Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Се роди првото бебенце во Охрид во новата година

Post Views: 207 Првиот ден од новата година весел, плоден и бериќетен. На гинеколошкото одделение при Општата болница се роди првото бебенце во Охрид. Радоста да биде уште поголема, во одделението на свет дојдоа уште две нови бебенца како и уште едно бебенце родено на истекот од 2013та година. Денес, градоначалникот Никола Бакрачески ги посети четирите среќни мајки и им ја честита Новата година и им подари цвеќе, како и награда од 10.000 денари за првороденото бебе.„Јас сакам да им честитам на мајките, да им посакам бебињата да бидат здрави, живи, весели, радоста да ги следи во тек...

Продолжи со читање

Што очекуваме од Новата 2014 година?

Post Views: 191 Изминуваат последните часови од 2013та година, година која кај сите ќе остави различен впечаток, година која некои ќе сакаат вечно да ја паметат, но некои и веднаш да ја заборават. Часовникот несопирливо отчукува и ги брои последните минути од годинава, а оние кои досега не помислиле што сакаат од оваа новата, ова е вистинскиот миг тоа да го сторат. Еве што нашите сограѓани очекуваат и колку се оптимисти дека Новата 2014 година ќе биде подобра од оваа во заминување.„Очекувања? Да биде побогата од оваа година, народот да биде позадоволен, и да оди вака како што е, да...

Продолжи со читање

Празнична донаторска еуфорија во Охрид

Post Views: 201 Вистинска празнична донаторска еуфорија го зафати нашиот град. И денес продолжија хуманите активности, а тоа искрено го почувствуваа најмалите охриѓанчиња. Охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски, уште еднаш ја покажа својата хуманост. Овој пат донираше во детското одделение при Општата болница во Охрид.„Донираме за детското одделение, тоа што им е потребно. Не ми е прва донација, детсково одделение имаше потреба од пижами и од постелнини. Хуманоста е доблест за секој човек, а оваа идеја се роди баш на христијанскиот празник Свети Никола каде бев со дел од вработените...

Продолжи со читање

Локалната со пакетчиња ги израдува дечињата во Општата болница и болницата „Свети Еразмо“

Post Views: 193 Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставниците од локалната самоуправа денес го ширеа празничниот дух. Тие ги посетија детските одделенија при Општата болница од Охрид и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Во двете детски одделенија тие поделија околу триесетина новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Бакрачески рече дека ова е само мал придонес во подигнување на нивото на среќа кај најмалите.„Нашите активности во поглед на доделување на новогодишните пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, во неколку градинки,...

Продолжи со читање

Сојузот на спортови од Охрид бира „Спортист на годината“

Post Views: 233 Сојузот на спортови од Охрид и годинава ќе бира спортист на годината. Овие престижни спортски признанија може да се добијат во повеќе категории и тоа најуспешен спортист поединечно, најуспешен млад спортист поединечно машки и женски, најуспешна спортска екипа, спортски тренер, спортски работник и признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, како и спортски презентер. Изборот на најдобрите ќе го прави комисија избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови, а составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот. Спортистите треба...

Продолжи со читање

„Волкот и седумте јариња“, детски балет за предпразнично расположение

Post Views: 187 Празничниот период Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се посвети на најмалите. Започнуваат со детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ во изведба на балетското студио „Визави“ под кореографската палка на Јулија Милевски. Претставата е работена според истоимената бајка за деца и секако наменета токму за најмладата публика.„Ќе трае неполн час, значи самиот термин, 12 часот во недела, токму со тоа сакаме да ги привлечиме помладите, да дојдат, да поминат убаво време со балетската претстава „Волкот и седумте јариња“ како што кажав, наменета токму на нив,...

