулија“ која преку својот уметнички допир ќе се обиде да ни ја долови шведската режисерка, сценарист и главен лик во претставата, Ана Петерсон.„Беше задоволство...

Продолжи со читање

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Post Views: 259 Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп...

Продолжи со читање

Граѓаните гневни поради поскапувањето на струјата

Post Views: 240 9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија  да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и неверување....

Продолжи со читање

Мешаните патроли „ѕирнаа“ во ноќниот живот на младите

Post Views: 210 Изминатиов викенд охридската младина полагаше тежок тест. Нивното вечерно излегување не помина како што се надеваа. Партибрејкери беа нивните родители и полицијата. Мешаните патроли на лице место можеа да видат како и каде најчесто се забавуваат младите. Родителите не беа воодушевени од она што  го видоа. Велат, целта на патролата не е да ги заплашиме младите, туку да посочиме каде би требало младите да го насочуваат своето внимание и како да го поминуваат слободното време.„Се надевам дека ваквите зачетоци на вакви акции по извесно време преку соработка на сите, и...

Продолжи со читање

Атрактивните Перпетуум Џезиле за роденденот на Охридско лето

Post Views: 285 52от роденден на нашиот најреномиран фестивал, Охридско лето, со изненадување за публиката. На овој посебен ден, свој настап ќе има словенечката музичка атракција Перпетуум Џезиле. Педесетината вокали на овој хорски состав умеат да забавуваат со композиции кои варираат од класика, преку џез, свинг па се до фанк и поп музика. Со ова публиката добива гаранција дека сите вкусови ќе бидат задоволени.„Ние сме познати по разноличниот репертоар. Па и денес нема да направиме исклучок. Секако имаме и неколку изненадувања за вас.“-рече вокалот Сандра Фекетија, Перпетуум Џезиле.Менаџерот...

Продолжи со читање

Од концерти право на интерно

Post Views: 200 Забавите и концертите кои се карактеристични за Охрид во овој период, стануваат меч со две острици. Се почесто она што започнува како добра забава, знае да стане најголем кошмар. За жал, главна улога во оваа приказна имаат се поголем број на млади луѓе. Токму ова е причината, интерното одделение при Општата болница, овие денови да има полни раце работа. Оттаму ни велат дека младите се почесто си ги продолжуваат ваквите забави во своја режија, и за жал завршуваат токму на интерното одделение. Причина-предозираноста со алкохол. Д-р Сашо Василевски, специјалист интернист...

Продолжи со читање

Охриѓанец добитник на Рено Твинго од Државна лотарија на Македонија

Post Views: 302 Охриѓанецот, Дејан Петрески е среќниот добитник на еден од автомобилите од наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“. Петрески денес и официјално ги доби клучевите од својот нов автомобил, Рено Твинго. И Дејан и неговото семејство пресреќни со добиената награда за која велат дека било вистинско изненадување за нив.„Автомобилот го изгребив минатиот четврток во Together салонот во охридската чаршија и таму ми кажаа дека сум добитник на Рено Твинго. Секој што греби треба да се надева дека ќе добие некаква награда. На охриѓани би им порачал: „Играјте...

Продолжи со читање

Работното лето на СДСМ ќе има и второ полувреме

Post Views: 200 Продолжува работното лето на СДСМ во Охрид. По вчерашните посети на општина Дебрца и населените места во охридско, денес градоначалникот Петрески и највисокото раководство на СДСМ стационирани пред Чинарот. Оттаму ги повикаа охриѓани да го кренат гласот на изборите во 2013 година. Потретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, рече дека поради успешноста на нивниот проект „Работно лето“, донеле одлука да одиграат и второ полувреме кое ќе го спроведуваат во текот на Август, Септември и Октомври. Јовановски истакна дека посетата на Охрид е исклучително значаен дел од нивното...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани ќе го казнат Петрески на локалните

Post Views: 198 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со прес конференција контра нивните лути ривали градоначалникот Петрески и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Тие велат дека денес повторно се воспоставува коалицијата Петрески-Црвенкоски. „Коалицијата Бранко Црвенкоски и Александар Петрески го жртвува Охрид за да ги задоволи интересите само на сопствената тајфа.“-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Со оваа коалиција од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Охрид го доби најголемото понижување. Обвинија дека ова е коалиција која 8 години го истоштува Охрид и финансиски и духовно.„Во...

Продолжи со читање