Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 179 Охридската СДСМ со обвинувања до локалната самоуправа дека по преземањето на власта не направила никакви зафати во образованието. Според Оливија Пирузева-Јанева, изјавите на градоначалникот Бакрачески дека состојбите во образованието претходно биле катастрофални била нехумана и некоректна кон образовниот кадар. Таа го запраша Бакрачески според кои критериуми била извршена промената на претходните директори како и дел од наставниот кадар.„Дали решавајќи ја животната судбина на сите шеесетина наставници, жртви на политичката борба, се реши невработеноста во општината?...
„Култура 365“ ги носи охриѓани поблиску до книгата
Post Views: 174 Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици. Книга подарок читателите можат да добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk. „Култура...
Еко, културен, спортски, селски и вински туризам во понудата на македонските туристички агенции
Post Views: 276 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се вклучи во проектот на УСАИД за поддршка на мали бизниси од областа на туризмот. Тие потпишаа меморандум за соработка со директорот на проектот Карл Ларкинс. Целта на оваа соработка е македонските туристички агенции да создадат нови туристички производи кои понатаму ќе ги пласираат на меѓународниот пазар. Во рамките на оваа соработка, стопанствениците од туристичкиот сектор ќе имаат и обука за креирање на производ кој би го пласирале во меѓународната асоцијација за алтернативен туризам. Со проектот се опфатени токму...
Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис
Post Views: 278 Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис. „Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред...
Локалната за недела дена ќе ја обелодени програмата за Новогодишните празници
Post Views: 188 Локалната самоуправа ја подготвува програмата за и околу новогодишните празници. Со креирање на побогата програма, со креирање на подобра понуда, сметаат дека во голема мера можат да ја продолжат туристичката сезона во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека програмата која тие ќе ја подготват нема да биде само за 31 Декември, туку ќе настојуваат да обезбедат туристичка понуда еден до два дена пред и еден до два дена од новата година. Потенцира дека секторот за туризам и локален економски развој активно работи на утврдување на агендата, а побара и активна...
Немањето правен статус според месните заедници најголема сопирачка на руралниот развој
Post Views: 200 Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини. Заеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу реагираа...
Обнова на право на социјална помош со минимална документација
Post Views: 201 Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе. „По новиов систем...
Четиринаесет апликации за Климентовата награда и повелбите
Post Views: 201 Вкупно четиринаесет поднесени апликации за конкурсот за доделување на најпрестижното општинско признание, наградата „Свети Климент Охридски“ и повелбата. Крајниот рок за поднесување на апликациите истече вчера. Шест од пристигнатите апликации конкурираат за „Светиклиментовата награда“, а осум за повелбата. Се чека до локалната да пристигнат апликациите кои во предвидениот рок биле испратени по пошта. Годинава, во донесувањето на одлуката кој ќе биде добитник на највисокото општинско признание на градоначалникот Никола Бакрачески ќе му помага посебна комисија формирана...
Жителите на Речица бараат санирање на ископувањата на патот кој води до селото
Post Views: 235 Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години.„Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа...
Село Речица-вистински рај за туристи ама без никаква инфраструктура
Post Views: 853 Денес е голема слава во охридското планинско село Речица. Се слават светите Врачи Кузман и Дамјан. По малото, тесно патче кое води до селото, денес поминуваат многу автомобили, автомобили со кои назад, во родното место, па макар и на еден ден се враќаат сите речани кои некогаш го напуштиле селото во потрага по некој подобар живот. Црквата свети Врачи Кузман и Дамјан, денес ги прима сите верници. Малечка, но бескрајно живописна, а денес особено полна со живост. Овој празник, оваа селска слава е единствениот ден во годината кога Речица барем за момент добива дел од...
Спомен обележјето за Водици-ќе биде поставено во првата половина на 2014та
Post Views: 243 Конкретизирани деталите околу изработката и поставувањето на спомен обележјето за Богојавление-Водици. Кумот на оваа манифестација од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец кој е донатор на споменикот, остварил работна средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која се разговарало токму за спомен обележјето. Чифлиганец вели дека она што го ветил, за скоро ќе биде и реализирано.„Беше конкретизирано да го отпочнеме споменичното обележје. Еве утре ќе го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. А скулптурата треба да се...
Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања
Post Views: 202 Радоста на давањето, примањето и споделувањето помеѓу луѓето е можеби најголемата придобивка на филантропијата. Четириесет и двајца филантропи, и тоа фирми, здруженија и поединци, ја имаа таа привилегија и доблест да помогнат некому. Освен искреното „благодарам“ од оние на кои им помогнале, тие добија и признанија за своите несебични залагања. Локалната агенција за развој од Струга, на пригодна свеченост им се заблагодари за нивните филантропски активности. Како дел од проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“ беше изработен и промовиран и каталог во кој се поместени...