Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 11 Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта.„На ниво на град имаме многу добра комуникација...
Црвен крст: Скокачите по крстот да бидат внимателни, температурната разлика на воздухот и водата во езерото голема
Post Views: 7 8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни. „Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се...
Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“
Post Views: 10 Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле...
Во ТВМ паричката ја пронајде Валентина Неловска
Post Views: 7 Во Телевизија ТВМ не размислувавме многу околу познатата дилема, дали да вртиме лепче со паричка на Бадник или на Стара Нова година. Денес ги смогнавме сите расположливи кадровски сили, па свртевме убав колбурек со скриена паричка и ја испочитувавме оваа интересна традиција. Најсреќна, помеѓу вработените беше колешката Валентина Неловска, која го пронајде паричето, а кое веруваме дека ќе и донесе среќа и бериќет, неа и на нејзиното семејство во оваа, 2015та година. Останатите, уживавме во вкусниот бурек. {loadposition content9}
Нормални услови, а не луксуз бараат штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“
Post Views: 8 Ова се просториите во кои веќе девет години се згрижени штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“. Мебелот, покуќнината, ѕидовите, санитаријата, времето ги излитило и нагризило, и по девет години постојана употреба, најголемиот број од елементите ја изгубиле својата функционалност или се во лоша состојба. И покрај тоа, 12те штитеници секојдневно седат на истите неудобни столчиња, ручаат на истите маси, и се занимаваат гледајќи телевизија на нешто што одвај личи на колор телевизор. Од здружението велат дека не бараат никаков луксуз,...
Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар
Post Views: 6 Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна. „Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и...
Снегот и ниските температури позитивно ќе влијаат на земјоделските култури во нашиот регион
Post Views: 6 Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле. „Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени...
Пукнати водомери кај многу охриѓани поради ниските температури
Post Views: 11 Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти. Од јавното претријатие, редовно...