Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Полека се нормализира состојбата во домовите на граѓаните кои беа поплавени во текот на вчерашниот ден

Post Views: 5 Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“.„Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на...

Продолжи со читање

Новиот директор на гимназијата денес со известување до учениците дека во понеделник ќе има редовна настава

Post Views: 9 Новиот директор на охридската гимназија, Звонко Трпески, со известување до учениците дека во понеделник треба да дојдат на редовна настава. Директорот Трпески, кој на функцијата беше назначен вчера попладне, за најавите за штрајк во гимназијата вели дека сеуште не добил никаква потврда од професорите кои велат дека ќе штрајкуваат во понеделник.„До мене како директор на охридската гимназија, не е пристигната никаква лична изјава од никој колега или професор што е законска обврска во врска со најавениот штрајк, односно прекин на наставниот процес. Од тие причини ги...

Продолжи со читање

Штрајкувачки одбор гимназија: „Во понеделник ќе има штрајк“

Post Views: 11 Од понеделник  во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од...

Продолжи со читање

Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка

Post Views: 9 Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен. Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да...

Продолжи со читање

Пет лица загинаа во напад во Саудиска Арабија

Post Views: 1 Кусо пред полноќ шиитите од селото Ал Далуа го празнувале празникот Ашура, во спомен на маченикот Хусеин, внук на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век во Кербала.Од Саудиската полиција изјавиле дека за време на церемонијата три засега непознати лица отвориле оган со митрoлез и пиштоли, при што убиле пет лица и раниле деветмина.Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот ислам.{loadposition content9}  

Продолжи со читање

33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава

Post Views: 8 33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош. Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила.„Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е...

Продолжи со читање

Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го примија кумството за Водици 2015та

Post Views: 10 Во духот на православието, со пладневна света литургија и предавање на светиот крст, денес, новите кумови на Водици 2015та, големата балканска ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го примија кумството за оваа година. Јоксимовиќ вели дека понесен од импресиите од минатата година кога на овој празник одржа концерт во Охрид, се родила желбата и самиот да биде дел од целото празнување. Според него, охриѓани со начинот на кој го одбележуваат овој голем христијански празник, ги вреднуваат вистинските вредности и христовото име. Вели дека во Охрид се чувствува...

Продолжи со читање

Училишните одбори од гимназија и економски наредната недела со предлог за директор на двете институции

Post Views: 4 „Се работи за строго утврдена законска постапка во која што ние како чинители во тој процес едноставно немаме право на мешање во автономијата на училиштата во тој дел. Тоа е исклучиво надлежност на училишниот одбор кој што треба да ја донесе одлуката. Мислам дека заврши огласот согласно динамиката предвидена со закон, во текот на наредната недела, мислам дека треба да излезат со конкретен предлог.“-вели секретарот на општината, Димитар Спасески. {loadposition content9}

Продолжи со читање