Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

apel

Апел: Помогнете и на нашата сограѓанка Билјана Јанеска да ја добие најважната битка

Post Views: 123Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е  една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се парични...

Продолжи со читање

detska bolnica

Руинираните објекти на некогашната детска болница продадени за 1.220.000 евра

Post Views: 65Објектите на некогашната специјална детска болница денес, беа продадени на електронската аукција организирана од Министерството за финансии. Скопската компанија КАМ ФУД била најповолен понудувач, неофицијално дознава ТВМ . Најповолниот понудувач на денешната аукција доби десет објекти со вкупна површина од 6751 метар квадратен. Почетната цена за истите изнесуваше 2655,10 денари за метар квадратен, сума која до крајот на аукцијата достигна до 11.000 денари за метар квадратен или попрецизно, сите објекти на некогашната детска болница беа купени за износ од приближно 1.220.000...

Продолжи со читање

nurkaci

Започна големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро

Post Views: 45Педесетина нуркачи денес од градското пристаниште ја започнаа неколку месечната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, од клубот за подводни дејности од Охрид, нуркач од Струга, нуркачи од специјалните едниници на АРМ и МВР како и претставници од Албанија во наредните три до четири месеци со секојдневни нуркања ќе треба да поминат 80 километри и 322 метри. На македонска страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде што...

Продолжи со читање

sednica

Изборот на приватен партнер за изградба на затворениот пазар ќе биде жешката тема на петочната седница на Совет

Post Views: 53Советниците на град Охрид во петок ќе гласаат по неколку интересни предлог одлуки кои се од интерес за јавноста. На 36та седница на Советот, градските советници ќе треба да се произнесат по однос на елаборатот за проценка на штетите од снежните наноси во нашата општина од крајот на минатата година, а исто така ќе се дискутира и по однос на записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината. Особено внимание привлекува третата точка на дневниот ред, а која се однесува на изборот на приватен партнер за изградба на затворениот зелен пазар...

Продолжи со читање

gimnazija ekskurzija

Само матурантите од гимназија ќе слават матура во странство

Post Views: 68Матурантите од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ оваа година нема да имаат матурска екскурзија.  Ова училиште  од почетокот на оваа учебна година се осамостои како правен субјект, а години наназад матурските прослави ги правеше заедно со гимназиските паралелки. Од оваа година тоа нема да биде така. Вршителката на должноста директор на средното општинско стручно училиште, Славица Костоска, со објаснување зошто нејзините матуранти нема да слават матура во странство.„Законот за средно образование, децидно кажува дека учениците во текот на школувањето во средните...

Продолжи со читање

Slavica Kostoska

Славица Костоска по втор пат ја доби довербата на училишниот одбор за директор на економско

Post Views: 65Вршителот на должност директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, Славица Костоска повторно ја доби довербата од членовите на училишниот одбор како најадекватен кандидат за функцијата директор на средното економско училиште. На вчерашното прегласување, на кое учествуваа сите 11 члена на училишниот одбор, Костоска доби 7 гласа, додека нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески ја доби довербата на четворица члена од одборот. Покрај новоназначениот член на одборот, односно претставник од Министерството за образование, училишниот одбор содржи и четворица членови од...

Продолжи со читање

ekonomski

Костоска: Средното економско постигна многу за шест месеци самостојна работа благодарение на колективот

Post Views: 4710 училници, кабинет за компјутери, уреден влез во училиштето, учество во проекти. Ова се само дел од резултатите од шесте месеци работа како самостоен правен субјект на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“. Вршителот на должноста директор на училиштето, Славица Костоска денес со медиумите ги сподели успесите, предизвиците и идните планови на училиштето. Костоска вели дека кога се одвоиле како посебен субјект немале ништо, без хигиеничари, само зграда, училници и наставен кадар кој е вработен во друго училиште. „Канцелариите не ги дотеравме, го дотеравме...

Продолжи со читање

depresija

Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење

Post Views: 193До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.  Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие  советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира во...

Продолжи со читање