Продолжи со читање

„Култура 365“ ги израдува охриѓани со нова книга на подарок

Post Views: 202 „Култура 365“ повторно им подарува на охриѓани. Оваа недела тие по втор пат ја организираа акцијата „Недела на книгата“ во која сите нивни посетители добиваат книга. Оваа недела „Култура 365“ на охриѓани им ја претставува книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ на Стефан Влахов-Мицов. Интересот кај охриѓани за акцијата се поголем.„Има задоволителен број на посетители кои си зедоа книга. Дури не изненади фактот што еве само преку медиумите, преку интернет порталите беа известени нашите сограѓани за оваа акција и не изненади фактот што и многу повозрасни...

Продолжи со читање

Во свечена атмосфера доделени дипломите на ФТУ

Post Views: 172 Во свечена атмосфера, како надоврзување на чествувањето на патронот на градот и Факултетот за туризам и угостителство, денес околу 200 студенти ги добија своите дипломи. На традиционалната свеченост за доделување на дипломите, деканот на факултетот, проф. Д-р Сашо Коруноски, на веќе завршените студенти им кажа дека Факултетот за туризам и угостителство со реномето кое секојдневно го надоградува им дава квалификации со кои секаде би можеле да пронајдат вработување.„Она што можам да им препорачам на дипломираните веќе студенти, тоа ќе биде и еден од главните акценти,...

Продолжи со читање

Охриѓани и туристите за новогодишните празници ќе се лизгаат на монтажно лизгалиште на плоштад

Post Views: 184 Освен стандардната новогодишна понуда, годинава охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат и во нова атракција, монтажно лизгалиште пред споменикот на „Свети Климент“. Од денес започна монтирањето на ова лизгалиште, кое според зборовите на раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, ќе биде пуштено во употреба во наредните неколку дена. „Активно се работи, вклучени се сите јавни претпријатија и покрај самото украсување на градот, сметаме дека ова ќе биде една вистинска атракција за охриѓани и за гостите кои што ќе дојдат во Охрид, затоа што за прв пат...

Продолжи со читање

Граѓаните ги изложија проблемите пред Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор

Post Views: 210 Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денес беше отворена за граѓаните. Решение за својата мака најчесто бараа граѓаните од социјално-ранливата категорија кои се сместени или во некој од становите од социјалната зграда, или пак во времени објекти од таква намена. Таму одговор на нивните прашања побараа и седумте семејства кои живеат во бараките на улица „Сирма Војвода“ веднаш до градската болница. Тие побараа решавање на нивниот статус. „Ни рекоа бараките се подарок, седете како дома додека не ви ги продолжат договорите. Не сакаа средба...

Продолжи со читање

Охридскиот форум на жени од СДСМ донираше топла облека и обувки во Црвениот крст

Post Views: 199 Жените од општинската организација на СДСМ даруваа топла облека и обувки во Црвениот крст од Охрид. Својата хуманост тие ја покажаа преку нивната веќе традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце“ која покрај во нашиот град, во исто време се случуваше и во повеќе градови во републиката. „Се прибира топла облека, се прибираат обувки и истите се донираат во Црвениот крст кој понатаму ги дистрибуира онаму каде што е најпотребно. Целта на оваа хуманитарна акција е ако не можеме многу да го смениме животот на нашите сограѓани, барем малку да внесеме топлина во нивните...

Продолжи со читање

Алијанса за позитивна Македонија: „Развојот на туризмот во Охрид да биде државен приоритет“

Post Views: 190 Туризам во текот на целата година, осовременување на хотелите, инвестиции во туризмот, развој на конгресен, саемски туризам. Ова се само дел од плановите за економски развој на Охрид од програмата на новата политичка опција „Алијанса за позитивна Македонија“. Претседателот на оваа партија, Љупчо Зиков, сопственикот на економскиот магазин, „Капитал“ смета дека во Охрид, во изминатите 60 години се води погрешна туристичка политика. Според него, Охрид треба да биде врвен приоритет за државата.„Државата треба да го прогласи овој проект за државен проект. Секоја влада во...

Продолжи со читање