Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 190 Градоначалникот Бакрачески стави крај на шпекулациите околу директорската функција во гимназијата „Свети Климент Охридски“. На местото од досегашниот вршител на должноста, Никола Тренески, од денес назначен нов в.д директор. Секретарот на општината, Димитар Спасески рече дека во иднина ќе следи донесување на решение за објавување на нов оглас за директор кога ќе се смират страстите во охридската гимназија. „Денес е именуван нов в.д директор, тоа е професорката Вера Јовческа, професор по математика. Со тоа практично завршуваат сите комбинаторики кои во јавноста излегоа...
Дали старите охридски чинари се потенцијална опасност за граѓаните?
Post Views: 290 Дали и колку охридските чинари претставуваат потенцијална опасност за граѓаните? Состојбата во која се наоѓаат, барем овие кои се заштитени како споменици на природата донекаде дава право за сомнеж. Овие дрва кои се стари со векови имаат трули гранки надвиснати над приватни објекти кои доколку паднат ако ништо друго би направиле некоја материјална штета, а не дај боже и да повредат некого. Ги запрашавме охриѓани дали ти мислат дека чинарите во состојбата во која се наоѓаат претставуваат ваква потенцијална опасност.„Јас мислам дека претставуваат, ете сега најново што...
Исполнета сала, волшебни музички ноти, рецитали-синоќа се одржа свечената академија по повод „Св. Климент Охридски“
Post Views: 177 Со свечените звуци на „Денес над Македонија“, нашата химна, хорот при охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ синоќа го означи почетокот на свечената академија по повод празникот на светителот „Климент Охридски“, патронот на нашиот град. Културни дејци, политичари од локалната политичка сцена, пратеници во Собранието на Македонија, уметници, спортски работници, градоначалници на градовите-пријатели на Охрид, граѓани, синоќа ја проследија академијата по повод „Свети Климент Охридски“. Градоначалникот Бакрачески во својот поздравен говор рече дека безвременото...
Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“
Post Views: 215 Прв турнир во фудбал за деца „Климент Колески 2013“ во Охрид. Натпреварите во овој дводневен турнир ќе се случуваат во двете спортски сали „Билјанини извори“ и салата „Климент Колески“. Учество земаат голем број на дечиња од неколку фудбалски школи од целата држава.„На турнирот учество ќе земат шест екипи, ФК Металург и „Работнички“ од Скопје, ЛГ од Битола, Победа од Прилеп, Караорман од Струга и фудбалската академија „Пандев 10 Јуниор“ од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа од генерацијата 2002 и помлади и од генерацијата 2004 и помлади. Тие...
СВР Охрид го одбележа Денот на превенцијата
Post Views: 173 Секторот за внатрешни работи од Охрид, денес го одбележа Денот на превенцијата. Според началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски, одделенијата за превенција се значајна форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Додава дека уште од 2008 година полицијата во Република Македонија декларирајќи се како сервис на граѓаните заедно со ОБСЕ ги формирале одделенијата за превенција со што била декларирана основната ориентираност на полицијата кон превентивно работење.„Превентивната функција на полициското работење претставува обид на современата полиција да ги пресретне...
Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах
Post Views: 231 Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени. Тие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први, втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на заменик-градоначалникот...
Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та
Post Views: 178 Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та година. На денешната седница на советот на општина Охрид, прва на дневниот ред беше токму точката извештај на градоначалникот за извршената ревизија на Државниот завод за ревизија. Градоначалникот Бакрачески рече дека граѓаните на Охрид имаат право да бидат запознаени со вистината за финансиското работење на локалната во претходниот период. „Во овој извештај ги елаборирав основните елементи и заклучоци кои Државниот завод за ревизија ги спроведува. Сакам...
Предлогот за нов директор на гимназија одбиен поради незапазување на законоската постапка-реагираат од Локалната
Post Views: 223 Локалната самоуправа со реакција на пресот на СДСМ околу изборот на нов директор на охридската гимназија. Од локалната велат дека градоначалникот ја поништил постапката бидејќи не биле испочитувани законските прописи. Во нивната реакција стои: „Очигледно е дека СДСМ нема ниту намера, а ниту цел да го прифати работење на Општина Охрид и градоначалникот Бакрачески согласно законите и во краен случај, согласно нормалните процедури за работа на менаџер кој треба да раководи со образовна институција каква што е ОСУ”Св.Климент Охридски”. Нивната партиско-политичка...
Поништувањето на изборот за директор на гимназија-крајно недемократски чин-обвинија од СДСМ
Post Views: 179 Охридската СДСМ со обвинувања до градоначалникот Никола Бакрачески дека го довел во прашање угледот на гимназијата „Свети Климент Охридски“ со поништувањето на изборот за директор. Од СДСМ велат дека ваквата одлука одговарала на репресивниот стил на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески рече дека постапката за избор на директор на гимназијата од страна на училишниот одбор била легитимна и дека поради тоа, Бакрачески треба да одговори на нивните прашања.„Како ќе ја смените волјата на членовите на училишниот одбор,...
Револтирани родители на средношколци се жалат на пропусти во бесплатниот превоз на децата
Post Views: 197 Револтирани родители на средношколци се жалат од начинот на кој се спроведува бесплатниот превоз за учениците. Велат дека на почетокот од учебната година важеле едни правила, а од пред некоја недела, сосема други. Еден родител кој сакаше да остане анонимен се пожали до Телевизија ТВМ, дека учениците мора да користат точно определени термини за да одат и за да се враќаат од училиште и тоа по еден термин претпладне и еден попладне. Доколку од објективни причини имаат помалку од предвидените часови, тогаш се соочени со изборот или да чекаат на минусни температури, или...
Еден нов регистриран случај на ХИВ СИДА во Охрид во пресрет на неделата за борба против сидата
Post Views: 212 194 регистрирани лица заболени од ХИВ СИДА во Република Македонија од почетокот на епидемијата од 1987та година па се до денес. Од оваа бројка, 143 лица се болни од СИДА, а 51 лице инфицирани од вирусот. Страшните бројки говорат и за 71 починато лице од оваа болест. За жал, само во оваа 2013та година биле регистрирани 25 нови случаи на ХИВ СИДА во државава.„Во Охрид од 1987 година до денес се регистрирани седум лица како СИДА, од кои шест се заболени од СИДА и починати, а во 2013 година, во последниов период имаме регистрирано едно ХИВ позитивно лице, машка личност,...
Охриѓани засадија здравје и здрава иднина
Post Views: 218 Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“. „Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“.На „Мазатар“ садеше и државниот секретар...