Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 231 Младите охриѓанчиња ја развиваат креативноста и меморијата преку оригами работилници. Од неодамна во просториите на Црвениот крст од Охрид дечињата почнаа да се запознаваат со оваа древна јапонска вештина. За нив, ништо не е тешко да се изработи доколу се сака, но секоја фигура велат дека си има своја специфика. Покрај дружбата, работилниците воедно ја поттикнуваат и всадуваат хуманоста како човечка вредност кај најмалите. „Интересно е, се забавуваме, се релаксираме, изработуваме различни фигури кои понатака ќе ги продаваме за да помогнеме на децата кои се беспомошни,...
„Ние припаѓаме тука“-убавините на прекуграничните региони заробени на фотографии
Post Views: 253 Отворена изложбата на фотографии „Ние припаѓаме тука“. Денес во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“ беа претставени 160 фотографии од автори од Македонија и Грција, а како дел од проектот за прекугранична соработка помеѓу двете земји. Оваа изложба воедно има и натпреварувачки карактер.„Аматери, професионални фотографи беа поканети да испратат фотографии од прекуграничните области од нашата програма. Тоа се четири во Република Македонија, југоисточниот, вардарскиот, пелагонискиот и југозападниот плански регион. Преку 160 фотографии, избрани се...
И Охриѓани чистеа за „Македонија без отпад 2013“
Post Views: 205 И Охрид дел од големата еколошка акција „Македонија без отпад 2013“. Охридската акција се спроведе на калето, почнувајќи од паркингот пред Горна порта до месноста Лабино, потоа околу Самоиловите тврдини, локалитетот Плаошник па се до црквата Свети Јован Канео. Од рано изутринава екипи од ЈП „Охридски Комуналец“, го собраа сметот на овие неколку локации, а потоа истиот беше подигнат од вработени во претпријатието. Годинешната акција беше поддржана и од општина Охрид. Главен организатор на големата акција е Министерството за животна средина и просторно планирање, од...
1150 години Моравска мисија- духовен мост помеѓу Македонија и Русија
Post Views: 384 Мисијата на сесловенските браќа Кирил и Методиј и по 1150 години сјае со истиот сјај, и по 1150 години ја чува нераскинливо врската помеѓу словенските народи. Оваа врска денес ја продлабочуваа академици, професори, декани и свештени лица од двете културно и духовно поврзани земји, Македонија и Русија. Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денес во лулката на словенската писменост, нашиот Охрид, ги собра на едно место, со една цел, да се потсетиме на делото на светите Кирил и Методиј.„Ја организиравме оваа манифестација, односно симпозиум посветен на 1150 години од...
Во холивудска потера, полицијата заплени 86 килограми марихуана кај Ботун
Post Views: 217 Полицијата успеа да заплени 86 килограми висококвалитетна марихуана кај селото Ботун. Акцијата, полициските службеници ја спроведоа околу 1 часот утринава, во близина на превојот Пресека. При обид за контрола на патничко моторно возило АУДИ А4 со охридски регистарски таблички, возачот (С.А) 34 годишен, не ги почитувал наредбите на полицијата, свртел полукружно и се упатил во правец на Охрид. Поради неприлагодена брзина, во близина на селото Ботун неговото возило излетало од патот, по што лицето се дало во бегство. Филмската потера завршила за кратко време, откако полициските...
Годинава трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата
Post Views: 400 Недоволната искористеност на средствата од ИПАРД програмата, благослов за земјоделците. Овој инструмент на Европската унија за претпристапна помош насочен за развој на земјоделството и руралните средини, во земјава стана достапна за нашите земјоделци во 2007та, а завршува токму оваа година. Сепак од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид, велат дека искористеноста на средствата од оваа програма е доста под очекувањата. Токму поради тоа, како дел од ИПАРД програмата, годинава е додадена и набавката на тракторите и приклучната...
Нуркачи го чистеа Охридското езеро од цврст отпад
Post Views: 193 Околу четириесеттина нуркачи од цела Македонија, со заеднички сили го чистеа Охридското Езеро од цврст отпад. Нивната тридневна акција опфати три локации долж брегот на езерото и тоа, зоната кај Лагадин, Десарет и пред градското пристаниште. Нивната акција е воедно дел и од вториот глобален подводен ден на заштита и чистење. Годинава, акцијата која е во организација на Глобалната подводна асоцијација, и со дополнителна цел, обид да се влезе во Гинисовата книга на рекорди со истовремено учество на нуркачи од 80 земји во светот во чистење на водите. „Ние се трудиме постојано...
Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето
Post Views: 206 Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце.„Јас секој месец одам на прегледи,...
Македонија и Хрватска ги продлабочуваат културолошките врски
Post Views: 221 Во организација на Институтот за македонска литература во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржува меѓународниот научен собир на македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски. Станува збор за четврти по ред научен собир, кој има своја традиција и континуитет и се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека. На овогодинешниот собир, учество земаат поголем број професори и истражувачи од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ од Осијек, особено од Одделот за културологија, со кој Институтот за македонска литература има склучено...
Во атарот на Љубаништа запленети 15 килограми марихуана
Post Views: 206 Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид. Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во близина на лозјата на илегалната патека. Одземената марихуана ќе биде доставена на вештачење во Министерството...
Расте интересот кај охридските земјоделци за подигнување на насади со аронија
Post Views: 270 Се поголем интересот кај охридските земјоделци за подигнување на овошни насади со аронија. Ова растение кое е познато по своите лековити својства, во нашата држава стана вистински хит во последниве неколку години. Од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, велат дека и охриѓани го следат трендот на подигнување на нови овошни насади со овој специфичен вид на овошје.„Во охридскиот реон и во општина Дебрца има зголемен интерес за пријавување на тој овошен насад од аронија, но исто така нашите индивидуални земјоделски производители...
Иднината на интернетот ни носи бежична поврзаност помеѓу објекти во движење
Post Views: 269 Некои од најреномираните научници од областа на комуникациите, бежичните мрежи и мобилните системи, деновиве во Охрид ги разгледуваат најновите истражувања од областа на интернетот и бежичното поврзување на објекти во движење. Се работи за ВИНАМО проектот на Европската комисија кој ги поврзува научниците и нивните истражувања за една заедничка цел. „Работиме со летечки роботи, куадкоптери кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци и дистрибуираат видео податоци. Така да тоа беше еден вид мотив за овој предлог. Вчера дискутирав за едно поново истражување, проекти...