Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка

Post Views: 12 1000 парчиња автохтона речна пастрмка денес запливаа во Вевчанска река. Ова порибување беше спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга, под надзор на Инспекторатот за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура. Од таму велат дека ова порибување не е единственото кое ќе биде спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“.„Ова порибување е само дел од годишниот план кој го има предвидено риболовното друштво за порибување на риболовниот ревир кој го имаме под концесија. Во наредниот период ќе продолжи порибувањето и на...

Продолжи со читање

Охриѓани и стружани едни од најажурните во подигнување на електронските здравствени картички

Post Views: 9 Охриѓани и стружани според бројот на подигнати електронски здравствени картички, над просекот на ниво на држава. Од вкупните 110.000 осигуреници во двата града, досега своите картички ги подигнале околу 60.000 граѓани, односно околу шеесет проценти од вкупниот број на осигуреници. Ова се бројките со кои денес излезе директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, при нејзината посета на подрачните служби. Еве каква е ситуацијата поодделно за двата града.„Подрачната служба Охрид има околу 54.000 активни осигуреници. Преку 30.000 картички...

Продолжи со читање

„Заедно за Струга“ бара претседател на Совет од нивните редови

Post Views: 9 Коалицијата Заедно за Струга излезе со став дека новиот претседател на Советот на општина Струга треба да биде од нивните редови. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски, објасни зошто токму ваква одлука треба да биде донесена на утрешната седница на Советот на општина Струга.„Коалицијата Заедно за Струга на последните локални избори освои најмногу советнички места, 11, и е најголема советничка група во Советот на општина Струга. Од таму легитимно е правото, од таа коалиција да биде и претседателот на Советот на општина Струга. Со освоени над...

Продолжи со читање

Зијадин Села седна во градоначалничката фотелја

Post Views: 3 Зијадин Села од денеска и официјално е новиот градоначалник на Струга. Од страна на општинската изборна комисија, на новиот градоначалник, Села, му беше врачено уверението со што му беше верификуван четиригодишниот мандат. Во своето обраќање на свечениот чин, Села вети дека ќе биде градоначалник на сите стружани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност.„Јас се надевам и посакувам во иднина исто како и денес, во ваква атмосфера, како што денес ја примам функцијата, да бидат и изборите во иднина. Ваква атмосфера, да славиме, бидејќи изборите се...

Продолжи со читање

Современа земјоделска механизација преку ИПАРД програмата

Post Views: 11 Современа опрема и механизација, изградба на нови фарми. Ова се само дел од можностите кои ги нуди ИПАРД програмата за развој на руралните подрачја и земјоделие. За капацитетите кои ги нуди оваа програма, струшките земјоделци се информираа на средбата која тие ја имаа со Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој и земјоделие. Целта на оваа средба, според претставниците од Агенцијата е поблиску да ги запознаат граѓаните и да овозможат поголема искористеност на фондовите кои се нудат за развој на руралните подрачја. Токму искористеноста на средствата од...

Продолжи со читање

Д-р Кочоски: Ја сакам хирургијата и своите пациенти, но ја сакам и Струга

Post Views: 13 Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата „Заедно за Струга“, денес пред новинарите се покажа во своето природно светло и природно окружување. Вработен како хирург во Општата болница во Струга, д-р Кочоски досега направил безброј интервенции. Денес имавме можност да присуствуваме на еден од овие негови зафати.„Мојата професија е благородна. Им помагам на сите луѓе кои што имаат потреба. Не правам разлика по етничка припадност, дали се македонци, албанци, роми или турци. Не правам разлика по верска припадност. Секој кој што дошол кај...

Продолжи со читање

Разбирањето на ознаките на храната-прв чекор за безбедна исхрана

Post Views: 8 Здравјето велат доаѓа преку устата. Оттука консумирањето на безбедна храна со соодветни прехрамбени својства е еден од начините за заштита на здравјето на потрошувачот. Токму ова е причината поради која Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија, денес организираа еден едукативен караван во Струга. Тие на потрошувачите им делеа летоци и брошури за најлесните методи за читање и разбирање на ознаките на производите и препознавање на потенцијално небезбедните состојки во тие производи.„Би сакала да нагласам дека...

Продолжи со читање

Мировниот Корпус Македонија носи нова група волонтери во земјава

Post Views: 6 Нови волонтери на Мировниот Корпус доаѓаат во земјава. Оваа независна американска владина агенција веќе 17 години испраќа свои волонтери во земјите ширум светот како би работеле на унапредување на заедниците. Во Македонија тие работат на спроведувањето на две програми. Едната се однесува на унапредување и развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта, додека другата програма е за развој на заедниците, локалните самоуправи, општините и невладините организации. Волонтерите на Мировниот Корпус во нашата држава престојуваат по две години, а...

Продолжи со читање