Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 14 Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга. Екипи од ХЕЦ „Глобочица“ деновиве работат на отстранување на овие реси кои поради топлото време и помалиот истек годинава нараснаа повеќе од вообичаено. Не само што прават грда слика на една од најубавите реки во земјава, нараснатите реси претставуваат и потенцијална можност за загадување на водата во Црн Дрим, но и опасност по капачите кои во текот на летните месеци се капат во реката. Директорот на ХЕЦ „Глобочица“, Тони Маркоски вели дека акцијата за чистење на коритото на Дримот од ресите ја спроведуваат години...
Посебна комисија ќе се грижи за управувањето со Дримскиот басен
Post Views: 7 Покрај темно сините води на речниот убавец, Црн Дрим, а воедно и во останатите четири држави во кои припаѓа Дримскиот басен, денес се одбележа „Денот на реката Црн Дрим“. Денешната манифестација претставуваше неофицијален почеток на проектот за интегрирано управување со природните ресурси, проект на кој се работи години наназад. Заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски ја изрази својата благодарност до сите кои го дале својот придонес во подготвувањето на проектот.„За нас во Макеоднија е особено важен овој регион затоа што баш во овој регион се...
Нов државен рекорд во стрелање низ нишанот на Михаил Шишкоски
Post Views: 8 Михаил Шишкоски е трикратниот државен првак и репрезентативец од стрелачкиот клуб „Охрид“ кој деновиве постигна одличен успех. Со 594,5 погодени круга, Шишкоски успеа да го собори државниот рекорд во стрелање со воздушна пушка, и не само да го собори туку и да го подобри за цели 6,2 поени. Тој вели дека е навистина среќен што успеал да го постигне ова големо достигнување особено што тоа е остварено во сериозна конкуренција.„На овој натпревар учествуваа сите клубови што се натпреваруваат во меѓународна програма од Република Македонија. Конкуренцијата беше голема, но...
Стартува задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила
Post Views: 10 При контролите кои ќе ги спроведува полицијата почнувајќи од денес, ќе проверува дали возилата поседуваат зимска опрема односно дали шарите на гумите се со најмалку четири милиметри длабочина. За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на...
Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите
Post Views: 9 Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите. Според последните испитувања на квалитетот на водите во охридско-струшкиот регион, водата која би требало пречистена да излегува од станицата во Враништа, наместо со подобар, таа со полош квалитет се влева во реката Црн Дрим. Д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека неефикасното работење на пречистителната станица во Враништа ја оптоварува реката Црн Дрим и ја загадува нејзината вода. „Станицата уште од кога е поставена си имала своја улога...
35ти фестивал „Браќа Манаки“-скандал, врвни кинематографи и Жулиет Бинош
Post Views: 5 По 35ти пат некои од најдобрите кинематографи на денешницата излегоа од своите секојдневија и зачекорија кон Битола, кон Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Годинава црвениот тепих на отворањето на оваа наша најпрестижна филмска манифестација доби некоја поинаква, многу поголема тежина бидејќи на него зачекорија тројца оскаровци кои со својата работа буквално оставаат без здив. Двајца од најдобрите кинематографи на денешницата Крис Менџис и Лука Бигаци, и вистинскиот благодет за сите љубители на филмот, неповторливата оскаровка, актерката...
Македонија без најдобриот стрелец на Летните олимписки игри во Лондон
Post Views: 23 Скандал ја тресе стрелачката федерација на Македонија. На летните олимписки игри кои на крајот од месецов започнуваат во Лондон, Македонија ќе оди без најдобриот стрелец во женска конкуренција. Надица Апостоловска која се натпреварува во дисциплината 10 метри со воздушна пушка, за жал останува дома. Инаку, првичната одлука на стручниот штаб на федерацијата, донесена на 9 Март 2012 година, била Надица да патува на олимписките игри. Оваа одлука била потврдена и следниот ден на состанокот на извршниот одбор, но до 12 Март, односно денот кога истекува рокот за...
Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“
Post Views: 8 Деветти по ред натпревар по англиски јазик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. На него учество годинава зедоа околу 210 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Центар Жупа, Вевчани, Пласница и Другово.„Целта на организирање на овие натпревари е да се влијае на развојот на образованието и науката во нашето општество. Исто така на учениците ко освојуваат добри места, на првите десет им поделуваме стипендии. Првото место на пример освојува 90 проценти попуст од школарината за запишување во „Јахја...