Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Сите музеи под капата на Завод и музеј, физички адекватно обезбедени

Post Views: 203 Колку се безбедни музејските поставки, археолошките локалитети и артефакти во градов? Ова прашање неодминливо се наметнува имајќи ја предвид големата кражба на вредни артефакти од Музејот на Македонија во Скопје. Јасно е дека, значењето и вредноста на пронајдоците е непроценлива, па оттука јасно е дека и нивната соодветна физичка заштита треба да биде еден од приоритетите на надлежните. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, смирувачки тонови, велат дека скопското сценарио тука не може да се случи.„Сите објекти со кои раководи Завод и музеј-Охрид,...

Продолжи со читање

Досега само три апликации за „Климентова повелба“- комисијата чека уште апликации

Post Views: 223 Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба.„Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите...

Продолжи со читање

НВО „Анималиа“ ќе прави зимски куќарки за привремено сместување на бездомни животни

Post Views: 214 Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“ денес со акција за изграднба на привремени живеалишта за бездомни животни. Насловена како „Дом за бездомните животни“ акцијата има за цел да обезбеди топли куќарки за животните скитници од градов во текот на зимата. Активистите од оваа невладина организација потенцираат дека главната цел им е пред се да влијаат на подигнување на јавната свест кај луѓето.„Идејата на акцијата е да собереме материјали од граѓаните, работи што не им требаат, а што може да се искористат на пример за правење куќарки и слично и главната...

Продолжи со читање

Брејн`О`Брејн програмата забавна, но и исклучително корисна за децата

Post Views: 227 Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст, вистински хит помеѓу децата, но и помеѓу родителите.   Подобрена концентрација, зголемена креативност, развивање на меморијата на децата и бројни други придобивки. За нив, сведочат и одличните резултати кои дечињата од оваа програма ги постигнаа на државниот Брејн`О`Брејн натпревар во Скопје, од каде малите охриѓанчиња се вратија со дури 27 освоени награди од кои 10 трофеи како највисоки признанија, како и 13 златни и 4 сребрени медали. И ако резултатите сами по себе не ви се интересни, тогаш слушнете во какви дисциплини се...

Продолжи со читање

Ранохристијанска базилика и објект од доцната антика пронајдени кај Љубанишко поле

Post Views: 190 Откриени значајни пронајдоци на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко поле. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид во досегашните истражувања на двете локации од овој локалитет утврдиле повеќе значајни наоди, и тоа делови од градежни структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии од 12 метри должина и 7 метри ширина. Во официјалното соопштение од Завод и музеј стои дека: „Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска...

Продолжи со читање

Југоисточна Европа-неискористен земјоделски потенцијал

Post Views: 189 Потенцијалот на земјодеството во југоисточна Европа сеуште неискористен, сметаат европските синдикати од областа на агробизнисот. Според генералниот секретар на европските синдикати од агробизнисот, Харолд Виденхофер, земјоделските производи доживуваат вистинска потрошувачка експлозија во моментот, и токму поради тоа, смета дека Брисел и Европа мора да размислуваат во насока на помагање на регионот на југоисточна Европа познат по квалитетните и еколошки земјоделски производи, бидејќи во моментот тоа не се прави во доволна мера. „Ако ги земеме предвид глобалните прашања...

Продолжи со читање

Германската амбасадорка и градоначалникот Бакрачески ја посетија каптажата во Куратица

Post Views: 226 После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица,...

Продолжи со читање

„Децата од градот“-роман за животот на младите стружани во минатото

Post Views: 193 Животот во Струга, карактеристиките на младите стружани од пред шест децении трајно забележани во најновиот уметнички восклик на Евда Попоска. Како една ментална слика од сеќавањата на авторката, во „Децата од градот“ опишани се обележјата на впечатливата Струга.  Според промоторот на делото, Тоде Илиевски, Попоска, е автор кој вреди да се чита.„Евда Попоска спаѓа во оние малкумина автори што се читаат денес, а за жал пошироката јавност не ги знае. Имаме пример за многу вреден писател, читан писател, а тој автор нема добиено соодветно вистинска оценка на литературната...

Продолжи со читање

Доделени дел од хуманитарните пакети собрани за време неделата на гладта

Post Views: 201 150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела.„Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“,...

Продолжи со читање

113 паковки хероин и 2 најлон кеси марихуана пронајде СВР-Охрид

Post Views: 205 СВР-Охрид со нова акција за сузбивање на наркокриминалитетот. Во текот на вчерашниот ден полициските службеници како резултат на претходно спроведени активности, пронашле вкупно 113 паковки со опојна дрога хероин како и две најлон кеси со опојна дрога марихуана. Дрогата била пронајдена на подрачјето околу Самоиловите тврдини.„Оваа акција резултираше со приведување на три лица наркозависници од Охрид и Струга кои во текот на вчерашниот ден се приведени во СВР-Охрид. Против две од нив е поднесена кривична пријава. Од она што натамошниот тек на работењето на ова казнено...

Продолжи со читање

Партиципативно тело ќе ги решава проблемите од сферата на урбанизмот

Post Views: 280 Партиципативно тело од областа на урбанизмот ќе го планира урбанистичкиот развој на градот. Советниците уште на дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид го изгласаа создавањето на ова тело кое треба да има советодавна улога. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, телото е формирано поради искрената намера на оваа локална самоуправа да ги реши проблемите од областа на урбанизмот. За таа цел, биле избрани и соодветни членови на телото.„Членови на партиципативното тело се советници во Советот на општина Охрид и стручни луѓе од областа на урбанизмот...

Продолжи со читање

Хотелиерите и угостителите за 4 години создале 53 тони отпадно масло-за среќа, адекватно го одлагаат

Post Views: 189 Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло. Само во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички...

Продолжи со читање