Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 6 Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа.„На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски....
Дигитализација на рендген снимањата во специјалната болница „Св.Еразмо“
Post Views: 11 Нема веќе класично развивање на филмови и аналогни снимки во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид. Тие во моментов се во фаза на целосна дигитализација на рендген снимањата што според менаџментот на болницата ќе значи скратување на времето на дијагностицирање на пациентот. Процесот на дигитално снимање во истиот момент на снимањето испраќа слика од состојбата на пациентот во амбулантата и докторот веднаш може да постави дијагноза и да направи извештај.„Почнавме ние со дигитализација на рендген снимањата. Ветено ни е од...
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“
Post Views: 5 Сега починатиот во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде...
Наметки, бањарки, детски пижами, постелнини-донација за болницата „Св.Еразмо“
Post Views: 7 Приватната Клиничка Болница „Аџибадем Систина“ од Скопје со донација од околу 3000 парчиња медицински униформи, бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид. Директорот на „Св.Еразмо“, д-р Митко Тилев вели дека тие секогаш работат во интерес на пациентите и подобрување на квалитетот на услугите.„Пред се благодарам до вас и вашиот менаџерски тим на Аџибадем Систина за оваа донација што се состои од текстилни артикли што ќе придонесат за подобрување на...
Велестово виде асфалт после 32 години
Post Views: 6 Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од...
Ќе се подобри ли безбедноста на пешаците на „Железничка“?
Post Views: 6 Ќе се подобри ли безбедноста на пешаците на „Железничка“? Оваа високофреквентна улица која воедно е дел од магистрален пат, е проблематична уште од моментот на нејзиното пуштање во употреба, после завршената реконструкција во 2011та година. И покрај поставената вертикална и хоризонтална сигнализација, крстосниците на „Железничка“ изминативе години стекнаа репутација на црни точки во градов, на кои во неколку наврати, повеќе охриѓани го загубија својот живот во сообраќајни несреќи. Граѓаните кои секојдневно поминуваат по „Железничка“ сеуште се плашат за својата...
Автомобилите кои комуницираат меѓу себе – дел од иднината на интернетот
Post Views: 7 Автомобили кои ќе комуницираат помеѓу себе преку ултра-стабилен безжичен интернет и масовна комуникација со сензори преку Интернет. Ова е иднината на Интернетот каква што ја замислува Петар Поповски, професор на Универзитетот во Алборг, Данска на одделот за електронски системи. Поповски кој е родум од Охрид, повеќе од 15 години работи на полето на телекомукациските системи, а неговата истражувачка работа штотуку доби високо признание со добивањето на средства од Европскиот совет за истражување (ERC – European Research Council) во форма на грант за...
Изградба на нови хотели предвидена со новиот ДУП за потегот Горица-Св.Стефан-Метропол
Post Views: 12 Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место. Бранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика...