Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 159 Долгот на општина Охрид од денес порасна. Милион и пол илјади евра или 93 милиони 339.953 денари нов долг на товар на МЈП Проаква, вака гласи најновата правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Од локалната самоуправа денес рекоа дека и покрај огромните напори на новото општинско раководство, не можат да формираат одбранбен механизам за заздравување на општината од наталожените долгови. Според портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, ова е само уште една епизода од бескрајниот серијал на неодговорното работење на претходната локална самоуправа...
Обновено: Половина од пожарите во овие три месеци од 2014та се поради палење на стрништа
Post Views: 167 Од вкупно 90 интервенции поради пожари во првото тромесечие на 2014та година, 42 биле поради пожари на отворен простор. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски, месец Март е карактеристичен токму по овој вид на пожари. Охридската јавност изминативе денови сведочи за неколку вакви случаи на палење на пожари на отворен простор. Според командирот Прентоски, во 99 проценти од случаите, причината е човечкиот фактор. „Апелирам до сите граѓани на подрачјето на општина Охрид и Дебрца да се воздржат во овие временски услови на поголеми горештини...
Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“
Post Views: 176 На светскиот ден за заштита на потрошувачите, 15ти Март, Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“. Ова е прва активност на ова тело кое ќе функционира во рамките на Советот на општина Охрид, а има за цел унапредување на правата на потрошувачите и сензибилизација на потрошувачите за правата кои ги имаат. Веќе е креирана и програмата според која ќе функционира Советот на потрошувачи за 2014та година, а која ќе вклучува поголем број на активности насочени кон промовирање и заштита на правата на потрошувачите, како и организирање на...
ВМРО НП: „Владата пред избори да ги каже фирмите кои се опфатени со Законот за стечајци“
Post Views: 178 ВМРО Народна партија со барање до Владата пред одржувањето на изборите да бидат објавени фирмите кои се опфатени со новиот Закон за стечајци. На денешната прес конференција тие рекоа дека овој закон е повеќе популизам отколку реално законско решение. Од Народна велат дека со необјавувањето на фирмите, Владата ги држи во неизвесност сите оние стечајци кои се пријавиле за да го остварат своето право. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски вели дека е смешно тоа што не е објавено кои дооел-и од охридско ЕМО ќе бидат опфатени бидејќи според...
УЈП го продолжува рокот за поднесување годишни даночни пријави
Post Views: 211 До денес поднесени 4166 годишни даночни пријави за Охрид и 165 пријави за Дебрца во Управата за јавни приходи.Од таму информираат дека овие даночни пријави, физичките лица можат да ги поднесат и во контакт центарот во Скопје доколку моментално не се наоѓаат во градов. Од Управата велат дека ќе го продолжат рокот за поднесување на годишните даночни пријави. „Рокот за поднесување на годишните даночни пријави и годишниот даночен биланс за персонален данок на доход е 15ти Март, а бидејќи последниот рок паша во сабота, неработен ден, потсетуваме дека согласно законот, даночните...
ВМРО НП бара да се изврши урбанизација на руралните средини
Post Views: 174 ВМРО Народна партија смета дека Владата напразно ветува ревитализација на селата кога за приклучување на електрична мрежа луѓето во овие средини плаќаат по 1500 евра. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека единствениот монопол во државата, ЕВН, покрај според нив нереалните цени за приклучок, воведуваат и ново правило во кое доколку некој граѓанин воопшто не потроши електрична енергија во одреден период, ќе му биде одземено броилото. Костоски вели дека вакво правило нема во ниту една друга држава во светот. Дополнителен...
Општина Охрид ќе се збратимува со рускиот Подољск
Post Views: 173 Соработката помеѓу двата града потекнува уште од 2004та година, но активностите за збратимување се интензивирале за време на големиот христијански празник Водици кога делегација од Подољск го посети Охрид и ја проследи манифестацијата „Богојавление-Водици“. Од локалната го потенцираат економскиот потенцијал на оваа соработка.„Од тука можат да произлезат најразлични форми на соработка, помеѓу Охрид и Подољск и она што е за нас најзначајно и најважно е тоа што Охрид на некој начин се доближува до руските граѓани и се разбира бенефитите треба да ги очекуваме во смисла...
Шест години постоење за единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, Витаспринг
Post Views: 330 На шестгодишнината од постоењето на Витаспринг, единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, сопствениците сметаат дека веќе се менуваат навиките кај охриѓани за правилна исхрана. Според сопственикот Димитар Арнаудоски, почетоците биле тешки, меѓутоа со тек на време, охриѓани ја разбрале вистинската вредност на здравата храна. Покрај основните производи од здравата храна како што се житариците, во Витаспринг се нудат и чаеви, сушени овошја, но и здрави производи за спортисти.„Нормално со тек на време охриѓани сфаќаат кои се придобивките на здравата...
ВМРО НП: Се ветува ревитализација на селските средини, а за приклучок на струја се плаќа по 1500 евра
Post Views: 163 ВМРО Народна партија со прес конференција околу како што велат тие: „Последниот монопол во Република Македонија, ЕВН“. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека залудно Владата ветува ревитализација на селските средини, ако за приклучок на струја луѓето плаќаат по 1500-1600 евра. Од Народна велат и дека плус на високата цена за приклучок, потребна е обемна документација и долг период на чекање за едно живеалиште биде приклучено на електричната мрежа. Костоски ги спомена и проблемите околу неможноста за приклучок на електрична...
На местото каде што треба да никне градскат марина, сеуште потенцијална опасност од неексплодирани мини
Post Views: 163 Неодамна од локалната самоуправа беше објавена намерата за изградба на градска марина. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на оваа марина ќе биде еден од начините на кои Охрид ќе прави крупни промени во насока на развој на туризмот. Сепак токму на местото на кое најверојатно ќе никне градската марина, сеуште постои потенцијална опасност од неексплодирани мини кои датираат од Првата светска војна. Градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се направат сите потребни анализи.„Во тек е постапката за изработка на идеен проект и веднаш после тоа и за основен...
ЈП „Билјанини извори“ победник на фудбалскиот турнир под покровителство на локалната
Post Views: 177 Фудбалскиот тим на ЈП „Билјанини извори“ победник на турнирот во мал фудбал во организација токму на ова јавно претпријатие, а под покровителство на општина Охрид. Тимот на „Билјанини извори“ во финалниот меч беше посилен од тимот на МЈП Проаква со резултат од 6:5. Во мечот за третото место пак помеѓу екипите на ЈП Нискоградба и Градски пазар подобар беше тимот на Нискоградба со резултат од 6:4. Дводневниот турнир се одржа во салата „Билјанини извори“, а учество зедоа 8 екипи и тоа, екипите на јавните претпријатија Нискоградба, Билјанини извори, Градски пазар, Охридски...
Студијата ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево
Post Views: 216 Оваа студија се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува ,,Локалната агенција за развој’’ од Струга во партнерство со ,,Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)’’ од Скопје. Според Локалната агенција за развој, главната цел на овој проект е промовирање на практиките за антикурупција и добро владеење на локално ниво. Од таму сметаат дека со спроведувањето на овој проект ќе се подигне нивото на свесност и познавањето на граѓанското општество, но и дека ќе се...