Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Маси и столици или пешаци на тротоарот од ул.„Коста Абраш“ престојнава летна сезона?

Post Views: 10 Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има. „Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема...

Продолжи со читање

Барањето за дебата за урбанизацијата на Студенчишко Блато не доби поддршка од владеачкото мнозинство

Post Views: 8 Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница.„Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална...

Продолжи со читање

Средношколци од Словенија приготвуваат македонски јадења и се запознаваат со убавините на Охрид

Post Views: 6 Средношколци од Словенија подготвуваат македонски традиционални јадења и се запознаваат со Охрид благодарение на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти. Учениците од Центарот за биотехника и туризам од Ново Место-Словенија петнаесетина дена ќе ги впиваат убавините на нашиот град, а ќе имаат и практична настава за приготвување на храна и послужување на гости. „Прв пат сме во Македонија, тоа за мене е многу интересно, бидејќи се запознав со македонците, кои се многу пријатни луѓе. Досега искуствата се прекрасни бидејќи ни покажуваат се што...

Продолжи со читање

Урбаната опрема-жешка тема на петочната седница на Совет

Post Views: 12 Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид. Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение...

Продолжи со читање

Тендерите за проектите финансирани од Светска банка се завршени и во фаза на оценување

Post Views: 16 Проектите на локалната кои ќе се финансираат со кредитот од Светска банка се поблиску до својата реализација. Откако истите ја поминаа фазата на одобрување од страна на оваа реномирана финансиска институција, локалната ги реализираше и тендерот за изградба на инфраструктурните објекти, како и тендерот за набавка на специјалните возила за јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека повеќе економски оператори се јавиле на двата јавни повици.„Роковите за аплицирање се завршени и сега во овој момент и тендерот за...

Продолжи со читање

Неколку куќи на познати охридски фамилии ќе го добијат оригиналниот сјај

Post Views: 10 Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес. „Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата....

Продолжи со читање

Среќни туристки од Црна Гора го добија најубавиот подарок за 8ми Март

Post Views: 5 Охридски бисер за Денот на жената 8ми Март. Продолжува интересната традиција пронајди го скриениот бисер во Заливот на коските, организирана од познатиот изработувач на охридски бисер, Михајло Филев и туристичкиот водич, Љупчо Јузмески. Две туристки од Црна Гора денес го добија најубавиот подарок за 8ми Март, оригинален охридски бисер. Лилјана Јовановиќ е среќниот пронаоѓач на бисерот во потрагата.„Имав среќа да го најдам овој бисер кој ни го подари фамилијата Филеви. Прв пат сме во Охрид и многу ни се допаѓа, преубаво е, баш е убаво.“-вели Лилјана...

Продолжи со читање

Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени

Post Views: 6 Охриѓани добиваат можност да си обезбедат кров над глава по намалени цени. На денешниот отворен ден на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, директорот Цветко Грозданов истакна дека тие како акционерско друштво ги намалуваат цените, па граѓаните за 599 евра за метар квадратен можат да дојдат до сопствен стан изграден од државата. За комерцијални цели, имаат на располагање 40 станови кои се наоѓаат во населбата Расадник. Намалувањето на цената за метар квадратен, според Грозданов е со цел да се намали негативното влијание на...

Продолжи со читање