Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори

Post Views: 9 Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети кои...

Продолжи со читање

Дечињата од градинката „Развигорче“ учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје

Post Views: 9 Најмалите, дечињата од градинката „Развигорче“ денес учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје и како правилно да ги четкаат запчињата. Тие добија вистинско стоматолошко искуство. Си седеа на столче и беа мирни додека двата тима стоматолози од ординациите „Денториа“ и „Д-р Сашо Стоев“ им ги прегледуваа запчињата. Оваа акција е во организација на Лајонс клубот „Охрид“ и овие две ординации кои исто така се членови на лајонсите.„Потпомогнати сме од Лакалут, Денториа и д-р Сашо Стоев, двете ординации, сите доктори ни се тука, еве видовте вие и практично...

Продолжи со читање

ФТУ: Државен испит за студентите дури по завршувањето на студиите

Post Views: 8 Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование. Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој...

Продолжи со читање

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 11 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување...

Продолжи со читање

Дали ќе дојде крајот на комуналните проблеми на улицата „Абас Емин“?

Post Views: 10 Дали конечно ќе се најде решение за комуналниот проблем наречен улица „Абас Емин“ ? Оваа високофреквентна улица години наназад била дел од програмите на општина Охрид, но досега истата добиваше само крпење на ударните дупки и чести поправки на проблематичните канализациони мрежи.  Вистинска и целосна реконструкција на истата, барем до овој момент на „Абас Емин“ се нема случено. Запрашавме дел од жителите на оваа улица што мислат за нејзината состојба и кои според нив се клучните и најважни проблеми со кои секојдневно се соочуваат.„Треба да се направи улицава....

Продолжи со читање

Дури и да се избере изработувач, во 2015та најверојатно Охрид нема да добие сообраќајна студија

Post Views: 6 Ќе добијат ли охриѓани конечно сообраќајна студија за режимот на одвивање на сообраќајот? Нацрт развојната програма за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015та година ја содржи ставката за изработка на сообраќајна студија, но прашањето е дали истата конечно ќе се реализира. А изработка на студијата беше најавено и за минатата година, кога во рамките на општинскиот буџет беа предвидени и средства во висина од 1.5 милиони денари, но откако пропаднаа и двата јавни повици за фирми изработувачи на студијата, со...

Продолжи со читање

Футсал екипата од ОУ „Христо Узунов“ прва на регионалниот натпревар во Кичево

Post Views: 9 Футсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево....

Продолжи со читање

Каква ќе е судбината на дрвените унифицирани куќарки, кои минатата година беа поставени околу лизгалиштето?

Post Views: 9 Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно  ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив...

Продолжи со читање