Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Црвени рози, подароци, ора-Дали битката за правата на жената е добиена?

Post Views: 178 Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот на жената. Се чини сите во последен момент брзаат да го купат подарокот за сопругата, мајката, сестрата, пријателката, колешката. Најголем метеж секако има пред неизбежните тезги кај малиот плоштад, на кои се продаваат црвените рози, симболот на љубовта и нежноста. Празникот се чини ќе кулминира во вечерните часови, кога најголемиот број припаднички на понежниот пол, 8ми Март ќе го прослават во некој ресторан, со музика, песни, ора. Некои со колешките од работа, некои самоиницијативно со пријателки, важно да се одбележи. Но и покрај...

Продолжи со читање

За ВМРО Народна, експропријацијата на земјиштето за автопатот е спорна

Post Views: 182 ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба...

Продолжи со читање

Охридскиот хотелски бренд „Инекс-Горица“ добитник на престижна награда во Шпанија

Post Views: 354 Global Trade Leaders Club од Мадрид, Шпанија му додели престижна награда на нашиот хотелски бренд „Инекс-Горица“. Интернационалната награда на нашиот хотел му е доделена за квалитетот на услугата во хотелското и ресторантското работење. Освен фактот што наградата ја доделува престижна организација од една од најпосетените туристички дестинации во светот, посебна тежина дава и фактот дека за неа не може да се аплицира туку се доделува на препорака на клиенти кои го посетиле хотелот. Препораката за нашиот хотел ја дал никој друг, туку претседателот на Светската туристичка...

Продолжи со читање

Кривична пријава за осумнаесетгодишна жителка на Лескоец

Post Views: 179 Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна жителка на Лескоец,  за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26 Јануари 2014 година на влезот во Струга од страна на полициски службеници е запрено патничко возило „ауди“ во кое пријавената била сопатник и при преглед кај истата пронајден е пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм. и четири куршуми. {loadposition content9}

Продолжи со читање

182 слободни работни места во Охрид

Post Views: 294 Агенцијата за вработување излезе со свежи бројки околу невработеноста на ниво на републиката како и одделно по градови. Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град имаме 182 слободни работни места за вкупно околу 7748 невработени лица. Од нив, според новата систематизација која ја воведе Агенцијата, 3747 невработени влегуваат во категоријата на други лица кои бараат работа или повеќе познати како пасивни невработени, додека 4001 невработен влегле во групата на активни невработени лица. Или во превод само околу 2 проценти...

Продолжи со читање

ВМРО НП предлага драстично намалување на казните кои ги изрекуваат државни институции

Post Views: 175 ВМРО Народна партија со став дека во Република Македонија има драстична и неприродна казнена политика. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски вели дека во земјава има преголем број на казни во сите сфери на живеењето. Како пример тој ги посочи казните од 10.000 евра за фирма која држи неосигурено вработено лице, казните од 4 до 5000 евра за неиздавање на фискални сметки, како и казните за пушење во затворени и јавни простории и фрлање на отпушоци. Костоски смета дека нелогично е казната за пушење во јавни и затворени простории која изнесува...

Продолжи со читање

Дали ќе го видиме Охридскиот театар со претстава?

Post Views: 185 Дали се веќе минато проблемите поради кои Охридскиот народен театар не одиграл ниту една претстава цели шест месеци? Телевизија ТВМ во неколку наврати бараше информации околу тоа кои се овие проблеми, дали се тие надминати и кога ќе започне новата театарска сезона во Охрид, меѓутоа секогаш ни беше одговарано дека не е погоден моментот да се коментира ова прашање. За таа цел, на 12 Февруари се обративме и до Министерството за култура. Ги запрашавме дали се запознати со случувањата во охридскиот театар и кои се причините поради кои неколку пати се одложи почетокот на...

Продолжи со читање

50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“

Post Views: 172 Педесетина кревети и придружна постелнина, медицинска опрема во гази, вати, потоа наткасни, масички за јадење за пациентите, сталаци за инфузии. Оваа медициска опрема е дел од донацијата која ја доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Според директорот на оваа медицинска установа, д-р Митко Тилевски, донираните кревети во голема мера ќе помогнат во подобрување на условите во кои престојуваат пациентите во „Свети Еразмо“. Оваа голема донација е обезбедена од страна на културното друштво „Октиси 2009“ со седиште во Сент Гален...

Продолжи со читање

СДСМ: „Граѓаните сакаат отчет за сработеното, а не нереални планови за иднината“

Post Views: 204 Охридските социјал-демократи на прес конференција го обвинија градоначалникот Никола Бакрачески дека проектите кои ги прикажал во брошурата како дел од отчетот за досега сработеното, се всушност проекти на претходната локална власт. Од општинската организација на СДСМ велат дека граѓаните во неговиот отчет сакаат да слушнат што е конкретно сработено, а не какви се плановите за иднината.„Еве господине Бакрачески, ние ќе Ве потсетиме што е тоа што го ветивте, а што навистина сте оствариле: Велите: „Затворен зелен пазар со шопинг-центар, улично осветлување со лед-технологија...

Продолжи со читање

Премиерно издание „Охридското востание“ на охриѓанецот Илија Пиперкоски

Post Views: 256 Документарниот филм на охриѓанецот, Илија Пиперкоски, „Охридското востание“, во понеделник ќе ја доживее својата телевизиска премиера. Овој филм на охридскиот режисер го обработува малку познатото, дури може да се каже и историски скриеното Охридско востание дигнато со заеднички македонско-албански сили, а против тогаш окупаторските српски сили . За работата на овој документарец, Пиперкоски вели дека било вистинска чест и задоволство, па дури и судбина бидејќи тој како охриѓанец добил можност да открие историски заборавени факти за еден бунт кој се случува во Македонија...

Продолжи со читање

Охрид во фокусот на презентацијата на туристичките потенцијали на саемот за туризам во Белград

Post Views: 175 Презентирањето на убавините на Охрид, побуди огромен интерес кај српските новинари и претставници на туристички агенции на вечерта посветена на промовирање на македонската туристичка понуда на 36от туристички саем во Белград.   Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од Белград за телевизија ТВМ потенцираше дека токму овој саем зазема исклучително значајно место во стратегијата за развој на туризмот, но и привлекувањето и враќањето на српските туристи на охридската ривиера.„Од оваа година организиравме сосема поинаков пристап  во нашата стратегија за учество на...

Продолжи со читање

О.О СДСМ : „Брошурата на Бакрачески ги содржи проектите на претходната власт“

Post Views: 186 Општинската организација на СДСМ, со осврт на брошурата изработена од локалната за отчетот на градоначалникот Бакрачески. Според СДСМ, таа содржи проекти кои биле најавувани уште од претходната власт, а кои градоначалникот Бакрачески во брошурата ги прикажал како свои. Од СДСМ велат дека за локалната самоуправа стрелката на влезот на градот, помошта за станарите од опожарените згради и хортикултурното уредување на градот се проекти кои вреди да се споменат. Според СДСМ сите овие споменати зафати се всушност секојдневни работни задачи на општината и јавните претпријатија....

Продолжи со читање