Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Училишниот одбор од средното економско училиште ќе прегласува за избор на директор

Post Views: 14 Училишниот одбор од средното економско училиште вечерва ќе прегласува за избор на директор во оваа образовна установа. Пред еден месец  училишниот одбор на актуелната вд директорка Славица Костоска и изгласа доверба за директор на училиштето, но предлогот беше вратен од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески. Од локалната самоуправа, за ТВМ велат дека причина за тоа е што постапката за избор на директор не била извршена во согласност со  законските одредби, статутот на училиштето и деловникот на училишниот одбор. Имено од 10 члена на одборот Костоска добила 5...

Продолжи со читање

Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња

Post Views: 10 Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и преземат мерки предвидени со закон за хумано решавање на истиот. „Како здружение апелираме институциите конечно да преземат мерки да се обезбедат средства за изградба на...

Продолжи со читање

Велосипед, параглајдинг, рибарење и планинарење како алтернатива на традиционалниот туризам

Post Views: 8 Поактивен наместо традиционален туризам за успех надвор од летната туристичка сезона. Дебрца, Куратица, Елшани и Вевчани од македонска, и Поградец и Корча во Албанија се местата кои ќе нудат комплементарна но несекојдневна туристичка понуда барем за наши услови. Овие локации можеби немаат некоја развиена инфраструктура, но поседуваат сместувачки капацитети кои можат да понудат нешто поинакво од традиционалното. Македонската фондација за развој на претпријатијата како начин за поттикнување и развој на алтернативните форми на туризам во еден поширок туристички...

Продолжи со читање

Чаша добро вино и многу љубов, денес се празнуваат Св.Трифун и Св.Валентин

Post Views: 15 Три зарежани пенушки со надеж дека тоа ќе донесе здравје, бериќет, многу грозје и вино. Лозарите денес ги посетуваат своите лозја и ги закројуваат незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна.„Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја...

Продолжи со читање

Во кои приватни здравствени установи охриѓани може да го испитаат тироксинот по цени од Фондот за здравство?

Post Views: 7 Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени? Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар....

Продолжи со читање

Со кариерен центар, ќе се откриваат афинитетите на средношколците од ЕМУЦ

Post Views: 12 Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи. Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а...

Продолжи со читање

Еразмус плус-можност за студирање во странство, нови методи на предавање за професорите

Post Views: 6 Интернационализација на образовните институции, нови методи за предавање, мобилност на студентите и учениците. Ова се само дел од бенефитите на Еразмус плус програмата на Европската унија, една од  водечките програми во сегментот образование, обука, спорт и млади. Денес, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за охридските образовни институции како и невладини организации кои се занимаваат со обуки, спорт или млади, организираше инфо ден во кој им ги презентираше предностите на оваа програма. Дарко Димитров, директор на агенцијата, вели...

Продолжи со читање

Детската претстава „Свињарот“, прва премиера на Охридскиот театар во 2015та

Post Views: 7 „Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба...

Продолжи со читање