Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Преполна сала и фантастичен концерт на мега-ѕвездата, Жељко Јоксимовиќ

Post Views: 219 Во фантастична атмосфера, преполнетата сала во Билјанини извори не можеше да ги собере сите кои сакаат да бидат дел од концертот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, неповторливиот Жељко Јоксимовиќ. Нешто повеќе од два часа траеше мега концертот на кој охриѓани едногласно ги пееја песните на Јоксимовиќ. Нашата екипа имаше екслузивна можност да поразговара со познатата ѕвезда.„Патувавме едно шест и пол часа и воопшто не е проблем. Кога публиката е онака позитивна, јас уживам во концертот и не само јас, туку и целиот мој бенд, потполно сме подготвени за...

Продолжи со читање

Охриѓани уште триесетина дена ќе можат да уживаат во лизгалиштето

Post Views: 206 Изминува половина од предвиденото време во кое охриѓани ќе можат да уживаат во градското лизгалиште, новата забавна содржина на градскиот плоштад. Уште од неговото поставување на 24ти Декември, во јавноста провејуваа различни мислења, од тоа дали е потребно, потоа дали е одбрана вистинската локација до тоа дека лизгалиштето е вистински погодок и атракција и за домашните, и за туристите. Екипата на ТВМ излезе на лице место па ги запраша што за него мислат оние кои лизгалиштето го користат единствено за тоа…за лизгање. Еве што ни кажаа децата кои ги затекнавме...

Продолжи со читање

Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Post Views: 214 Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство.„Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено...

Продолжи со читање

До крајот на месецов, ќе се објави тендерот за изградба на затворениот пазар

Post Views: 206 Новото раководство на Јавното претпријатие „Градски пазар“ најави дека за скоро време ќе се објави тендерот за јавно-приватно партнерство за изградба на долгоочекуваниот нов, модерен, затворен пазар во градов. Директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески, информира дека е веќе разрешена и ситуацијата со нерешените имотно-правни односи на земјиштето на кое ќе се гради пазарот, и дека веќе испратиле барање до Владата на Република Македонија за добивање на право на користење на тоа градежно земјиште.„Потребната планска документација за изградба на пазарот е веќе...

Продолжи со читање

Започна шестнаесеттиот Курајчки карневал под маски

Post Views: 205 Започна Курајчкиот карневал под маски. Забава со диџеи уште синоќа го означи почетокот на тридневната програма по повод Стара Нова година или Василица, додека официјалниот дел од карневалот започнува денес. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски, вели дека „Со или без маска, традицијата треба да продолжи.“„Традиционалниот дел на маскенбалот, карневалот, започнува вечерва во 18 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа брои секогаш околу 200 до 300 луѓе кои во 19 часот стартуваат од курајчкото сретсело и буквално ја посетуваат...

Продолжи со читање

Густата магла, причина за зголемен број на пациенти во Општата болница

Post Views: 210 Густата магла која го обви и нашиот град, покрај техничките потешкотии кои ги создаде околу функционирањето на воздушниот и патничкиот сообраќај, деновиве причина и за зголемениот број на пациенти во пулмо-алерголошкото одделение при Општата болница од Охрид. Началникот на интерното одделение, д-р Сашо Василески, вели дека во изминативе десетина дена, бројот на пациенти во Центарот за респираторни болести при Општата болница е зголемен за околу 20 % како последица на густата магла. Особено на удар, д-р Василески вели дека се пациентите со хробнични белодробни заболувања.„Факт...

Продолжи со читање

Почина познатиот македонски резбар Димче Јанко

Post Views: 356 На 94 годишна возраст  почина познатиот македонски  резбар Димче Јанко.  Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година.  Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија. Од 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка...

Продолжи со читање

Директорот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во 2013та година

Post Views: 193 Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието.„Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се...

Продолжи со читање

Бришењето на фирми од Централниот регистар, најпоставувано прашање на отворениот ден за охриѓани

Post Views: 267 Отворени денови на Централниот регистар и во охридската канцеларија. Денес стручниот тим од оваа институција одговараше на прашањата на заинтересираните граѓани кои ја посетија канцеларијата. Еве што најмногу ги интересира физичките и правни лица од Охрид.„Голем број на граѓани ја искористија можноста, ја посетија канцеларијата. Денес сме во Охрид од 9 до 12 часот. Најголем број од прашањата кои што беа поставени на стручниот тим од централата беа во врска со бришењето на трговски друштва, а во тек е и акцијата за бришење на трговски друштва. Имаше прашања поставени...

Продолжи со читање

Програмата за спорт за 2014та година не нуди напредок во спортот во Охрид смета опозицијата во градскиот совет

Post Views: 186 Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски  спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа.„Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите...

Продолжи со читање

Нови простории, побогата програма најави Центарот за култура во 2014та

Post Views: 187  Успешна 2013 година за Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката Драгана Боцеска, вели дека во годината што измина успеале да реализираат бројни проекти, дел со поддршка од Министерството за култура, а дел со сопствени сили. Балканскиот фестивал, Охридските староградски средби, нови соработки на полето на хорската музика, нови театарски претстави, нов филмски проектор. Сепак според Боцеска, еден проект се издвојува повеќе од останатите.„Ќе го кажам обновувањето на киното „Бавча“ и неговото повторно активирање со УФО фестивалот кој го отворивме летото и повторното...

Продолжи со читање

Поскромно или побогато, охриѓани се подготвуваат за Божиќните празници

Post Views: 196  Градскиот пазар е раздвижен со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на  костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, во обид да купат поевтино намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Купувачите забележуваат дека цените на производите по некое непишано правило во очи на празник растат. Па така, килограм костени чини околу 120 денари,  мандарините чинат околу шеесетина, портокалите 3 килограми за 100, краставиците од 100 до 120 денари. Ги запрашавме граѓаните дали ќе потрошат нешто повеќе во очи Божиќ. „Ако имаш, ќе потрошиш, фала на Бога ќе...

Продолжи со читање