Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 202 Проблемот со немањето на вода никако да ги напушти лесковчани. Уште едно лето велат во најтоплите денови од годината немаме вода за пиење. Со цел решавање на нивниот долгогодишен проблем формирале и иницијативен одбор за довршување на водоводната но и на канализационата мрежа. Тие ни покажаа и барање кое го доставиле до Министерството за транспорт и врски во кое бараат решавање на нивниот проблем.„Село Лескоец е некаде од 4 до 5000 граѓани меѓутоа вода сеуште немаме. Да не навлегуваме во политика, еден дел од селово има вода, во Скребатска маала, таму се прави, меѓутоа...
Традиционална полска вечер на Охридско лето
Post Views: 210 Црквата Света Софија по кој знае кој пат ќе ја понуди својата совршена акустика за уште едно музичко доживување на Охридско лето. Овој пат, на репертоарот е полската вечер која веќе традиционално претставува дел од нашиот најреномиран фестивал. Соработката помеѓу Охридско лето и полската амбасада изминативе години се покажа како цврста врска и мост помеѓу нашата и полската култура. За нераскинливата алка помеѓу Охридско лето и Полска проговори претставникот од полската амбасада во Македонија, Марта Пжемиосло.„Благодарам на овој настан. Ова е трета година како имаме...
Осветени конаците на манастирот Свети Стефан во Охрид
Post Views: 358 Оваа пештерска црква нуди прекрасен поглед на езерото, со што им нуди одлична можност за одмор, на сите кои сакаат да го посетат.„Камен-темелникот го осветивме во Октомври месец, па за брзо време, со Божја помош го изградивме. Внатре имаме сместување за 16 лица со заедничка кујна. Тие се апартмански опремени, може да доаѓа секој наш македонец или било кој што живее овде, да престојува во летниот период.“-рече Отец Сашо.Отец Сашо вели дека сеуште не е точно дефинирана цената на престој во конаците, но сега засега ќе изнесува 400 денари, што вели е поефтино од апартманското...
Графиките од „Светлина на Цар Самоил 46“-во куќата на Робевци
Post Views: 292 Куќата на Робевци понуди одличен амбиент за првата и веројатно најзначајната охридска изложба во творештвото на магистер Маја Рауник Кирков. Графиките се изработени во две техники и тоа техника на висок печат кој се карактеризира со линиски третман и техника на дигитални графики кои авторката вели се посебна провокација и инспирација за неа. „Оваа изложба ја подготвував скоро цел живот затоа што инспирација за оваа изложба е сликата која што ја видовме „Пенџерето на мојата куќа“, а тоа е мајка ми осветлена од една преубава светлина и таа слика нема само историско туку...
Сите на одбојка на плажа!
Post Views: 303 После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае.„Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите,...
ЛДП Охрид со предлог: Фонд за подршка на младите таленти
Post Views: 211 Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост.„ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа....
Зголемен број на полициски службеници за мирно лето
Post Views: 248 Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“...
Фолклорниот фестивал „Александар Македонски“ по седми пат
Post Views: 214 Годинава по седми пат од 20 до 24 јули ќе се одржи веќе традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Александар Македонски“. И ова издание на фестивалот во Охрид ќе донесе поголем број на учесници од најразлични земји кои пред охриѓани, но и пред туристите во текот на двете фестивалски вечери ќе ги презентираат своите традиции и фолклор.„Оваа година имаме специјални гости од Белгија, потоа имаме учесници од Мексико, Хрватска, Србија, Турција, Естонија, Словенија, Литванија и секако од Македонија. Имаме некаде околу 14 учесници на овој фестивал.“-вели директорот...
Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон
Post Views: 301 Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...
Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај
Post Views: 317 Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен. Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени.„Интензивно се работи...
Сеуште средношколци, а веќе научници-генијалци
Post Views: 235 Дали вие познавате некој научник-генијалец? Јас запознав дури двајца, а ако мислите дека нема ништо невообичаено за нив, доволно е да ви кажам дека станува збор за двајца средношколци. Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски се двете деца кои буквално од ништо успеаа да создадат нешто или во случајов, да создадат електрична енергија од органско обоени соларни клетки. Не чудете се, и јас немам поим што значи тоа, па ги замолив да ми објаснат.„Значи тоа е иновативност, не е оној стар начин на добивање на соларна клетка преку силикон, туку еден нов начин, начин кој што...
Охриѓани со протест против поскапениот паркинг
Post Views: 216 Зголемените цени на паркингот како и новиот режим на сообраќај собираат се повеќе противници. Денес поголема група на граѓани, преку мирен протест го искажа своето незадоволство по овие две прашања. Особено ревносни беа коментарите на жителите од урбаната заедница 1-Стар град. Тие револтирано изјавија дека буквално се чувствуваат како заложници и туристи во сопствениот град.„Цела година сме туристи, плаќаме енормни цени. Гледаме како е тоа решено во Скопје, дека може да се плаќа месечно или годишно. Кај нас тоа не функционира. На крајот на краиштата, овде имаме архитектонски...